Општина Охрид

Општина Охрид Официјална Facebook страна на Општина Охрид

Кажале за Охрид

"Охрид, вечниот град на митскиот Балкан, волшебниот рид на Македонија, со своето исконско пулсирање ги поврзува старите во новите времиња, за навек, бидејќи:
Тој е жив град две илјади и четиристотини години, легитимен наследник на Лихнид, град со вткаени дострели на силната античка цивилизација; градот Охрид е всушност културната историја на Република Македонија во мало.
Како еп

ископски центар во античките времиња, а подоцна и преку надалеку прочуената Охридска архиепископија низ вековите, градот ја претставува, исто така, целокупната црковна историја на Македонија и го носи епитетот "балкански Ерусалим".
Во овој град бил лоциран, преку дејноста на св. Климент Охридски во крајот на IX и почетокот на X век и првиот Сесловенски универзитет во Европа.
Охрид, бил и најзначајната официјална престолнина на Првата македонско - словенска држава, поточно на Самуиловото Царство.
Охрид е преродбеничко жариште на Македонија во XIX век со силната максима на еден од најголемите европски интелектуалци од тоа време, охриѓанецот Григор Прличев, наречен Втор Хомер.
Охрид е и денес културен, духовен и туристички центар на Македонија, и накрај, како круна на вредностите, Охрид и Охридското Езеро се светско културно и природно богатство под заштита на УНЕСКО од 1980 година!"
Паско Кузман
(археолог и истражувач на Охрид, 1994 г.) "Кога во сончев ден се капете во Охридското Езеро, и кога наеднаш ќе изроните од неговите длабочини и кога во еден еден миг ќе ја заплискате водата над себе, околу вас во круг, на мазната светлотемна површина се создаваат сребрени, проѕирни, големи и мали меурчиња. Во секое од нив двапати се огледува сонцето, како две искри со нееднаква големина. Кога ќе се доближете до едно од поголемите меурчиња, и ќе го задржите здивот за да не го разбиете, можете во него како во криво огледало да го здогледате своето лице, влажно и насмеано. А, над вас секогаш останува светлото сонце, како огромна ѕвезда. Сето тоа трае кратко, како секоја убавина, а се повторува безброј пати..."
Иво Андриќ, писател и добитник на Нобелова награда за литература
(Фрагменти од патеписот "Крај светлото Охридско Езеро")

"Човек би рекол дека пред себе има дел од море истргнат од океанот и фрлен меѓу недостапните планини кои го опкружуваат од сите страни. На Охридското Езеро навистина му одговара името македонско слатководно море..."
акад. Синиша Станковиќ,
(југословенски биолог - 1959)

"Ги посетив црквите во Охрид, ги има околу триесет. Тоа е единствено сведоштво дека помеѓу византиското црковно сликарство, Равена и Сицилија, од една страна, и италијанската ренесанса од друга страна, не постоела празнина. Охрид е значаен мост на европската уметност..."
Сер Херберт Рид,,
(британски историчар на уметност, 1961 г.) "Во Охрид, во 1945 година, навистина дојдов поради фреските... Запад воопшто не ја познава нашата ренесанса. Запад долго не го сфаќаше словенскиот национален придонес за современото сликарство."
Иља Еренбург,
(советски писател, 1965 г.) "Денес не е можно да се студира византиска уметност ако не се посети Македонија... Гледајќи ги фреските во Света Софија во Охрид, особено се забележува начинот на кој непознатите уметници ги постигнувале ликовните решенија во композициите. Потполно е неоправдано да се зборува за постоење на чиста византиска школа."
Давид Талбот Рајс,
(британски византолог, 1961 г.) "Фасцинантно е тоа што се случува во археолошките локалитети во Охрид. Станува збор за вистинска ренесанса на македонската археологија и уметност поврзани за Охрид."
Академик д-р Дејан Медаковиќ,
(историчар на уметност и претседател на САНУ, 2002 г.) "Како единствен, траен институционален фактор истапувала Охридската архиепископија, црковна организација втемелена уште од времето на Цар Самуил која ги надживеала сите државни творби во Македонија. Згаснала дури кон крајот на XVIII век. Архиепископијата до крајот останала чувар на културните традиции на македонските словени. Во внатрешното општење го негувала словенскиот заедно со грчкиот јазик со кого се служеле јужните епархии."
Академик д-р Цветан Грозданов
(Фрагмент од уводот во студијата Портрети на светителите од Македонија од IX - XVIII век, 1983 г.) "Во Охрид на секој чекор ве следи мислата дека тука пред вас минал некој творец, некој човек, минале луѓе и цели генерации што оставиле свои траги."
д-р Никола Бошале,
(социолог и истражувач на минатото на Охрид, 1997)


Монументален споменик на Св. Климент Охридски, заштитник на Охрид

На 9 август 2006 година, на денот од смртта на Св. Климент Охридски (9 август 916 година) пред 1090 години, на плоштадот „Св. Климент Охридски" во близина на градското пристаниште на Охридското Езеро, беше откриен споменик на словенскиот светител и просветител, дело од скулпторот академик Томе Серафимовски, висок 6,5м. и тежок 4,5 тони. Изработката на споменикот ја финансираше бизнисменот Зоран Зеленковски, како личен подарок во знак на почит кон Охрид и неговата историја.

На свеченоста поздравен збор имаше Александар Петрески, градоначелник на Општина Охрид.

Беседа за Св. Климент одржа академикот д-р Цветан Грозданов, претседател на Македонката академија на науките и уметностите. Осветување на Светиклиментовиот споменик го извршија митрополитите Тимотеј и Агатангел во сослужување на свештениците од Дебарско-кичевската епархија. "Градот Охрид доби споменик на својот заштитник. Тоа е светител кој поседува сила и е моќен исцелител. Тој нуди надеж и верување во исконските вредности на човечкиот дух. Уверен сум дека овој лик на Св. Климент на скулпторот Томе Серафимовски им се придружува на оние ремек дела на скулптурата кој ги создала човечката рака, каква што е Гатамелата на Донатело или Колеоне на Верокио. Тие настанале за да ја истакнат нивната војничка слава."
Академик Дејан Медаковиќ, Белград 2006 година

🎉 По повод Денот на Балканските Египќани, Општина Охрид упатува искрени честитки до сите припадници на заедницата.Овој д...
24/06/2026

🎉 По повод Денот на Балканските Египќани, Општина Охрид упатува искрени честитки до сите припадници на заедницата.

Овој ден е можност да го одбележиме и вреднуваме богатото културно наследство, традицијата и придонесот на Балканските Египќани во развојот на нашето општество.

Нека денешниот празник биде потсетник за важноста на меѓусебното почитување, соживотот и негувањето на различностите како заедничка вредност што нè збогатува сите.

Честит Ден на Балканските Египќани! 🎊

💙 Денес го славиме Денот на Охридското Езеро – нашиот природен бисер, гордост и богатство што со векови го обликува живо...
21/06/2026

💙 Денес го славиме Денот на Охридското Езеро – нашиот природен бисер, гордост и богатство што со векови го обликува животот, традицијата и идентитетот на Охрид.

Охридското Езеро не е само природно чудо, туку и наследство кое сме должни да го чуваме и да го пренесеме на идните генерации. Неговата убавина, единственост и значење нè потсетуваат дека грижата за езерото е наша заедничка одговорност.

Нека денешниот ден биде потсетник дека љубовта кон Охридското Езеро ја покажуваме преку почит, грижа и заштита на овој непроценлив дар од природата.

🌊 Среќен Ден на Охридското Езеро!

🌐 Културата во Охрид доби нов дигитален дом!Со големо задоволство ви го претставуваме „Културен информатор“, новата веб-...
18/06/2026

🌐 Културата во Охрид доби нов дигитален дом!

Со големо задоволство ви го претставуваме „Културен информатор“, новата веб-платформа посветена на културниот живот во Охрид.

На едно место ќе можете да ги следите најновите културни настани, фестивали, изложби, концерти, театарски претстави, литературни случувања и многу повеќе.

✨ „Културен информатор“ е создаден со цел културните содржини да бидат подостапни, повидливи и поблиски до сите љубители на уметноста и културата.

Истражувајте, информирајте се и бидете дел од културната сцена на Охрид.

🌐 www.kulturaohrid.gov.mk

#КултуренИнформатор #КултураОхрид #Охрид #Култура #КултурниНастани

🌊🎉 По повод „Денот на Охридското Езеро“, Општина Охрид подготви богата програма исполнета со културни, спортски и забавн...
17/06/2026

🌊🎉 По повод „Денот на Охридското Езеро“, Општина Охрид подготви богата програма исполнета со културни, спортски и забавни настани!

📅 Од 19 до 22 јуни, бидете дел од прославата посветена на нашето најголемо природно богатство – Охридското Езеро.

Погледнете ја програмата и одберете го вашиот омилен настан! 💙

Општина Охрид реализира уште еден значаен проект од областа на културата – „Културен информатор“, кој започнува со работ...
30/05/2026

Општина Охрид реализира уште еден значаен проект од областа на културата – „Културен информатор“, кој започнува со работа во текот на јуни.

Станува збор за платформа преку која граѓаните и посетителите на градот на едно место ќе можат да ги следат сите културни настани, манифестации и случувања во Охрид.

Концерти, изложби, фестивали, промоции, театарски претстави, детски програми, работилници и бројни други културни содржини ќе бидат дел од месечната агенда која ќе го претставува богатото културно живеење на градот.

Преку културниот информатор ќе се овозможи поголема поврзаност помеѓу културните институции, здруженијата, уметниците и публиката, но и поголема достапност и видливост на културните настани.

Следете нè за повеќе информации и бидете дел од културната приказна на Охрид.

Охрид живее со културата.

За многу брзо сме Online - stay tuned.

📖 Охрид се сеќава – на денешен денЗапочнуваме нов серијал преку кој секојдневно ќе се потсетуваме на значајни настани, л...
30/03/2026

📖 Охрид се сеќава – на денешен ден

Започнуваме нов серијал преку кој секојдневно ќе се потсетуваме на значајни настани, личности и моменти од културната историја на нашиот Охрид.

📅 Секој ден – по едно потсетување
📚 Кратко, јасно и вредно за паметење

Следете нè и бидете дел од приказните што го градат културниот идентитет на нашиот град.

Address

Димитар Влахов 57
Ohrid
6000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Општина Охрид posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share