Ohrid Red Cross - Mountain Rescue Service

Ohrid Red Cross - Mountain Rescue Service Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид е волонтерска хуманитарна организација, која делува регионално на територија од пет општини.

За првпат употребено беспилотно летало во акција за пребарување на исчезнато лицеВчера, во 21:40 часот, Оперативниот цен...
12/07/2026

За првпат употребено беспилотно летало во акција за пребарување на исчезнато лице

Вчера, во 21:40 часот, Оперативниот центар на Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид прими повик за потрага по повозрасен сограѓанин кој, од засега непознати причини, се упатил кон Студенчишкото Блато.

Поради исклучително тешките услови на теренот – густа вегетација, кал и ноќни услови – во акцијата за првпат беше употребено специјализираното беспилотно летало DJI Mavic 3T, опремено со термална камера. Оваа современа опрема, која неодамна ја набави Црвен крст Охрид, е наменета за операции за пребарување и спасување на изгубени и исчезнати лица на тешко пристапни терени, како и за откривање активни жаришта при шумски пожари на непристапни планински подрачја, кои тешко можат да се забележат со голо око.

Дронот е набавен со финансиска поддршка од Prespa Ohrid Nature Trust (PONT), во рамките на проект што Црвен крст Охрид го спроведува во партнерство со Урсус Спелеос – Скопје и Национален парк Галичица, а кој е насочен кон намалување на последиците од климатските промени и јакнење на капацитетите за одговор при природни непогоди.

Акцијата беше успешно завршена во 23:15 часот со пронаоѓање на лицето, кое, за среќа, беше неповредено.

Во акцијата, покрај спасителите од Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид, учествуваа и припадници на ТППЕ Охрид, како и членови на семејството на исчезнатото лице.

Упатуваме благодарност до сите учесници за нивната брза реакција, професионалност и одлична координација, кои придонесоа акцијата да заврши успешно.

06/07/2026
18/04/2026

Потреба е помала фрагментација на планинските служби, но и што поголема политичка волја за да се има силна планинска спасителна служба, но и да се зајакне планинарс...

🚨 Евакуација на принудно слетан параглајдерист на Галичица 🪂❄️Ова е првата интервенција на Планинската спасителна служба...
16/01/2026

🚨 Евакуација на принудно слетан параглајдерист на Галичица 🪂❄️

Ова е првата интервенција на Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид во 2026 година.

Во текот на вчерашниот ден, во 15:10 часот, оперативниот центар на ПСС доби повик од параглајдинг заедницата, со информација дека параглајдерист кој полетал од превојот Баба на планината Галичица, поради неповолни воздушни струења, не бил во можност да продолжи кон вообичаените слетишта на охридската страна.

Како резултат на тоа, тој принудно, но безбедно слетал на висорамнината Суво Поле, во централниот дел на Галичица.

Поради непроодноста на теренот, големите наноси од снег и значителната оддалеченост од најблискиот пристапен пат, беше побарана наша интервенција. Веднаш по добиениот повик, еден тим на ПСС со специјално теренско возило АТВ опремено со гасеници за движење во снежни услови се упати на терен.

Во ноќни услови, во 16:50 часот, спасителниот тим успешно стигна до параглајдеристот и истиот безбедно беше евакуиран и пренесен до возилото и неговите колеги со кои заедно изведувале летови на Галичица.

ℹ️ Апел за внимателност
Уште еднаш апелираме до сите љубители на планинските и воздушните авантури за зголемена внимателност во овој период од годината, имајќи ги предвид дополнителните фактори на ризик – краткиот ден, ниските температури и снежната покривка кои доминираат на планините.

Потсетуваме на неопходноста од:

почитување на правилата на планината,

користење соодветна и комплетна опрема,

поседување мобилен телефон со полна батерија, со цел навремено информирање на нашата служба во случај на потреба.

🏔️ На сите љубители на планините им посакуваме безбедни зимски авантури, а Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид останува подготвена да помогне секогаш кога објективните околности ќе го наложат тоа.

Address

Ulica Klenoec Br. 2a
Ohrid
6000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Ohrid Red Cross - Mountain Rescue Service posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share