ЈОУ ГРАДСКА БИБЛИОТЕКА „БОРКА ТАЛЕСКИ“ - ПРИЛЕП

  • Home
  • Macedonia
  • Prilep
  • ЈОУ ГРАДСКА БИБЛИОТЕКА „БОРКА ТАЛЕСКИ“ - ПРИЛЕП

ЈОУ ГРАДСКА БИБЛИОТЕКА „БОРКА ТАЛЕСКИ“ - ПРИЛЕП Во одделот за возрасни ќе ѕвоните на 075 322 454
Во одделот за деца ќе ѕвоните на 075 445 357

„Истакнати културни дејци и достигнувања на Русија“ е насловот на поставката со фотографии – сведоштва за богатото руско...
31/07/2026

„Истакнати културни дејци и достигнувања на Русија“ е насловот на поставката со фотографии – сведоштва за богатото руско културно наследство, која што денеска напладне беше отворена во нашата установа, како плод на долгогодишната соработка со амбасадата на Руската федерација во нашата земја и Македонско-руското друштво од Прилеп, во присуство на амбасадорот Н.Е. Дмитриј Зиков. Директорката на библиотеката, Андриана Ристеска во своето обраќање ја истакна важноста од заедничката соработка, која успешно продолжува низ годините. Н.Е, амбасадорот Дмитриј Зиков меѓу другото говореше за значењето на поставката и културата соработка со нашата библиотека. Поставка содржи фотографии од државниот академски „Бољшој театар“ – еден од најмаркантните симболи на руската култура и светски реномиран центар на оперската и балетската уметност, чија историја е нераскинливо поврзана со развојот на националната и интернационалната театарска сцена. Оваа институција годинава чествува 250 години опстој и успешно функционирање. Дел од поставката се и фотографиите со руските научници и просветители Михаил Ломоносов и Владимир Даљ, кои имаат огромен придонес во развојот на рускиот јазик, образованието и науката, надвор од националните рамки. Посетителите, најголем дел членови на Македонско-руското друштво од Прилеп, имаат можност да се запознаат со наследството на Александар Афанасјев, познат собирач на рускиот фолклор, благодарение на кого се зачувани единствени примери на руското народно творештво. Во чест на одбележувањето на значајни датуми во руската култура и соработката со амбасадата, во библиотеката се изложени дел од делата кои припаѓаат на збирката од истакнати руски автори, на руски и преведени на македонски јазик. Амбасадата на Руската федерација минатата година на библиотеката и донираше богата збирка дела од руските автори со светско реноме. Сите граѓани љубители на вонвременската руска култура и книжевност, може да ја погледнат поставката со фотографии и книги во установата, до 10 август.

31/07/2026
Најновите лектирни изданија во задолжителната Програма на Бирото за образование, веќе достапни за зајмување во ЈОУ Градс...
17/07/2026

Најновите лектирни изданија во задолжителната Програма на Бирото за образование, веќе достапни за зајмување во ЈОУ Градска библиотека БОРКА ТАКЕСКИ -Прилеп!
Драги ученици,
Ве очекуваме :)

Денес во ЈОУ ГРАДСКА БИБЛИОТЕКА „БОРКА ТАЛЕСКИ“ - ПРИЛЕП драги гости беа младите љубители на книгите од Едукативниот цен...
16/07/2026

Денес во ЈОУ ГРАДСКА БИБЛИОТЕКА „БОРКА ТАЛЕСКИ“ - ПРИЛЕП драги гости беа младите љубители на книгите од Едукативниот центар ШАМПИОНИ!
Директорката Андриана Ристеска и библиотекарката Еленче Ташкоска ги пречекаа и ги запознаа со сето она што претставува библиотеката, истакнувајќи го нејзиното значење за културното издигнување на младите, со посебен осврт на значењето на книгата како општо добро.
Беше организирано и читање на сказни, каде постарите и веќе описменети деца им читаа извадоци на нивните помали другарчиња.
Со ваквите средби и весели другарувања, библиотеката потврдува дека дека главниот фокус е насочен кон промоција на книгата и на навиките за читање кај најмладите!
Благодарност до ЕДУ ШАМПИОНИ за оваа исклучително значајна средба во насока на промоција на книгата кај најмладите!

01/07/2026
Со задоволство Ве информираме дека Детското катче во ЈОУ ГРАДСКА БИБЛИОТЕКА „БОРКА ТАЛЕСКИ“ - ПРИЛЕП е повторно опремено...
01/07/2026

Со задоволство Ве информираме дека Детското катче во ЈОУ ГРАДСКА БИБЛИОТЕКА „БОРКА ТАЛЕСКИ“ - ПРИЛЕП е повторно опремено и ставено на располагање на најмладите посетители на нашата библиотека.
Љубовта кон книгата и пишаниот збор се раѓа од најмали нозе и затоа ова катче има посебно значење. Најважно е најмладите да сфатат дека се секогаш добредојдени во библиотеката и со насмевка и љубов ќе бидат пречекани од Директорката Андриана Ристеска и од сите вработени во установата.
Децата носат радост и затоа ние им возвраќаме со радост :)

Предавање на Професор д-р Зоран Крстевски на тема:МЕТОДИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО СТРЕСОТ И АНКСИОЗНОСТА!Локација: Голема сала н...
24/06/2026

Предавање на Професор д-р Зоран Крстевски на тема:
МЕТОДИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО СТРЕСОТ И АНКСИОЗНОСТА!

Локација: Голема сала на ЈОУ ГРАДСКА БИБЛИОТЕКА „БОРКА ТАЛЕСКИ“ - ПРИЛЕП
Датум: 25.06.2026 година.
Почеток во 19.00 часот!

Благодарност до Клуб Деница за континуираната поддршка на библиотечните активности и културните настани!ЉУБОВТА КОН КНИГ...
20/06/2026

Благодарност до Клуб Деница за континуираната поддршка на библиотечните активности и културните настани!
ЉУБОВТА КОН КНИГАТА СЕ РАЃА ВО БИБЛИОТЕКАТА!

Педесетина деца од претшколска возраст од ЈОУДГ „Наша иднина“ – Прилеп вчера ја посетија Градската библиотека „Борка Талески“, каде што преку дружење со книгит....

Address

Bulevar Goce Delcev Br. 18/2 Prilep
Prilep
7500

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ЈОУ ГРАДСКА БИБЛИОТЕКА „БОРКА ТАЛЕСКИ“ - ПРИЛЕП posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Category