Левица - Прилеп

Левица - Прилеп Официјална ФБ страна на локален огранок (ЛО) - Прилеп

31/08/2026

🚨 ГРАДОТ ХЕРОЈ СЕ ГУШИ ВО ЧАД – ДПНЕ НА ЛЕТУВАЊЕ!

Додека прилепчани повторно се гушат во чад од дива депонија која се пали непосредно до касарната „Мирче Ацев“, одвоена од неа практично само со една бодликава жица, надлежните институции молчат како ништо да не се случува.

И ова не е изолиран случај. Ваквото палење се повторува речиси на секои неколку дена, граѓаните со недели алармираат за загадувањето, а институциите како да чекаат проблемот сам да исчезне.

❓ КАДЕ Е ЗАМЕНИК-МИНИСТЕРКАТА ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА АНЕ ЛАШКОСКА, ПРИЛЕПЧАНКА?

За сечење ленти, фотографирање, промоции и партиски настани ја гледаме. А кога Прилеп се гуши во чад – каде е?

Дали функцијата заменик-министер за животна средина служи само кога треба да се пресече некоја лента и да се направи фотографија, или треба да се реагира и кога во сопствениот град гори дива депонија?

❓ КАДЕ Е ИНСПЕКТОРКАТА ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА ЦВЕТАНКА?

Дали некој излегол на лице место? Дали е направено мерење? Дали е составен записник? Дали некој утврдил што точно гори, кој го носи отпадот и кој го пали?

Или инспекцијата постои само на хартија?

❓ КАДЕ СЕ ПРАТЕНИЦИТЕ ПЕТАР РИСТЕСКИ – ПЕКАТА И БИЛЈАНА КУЗМАНОСКА?

Го гледаат ли чадот? Го дишат ли истиот воздух како останатите прилепчани?

Или загадувањето престанува да биде проблем кога сопствената партија е на власт?

❓ КАДЕ Е ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ДЕЈАН ПРОДАНОСКИ?

Не е доволно Прилеп да биде „зелен“ на фотографии, презентации и партиски соопштенија.

Зелен и уреден град се покажува на дело – кога ќе се спречи дивото фрлање отпад, кога ќе се откријат тие што го палат и кога граѓаните нема да мора да ги затвораат прозорците за да не се гушат од чад.

❓ А КАДЕ СЕ 17-ТЕ СОВЕТНИЦИ ОД ВМРО-ДПМНЕ И КОАЛИЦИЈАТА?

СЕДУМНАЕСЕТ СОВЕТНИЦИ – А НИКОЈ НЕ ГО ГЛЕДА ЧАДОТ?

Спијат ли?
На одмор ли се?
Или сите заедно носат розови очила низ кои Прилеп изгледа чист, зелен и без ниту една дива депонија?

🚨 А ШТО ПРАВАТ ВОЈСКАТА И ПОЛИЦИЈАТА?!

ИМА ЛИ СÈ УШТЕ НЕКОЈ НОРМАЛЕН ОСТАНАТО ВО ТИЕ ИНСТИТУЦИИ, ЗНАЕ ЛИ НЕКОЈ?!

Оваа депонија не е сокриена некаде во планина, на непристапно место каде никој не може да ја види.

ДЕПОНИЈАТА Е ВЕДНАШ ДО КАСАРНАТА „МИРЧЕ АЦЕВ“! ГИ ДЕЛИ ПРАКТИЧНО САМО БОДЛИКАВА ЖИЦА!

Станува збор за активен воен објект, со војници, вооружување и воена опрема. Тоа е чувствителна и стратешки важна зона каде безбедноста треба да биде на највисоко ниво.

ШТО ТРЕБА ДА СЕ СЛУЧИ ЗА НЕКОЈ ДА РЕАГИРА?!

Треба ли, не дај Боже, огнот да се прошири кон касарната и кон воените објекти за некој конечно да сфати дека има проблем?

Или војниците толку „спијат на уши“ што ни чад и оган веднаш до касарната не се доволна причина некој да излезе и да провери што се случува?

А полицијата?

На толку дронови, камери, возила, опрема и полициски службеници, на толку фалење колку сме „силни“, колку сме „модернизирани“, колку имаме бројна војска и полиција – НЕ МОЖАТ ДА НАЈДАТ КОЈ ФРЛА И КОЈ ПАЛИ ЃУБРЕ НА ИСТО МЕСТО?!

Навистина не можат?

Или, попрецизно кажано:

НЕ СЕ НИ „ЗАНИШУВААТ“ ДА ГИ НАЈДАТ СТОРИТЕЛИТЕ?!

Колку дронови треба да има МВР за да забележи чад што го гледа половина град?

Колку полицајци се потребни за неколку дена да се направи контрола на местото и да се утврди кој доаѓа таму?

Колку војници треба да има во една касарна за некој да забележи дека на неколку метри од оградата ГОРИ ДЕПОНИЈА?!

И на крај едно наједноставно прашање:

ЗОШТО ГИ ПЛАЌАМЕ СИТЕ ОВИЕ ИНСТИТУЦИИ, ЗНАЕ ЛИ НЕКОЈ?!

За да реагираат кога ќе биде предоцна?

За да гледаат чад?

За да чекаат граѓаните по социјалните мрежи да им објаснат дека нешто гори?

Граѓаните не бараат спектакл, прес-конференции, партиски видеа и празни ветувања.

Бараат најосновно:

ИНСТИТУЦИИТЕ ДА СИ ЈА РАБОТАТ РАБОТАТА!

Кога една дива депонија може повторно и повторно да гори покрај градот, кога граѓаните јавно алармираат, а институциите молчат – тогаш проблемот одамна не е само во некултурните поединци што го фрлаат и палат отпадот.

Проблемот е и во тие што имаат функција, плата, опрема, луѓе и надлежност – А НЕ ПОСТАПУВААТ!

ГЛЕДААТ, А НЕ ГЛЕДААТ.
СЛУШААТ, А НЕ СЛУШААТ.
ИМААТ НАДЛЕЖНОСТ, А НЕ РЕАГИРААТ.

Прилепчани немаат резервни бели дробови.

СИМНЕТЕ ГИ РОЗОВИТЕ ОЧИЛА И ПОЧНЕТЕ ДА СИ ЈА РАБОТИТЕ РАБОТАТА ЗА КОЈА ГРАЃАНИТЕ ВЕ ПЛАЌААТ!

ЗНАЕЊЕТО Е НАЈСИЛНОТО ОРУЖЈЕ НА ПРОМЕНАТА ✊🚩Членовите на ЛО Левица – Прилеп учествуваа на четвртата Левичарска школа, по...
31/08/2026

ЗНАЕЊЕТО Е НАЈСИЛНОТО ОРУЖЈЕ НА ПРОМЕНАТА ✊🚩

Членовите на ЛО Левица – Прилеп учествуваа на четвртата Левичарска школа, посветена на продлабочување на знаењата и политичката историска обврска кон левичарската идеја – борбата против империјализмот, економската зависност и разбирањето на улогата на нациите во современото општество.

Затоа што борбата за подобро општество започнува со знаење, свест и храброст да се делува.🚩🚩

#чепобедиме

28/08/2026

ДПНЕ НЕ ГЛАСАШЕ ЗА ФОРМИРАЊЕ НА СТРУЧНА КОМИСИЈА ЗА ПОЖАРИТЕ ВО МАРИОВО

Спротивно на Законот за заштита и спасување локалната власт ги дели жителите на Општина Прилеп на подобни и неподобни за надомест на штетите предизвикани од пожарите во Мариово и штетите од невремето во Мало и Големо Коњари и Долнени.

27/08/2026

ДПНЕ СО НОВИ ПАРТИСКИ ВРАБОТУВАЊА ПРЕД ИЗБОРИ!

На вчерашната седница на советот почна да се открива планот на ДПНЕ, каде се гледа дека го припрамаат теренот за нови партиски вработувања по државните претпријатија на неполна година до предвремените избори кои најверојатно ќе се одржат на пролет.

Како што до сега била практиката со вработување на нестручни партиски кадри и од страна СДС и од страна на ДПНЕ, гледаме дека тоа им е само една усовршена алатка за уценување гласачи.

Со ваква стратегија на управување на државата, народот воопшто нека не се надева на подобро утре и влез во европска унија!

🔴ВО ЖИВО - седницата на советот на Општина Прилеп
26/08/2026

🔴ВО ЖИВО - седницата на советот на Општина Прилеп

18 СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ПРИЛЕП

24/08/2026

ОВА НЕМА ДА ВИ ГО КАЖАТ - ДОКУМЕНТИ ЗА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА ОД ПОЖАРИТЕ

📢Ги информираме сите жители на Општина Прилеп кои што претрпеа материјални штети од пожар, дека целата документација може да ја достават до приемното одделение во општината.

📃Таа треба да ги содржи следниве документи:

-Записник за извршен увид од страна на МВР-ПРИЛЕП
-Извештај за интервенција од ТППЕ Пожарна-Прилеп
-Фотографија од штетата
-Копија од Имотен лист (доколку го нема да се наведе дека објектот не поседува имотен лист)
-Копија од Лична карта на лицето/лицата чие име гласи имотниот лист

🚨Контакт телефони на Општина Прилеп:
-075/385-719
-048/401-720

23/08/2026

АРОГАНЦИЈАТА Е СКАПА РАБОТА!✊🚩

Давањето на детален извештај од градоначалникот до советот за кризната состојба со пожарите во Мариовскиот регион е должност.

На вчерашната вонредна седница, незнаењето на Градоначалникот и Претседателот на Советот, кулминираше со дрско и недолично однесување од нивна страна.

Одговори од повиканите од кризниот штаб, немаше.

21/08/2026

СЕ СПРАВУВАЛЕ СО КРИЗА И ВОДЕЛЕ КРИЗЕН ШТАБ, БЕЗ ПЛАН ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ! СЛЕДУВААТ КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ!

На вонредната седница на советот на Општина Прилеп надлежните ниту имаат пристап ниту споделуваат информации кои се должност да ги споделат со советниците.

Божидар Велески - вработен во општина Прилеп како соработник за заштита и управување со кризна состојба, го нема на увид Планот за заштита и спасување, план по кој треба да постапува.....

Уште еднаш актуелната власт покажува со каков кадар се предводи нашата општина, дури и во моменти на кризна состојба ароганцијата не изостанува и секако незнаењето излегува на површина.

20/08/2026

ПРАШАЊА ЗА АКТУЕЛНАТА КРИЗНА СОСТОЈБА ЗА ПОЖАРОТ ВО МАРИОВО!

Советничката Катерина Пузеска со прашања до надлежните органи за моменталната состојба на пожарите во Мариово.

Ситуацијата на терен воопшто не е за потценување, со пожарот зафатена е голема површина само до вчерашниот ден околу 32 хектари, меѓу кои и неколку куќи од селото Чаниште, земјени насади и пчелни семејства.

Апелираме за сериозен и безбеден пристап на сите учесници во оваа акција и благодарност до сите волонтери и граѓани кои излегоа во пресрет за побрзо решавање на овој проблем.

19/08/2026

ВОНРЕДНА СЕДНИЦА ЗА ПОЖАРИТЕ ВО МАРИОВО!

Седницата може да се следи на youtube каналот на Општина Прилеп https://www.youtube.com/

Address

Улица Караорман, лок. 1
Prilep
7500

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Левица - Прилеп posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share