Левица - Охрид

Левица - Охрид Локален огранок на Левица во Охрид

ЗА БОРБАТА ШТО ЗАПОЧНА СО ИДЕЈАТА ДЕКА МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА БИДЕ ПОИНАКВА - ЗАВРШИ ЧЕТВРТАТА ЛЕВИЧАРСКА ШКОЛА🚩 Со предавањ...
31/08/2026

ЗА БОРБАТА ШТО ЗАПОЧНА СО ИДЕЈАТА ДЕКА МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА БИДЕ ПОИНАКВА - ЗАВРШИ ЧЕТВРТАТА ЛЕВИЧАРСКА ШКОЛА

🚩 Со предавањето на другарот Љубомир Ѓоревски и доделувањето на сертификатите, ја заокруживме Четвртата левичарска школа во организација на Левичарскиот институт „Рацин“ при Левица.

🗣️ Последното предавање, „Нациите и национализмот - левичарска перспектива“, беше посветено на прашањето за нацијата и нејзиното историско создавање и изумирање. Преку различните теоретски пристапи, како и преку историски примери од процесите на градење нации, беше разгледуван национализмот и неговото место во политичката мисла од левичарска перспектива. Посебно внимание беше посветено и на разликите во разбирањето на национализмот и патриотизмот и на историскиот дискурс околу националното прашање.

🔴Во овие три дена зборувавме за империјализмот и колонијализмот, за Палестина и отпорот против окупацијата и геноцидот, за искуството на Комунистичката партија на Кина, за изградбата на политичка организација, за Балканот во светскиот капиталистички систем и за националното прашање.

✊ Социјалистите отсекогаш знаеле дека Борбата не се води само во институциите, на улица или на работното место. Борбата се води и на полето на идеите. Владејачката класа не владее само преку економијата и државниот апарат, туку и преку идеите со кои нè учи да го прифатиме постојниот свет како единствен можен.

‼️ Затоа, за нас, политичката едукација е составен дел на политичката борба. Нема организирано движење без едуцирани политички кадри. Нема политички кадри без идеолошка работа. Нема вистинска промена без луѓе кои знаат за што и против што се борат.

❤️ Особено ни значи што Четвртата левичарска школа во Дојран повторно собра нова генерација млади луѓе кои сакаат повеќе од политиката што им се нуди преку партиските маркетинг-агенции на социјалните мрежи. Генерација која сака да чита, да учи и да разбере зошто денешниот свет изгледа токму вака - и која знае дека неговото менување не може да се остави на оние што имаат интерес тој да остане ист.

♦️ На крајот, на учесниците им беа доделени сертификати за учество на Школата. Им благодариме на сите предавачи кои три дена беа со нас и го споделија своето знаење и искуство, како и на сите учесници кои ја направија оваа Школа уште едно важно место каде што се гради иднината на нашето движење.

ИЗВЕШТАЈОТ НА УНЕСКО ГО ПОТВРДУВА ОНА ШТО ЛЕВИЦА ГО ЗБОРУВА СО ГОДИНИ - ОХРИД Е ЖРТВА НА ПРОФИТЕРСТВОТО И ИНСТИТУЦИОНАЛН...
16/08/2026

ИЗВЕШТАЈОТ НА УНЕСКО ГО ПОТВРДУВА ОНА ШТО ЛЕВИЦА ГО ЗБОРУВА СО ГОДИНИ - ОХРИД Е ЖРТВА НА ПРОФИТЕРСТВОТО И ИНСТИТУЦИОНАЛНАТА НЕОДГОВОРНОСТ

⛔Најновиот извештај на УНЕСКО е уште една потврда на она што граѓаните на Охрид со години го гледаат пред свои очи: Охридскиот Регион е под сериозна закана, а институциите не се способни да го заштитат она што формално го прогласуваат за „национален приоритет“. УНЕСКО констатира дека напредокот во спроведувањето на претходните одлуки и препораки е ограничен и дека регионот и понатаму се наоѓа во „високо ранлива состојба“.

❌И повторно, истите проблеми: незаконска градба, слабости во спроведувањето на законите, неконтролирана урбанизација, недовршено урбанистичко планирање, проблеми со отпадот и отпадните води и бавно спроведување на мерките за заштита. Особено поразително е што УНЕСКО со години ги повторува истите забелешки, додека институциите продолжуваат да произведуваат стратегии, комисии, координативни тела, планови и најави - без суштинска промена на терен.

🛑Најдобар пример за институционалната неспособност е хотелот „Лагадин“. УНЕСКО потсетува дека мониторинг-мисиите од 2020 и 2024 година препорачале негово уривање, додека во најновиот извештај констатира дека останува нејасно дали воопшто е отстранета некоја од незаконските градби во периодот на известување. Ова е резултат на систем во кој законите постојат на хартија, а кога треба да се спротивстават на инвеститорскиот интерес, институциите потфрлаат.

🔺УНЕСКО јасно укажува дека проблемот не е само во поединечни објекти, туку во целиот модел на управување со Охридскиот Регион. Напредокот во справувањето со незаконската градба е ограничен, сè уште нема напредок со долгоочекуваните детални урбанистички планови за 19 урбани комплекси, а клучни мерки за правна заштита на езерото и Студенчишко Блато сè уште не се целосно спроведени. Во исто време, продолжуваат развојни проекти кои можат дополнително да ги нарушат вредностите поради кои Охрид е ставен под заштита.

🔴И затоа ова не е приказна за тоа дека „немало доволно време“ или дека „се работи на решавање на проблемите“. Веќе со години има доволно извештаи, експертски мисии и конкретни препораки. Она што недостасува е политичка волја да се пресече со урбанистичкиот хаос и интересите на градежно-инвеститорскиот капитал.

‼️УНЕСКО во предложената одлука предвидува Охридскиот Регион да биде впишан на Листата на светско наследство во опасност, со што институционалниот неуспех добива и меѓународна потврда.

🚫Затоа Владата мора да престане да се фали со комисии, стратегии и нови најави. Охрид не се спасува со уште една комисија, туку со запирање на незаконската градба, отстранување на објектите што ги нарушуваат неговите вредности, вистинска контрола врз урбанизацијата и итно решавање на проблемите со отпадните води и отпадот. Ако експертските препораки постојано се игнорираат кога ќе се судрат со интересите на инвеститорите и локалните моќници, тогаш заштитата на Охрид останува само празна декларација.

🟥Овој извештај покажува дека оние што се задолжени да го заштитат Охрид, со години го избираат профитот наместо јавниот интерес.

31/07/2026

КЛЕКОВСКИ ГО ОСТАВИ ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО СО МИЛИОНСКИ ПРОБЛЕМИ, ДПМНЕ ГО НАГРАДИ СО МИНИСТЕРСКА ФУНКЦИЈА

📣За ДПМНЕ, очигледно, негативен ревизорски извештај не е причина за политичка одговорност, туку препорака за унапредување. Додека Државниот завод за ревизија констатира сериозни финансиски и системски пропусти во работењето на Фондот за здравствено осигурување, поранешниот директор на Фондот, Сашо Клековски, денес е награден со раководење на едно од најважните институции, Министерството за здравство.

❗️Ревизијата покажува дека Фондот не располага со повеќе од 136 милиони евра придонеси што ПИОМ не ги префрлил, со што сериозно се нарушува неговата ликвидност. Истовремено, Фондот се соочува со судски спор во кој германска болница бара над 430.000 евра за лекување на македонски пациенти, затоа што не биле исполнети преземените финансиски обврски.
➡️Дополнително, ревизорите констатираат дека значителен дел од нивните препораки остануваат нереализирани трета година по ред, што претставува јасен показател дека забелешките тенденциозно се игнорираат.

‼️Овие наоди објаснуваат зошто здравствениот систем со години функционира во постојана финансиска неизвесност. Не е случајно што граѓаните сведочат за доцнење на надоместоците за породилно отсуство, што здравствените установи постојано алармираат за ненавремени исплати, ниту што Фондот завршува во судски спорови со странски болници. Кога институцијата што треба да го финансира здравството работи со милионски финансиски слабости и со години ги игнорира ревизорските препораки, последиците неизбежно ги чувствуваат пациентите и осигурениците.

🎯Особено загрижува фактот што најголемиот дел од овие наоди се однесуваат на периодот кога со Фондот раководеше Сашо Клековски. Во секоја држава во која постои политичка одговорност, ваков ревизорски извештај би бил основ за темелна анализа на неговото работење и утврдување одговорност. Кај нас се случи спротивното - ДПМНЕ го постави Клековски на чело на Министерството за здравство. Наместо да сноси последици за работењето на институцијата, тој беше унапреден да раководи со целиот здравствен систем.

📌Ништо не укажува дека Владата има намера да го смени овој пристап. Напротив, за директор на Фондот беше поставен Златко Перински, функционер чие име и претходно беше поврзувано со сериозни контроверзии околу управувањето со јавни средства. Во услови кога Фондот се соочува со долгогодишни финансиски слабости, повторени ревизорски забелешки и нарушена доверба во неговото работење, на институцијата ѝ е потребно стручно и кредибилно раководство кое ќе понуди решенија, а не нова некадарна политичка ротација.

🚩Левица бара актуелниот директор на ФЗО, Златко Перински, јавно да презентира конкретен план со рокови за спроведување на сите ревизорски препораки, за надминување на долгогодишниот проблем со неплатените придонеси, за решавање на судските спорови кои го оптоваруваат Фондот и за воспоставување систем што ќе спречи истите пропусти повторно да се констатираат во следниот ревизорски извештај.

ВЛАДАТА ДОБИ ПЕТ ГОДИНИ ЗА УРИВАЊЕ НА ДИВОГРАДБИТЕ - ОХРИД „СЕ СПАСИ“ ОД ЦРНАТА ЛИСТА НА УНЕСКО ⚠️ Комитетот за светско ...
26/07/2026

ВЛАДАТА ДОБИ ПЕТ ГОДИНИ ЗА УРИВАЊЕ НА ДИВОГРАДБИТЕ - ОХРИД „СЕ СПАСИ“ ОД ЦРНАТА ЛИСТА НА УНЕСКО

⚠️ Комитетот за светско наследство на УНЕСКО одлучи Охридскиот регион да не биде впишан на Листата на светско наследство во опасност. Место тоа, Владата доби уште 5 години за да ги спроведе забелешките на УНЕСКО за заштита. Со тоа УНЕСКО повторно ѝ даде шанса на Македонија. Но ова не е победа. Ова е веројатно последната опомена.

⛔ Наместо оваа одлука да биде причина за славење, таа треба да биде причина за срам. Со години добиваме нови рокови, нови препораки и нови предупредувања, а проблемите остануваат исти. Денес зборуваме за 4.847 дивоградби во Охридскиот Регион, бројка која сама по себе покажува дека институциите со години ги пикаат работите под тепих и не ја вршат својата работа. Најдобар доказ за тоа е што од 2019 до 2024 година биле издадени 456 конечни и извршни решенија за уривање, а ниту едно не било спроведено.

🏗️ Изјавата дека дивоградбите „треба да се рушат на законски начин“ доаѓа предоцна. Прашањето е зошто тие воопшто биле дозволени да се изградат? Каде беа институциите кога никнуваа илјадници нелегални објекти? Владеењето на правото не започнува со рушење, туку со спречување на беззаконието.

🚩 Левица алармира со години на оваа тема, на секоја седница, пред и по секој извештај. УНЕСКО повеќе од една деценија повторува идентични забелешки: отстранување на дивоградбите, запирање на неконтролираната урбанизација, заштита на крајбрежјето и доследно спроведување на законите. Наместо исполнување на препораките, државата со години се потпира на нови пролонгирања.

🫵 Охрид не смее да стане пример како се троши меѓународниот кредибилитет на една држава, а статусот на светско наследство не е вечен. Тој се заслужува со одговорно управување, кое очигледно го нема!

🛑 Ова се веројатно последните пет години, кои не ги добивме затоа што сме биле успешни во управувањето. Ако и оваа шанса биде потрошена на изјави, комисии и административни процедури, тогаш вината ќе мора да ја побараме во оние што со години дозволуваа Охрид да се претвора во симбол на институционална негрижа, наместо во пример за заштита на светското наследство.

25/07/2026

📣„Има ли визија? Има ли во овој авион пилот? Ако не почнеме да развиваме производствени и продуктивни капацитети, со овој долг одиме кон крах.

ДПМНЕ ги крати парите за судството, за лекови и за земјоделците. Знаете каде зголемува? 200 милиони плус за изборна опрема на ДИК. Повеќе пари за избори, помалку за народот.“

ПЕЦАКОВ ГИ ОСТАВИ ОХРИЃАНИ БЕЗ ПРИСТАП ДО СВОИТЕ ДОМОВИ – УРБАНИСТИЧКАТА МАФИЈА НА ДПМНЕ ГО ОКУПИРА ОХРИД‼️Повеќе од 50 ...
22/07/2026

ПЕЦАКОВ ГИ ОСТАВИ ОХРИЃАНИ БЕЗ ПРИСТАП ДО СВОИТЕ ДОМОВИ – УРБАНИСТИЧКАТА МАФИЈА НА ДПМНЕ ГО ОКУПИРА ОХРИД

‼️Повеќе од 50 семејства во две станбени згради во строгиот центар на Охрид се оставени без единствениот пристап до своите влезови, затоа што градоначалникот Кирил Пецаков издал одобрение за градба на нова зграда токму на единствената улица која ги поврзува нивните домови.

⚠️Иако со важечкиот урбанистички план со години се предвидени алтернативни улици, Општина Охрид и Пецаков цели пет години не презеле ниту една активност за нивна изградба. Наместо прво да обезбедат пристап за жителите, власта на ДПМНЕ му овозможи на инвеститорот да започне со градежни работи и да го уништи единствениот постоечки влез до двете згради.

📣Жителите од овие згради, кои реагираа до Левица, со години водат институционална битка за да им се обезбеди пристап пред започнувањето на градбата. Наместо решение, тие добиле молк од институциите и ароганција од градоначалникот. На нивните реакции, градоначалникот Пецаков цинично им порачал дека „сами се виновни што купувале станови во тие згради“. Градоначалник кој им порачува на граѓаните дека се виновни што купиле дом, наместо да обезбеди елементарни услови за живеење, покажува дека одамна престанал да работи во интерес на јавноста.

♦️Во исто време, и Државниот завод за ревизија и УНЕСКО констатираат дека охридскиот регион останува заробен од бесправната урбанизација, додека дивоградбите не се отстрануваат. Наместо исполнување на препораките на УНЕСКО, Владата на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Мицкоски бараат нови рокови и уште шест години, иако нивниот градоначалник Пецаков веќе пет години ја има локалната власт, без ниту еден резултат во спроведувањето на препораките и без ниту една рушена дивоградба.

🚨Ликот на градот под УНЕСКО брутално се уништува, а Охрид е ставен под окупација на урбанистичката мафија, на чиј врв е самиот Кирил Пецаков. Градежни фирми блиски до охридскиот градоначалник го узурпираат секој јавен простор и рушат историски објекти за да никнат нови згради, затоа што криминалната матрица на оваа власт е мотивирана само од желбата за лично богатење. Овој скандал е кулминација на дивеењето на градежната мафија во Охрид, која со Пецаков и ВМРО-ДПМНЕ е најзаштитена како никогаш досега.

ОДБИЕНА ИНИЦИЈАТИВАТА НА ЛЕВИЦА "ЕДНА ЧЛАНАРИНА ПО СЕМЕЈСТВО"🔸️[Реакција на советничката на  #Левица, Виолета Аврамоска]...
21/07/2026

ОДБИЕНА ИНИЦИЈАТИВАТА НА ЛЕВИЦА "ЕДНА ЧЛАНАРИНА ПО СЕМЕЈСТВО"

🔸️[Реакција на советничката на #Левица, Виолета Аврамоска]

❌️На последната седница на Советот на Општина Охрид, од страна на локалната власт не беше прифатена иницијативата ,,Една членарина по семејство" за престој во детска градинка.

Сметам дека оваа социјална мерка би претставувала поголема социјална сигурност за родителите, подобрување на финансиската состојба, како и поттик за зголемување на наталитетот.

❗️Толку од залагањето на ВМРО ДПМНЕ и премиерот за многудетни семејства.

Според образложението на секретарот на Општина Охрид, оваа иницијатива била одбиена бидејќи службите веќе работеле на реализација на иницијативата (која усно ја поднесов пред 5 месеци) за бесплатен престој во детските градинки на деца од еднородителски семејства, кога на истата седница од страна на мнозинството се изгласа поскапување на услугите од 1490 денари на 2000 денари. Оваа иницијатива беше прифатена, но наместо бесплатен престој беше прифатено субвенционирање од страна на општината.

⚠️Субвенционирањето требаше да се реализира со првиот ребаланс на буџетот овој месец, но ќе биде реализирана со буџетот за 2027 година.

За жал, дотогаш самохраните родители ќе треба за престој на децата во детска градинка да плаќаат 2000 денари месечно, што секако ако ги додадеме и повторните поскапувања на услугите во сите јавни претпријатија, би претставувало големо финансиско оптеретување во семејниот буџет на еднородителските семејства.

#ЛевицаЗаОхрид

Address

Ohrid
6000

Opening Hours

19:00 - 20:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Левица - Охрид posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Левица - Охрид:

Shortcuts

Share