NSDP Prilep

NSDP Prilep Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from NSDP Prilep, Political organisation, Бизнис Центар лок . 87, Prilep.

07/05/2026
07/05/2026

🖲НСДП: Владата ја оттурнува Македонија од ЕУ со неработење и отсуство на реформи‼️

Најновите изјави на Томас Вајц се уште една сериозна опомена дека Македонија стагнира на европскиот пат поради неспособноста и незаинтересираноста на актуелната Влада да спроведе суштински реформи.

Фактот дека веќе една година нема никаков напредок во реформската агенда, особено во владеењето на правото и борбата против корупцијата, е директна одговорност на Владата.

Наместо конкретни резултати, граѓаните гледаат политички калкулации, празни ветувања и целосно отсуство на визија.

Особено загрижува предупредувањето дека средствата од Планот за раст, во вредност од 47 милиони евра, може да бидат изгубени и пренасочени кон соседните земји. Ова е уште еден доказ дека Владата не само што не ја движи државата напред, туку директно ги загрозува економските интереси на граѓаните.

НСДП укажува дека владеењето на правото, независното судство и решителната борба против корупцијата не се формалности за ЕУ, туку предуслов за економски развој, нови работни места и подобар животен стандард. Без тоа, Македонија ќе остане заробена во сиромаштија, неизвесност и иселување.

Соседните земји напредуваат - за Црна Гора веќе се пишува договорот за пристапување во ЕУ, а Македонија тапка во место. Ова не е поради недостиг на можности, туку поради недостиг на политичка волја.

НСДП ја повикува Владата итно да престане со декларативни политики и да започне со вистински, мерливи реформи.

Во спротивно, одговорноста за пропуштената европска перспектива и економската стагнација ќе биде целосно на нејзин товар.

Граѓаните заслужуваат европска иднина❕️
🇲🇰🇪🇺

23/04/2026

Власта да се откаже од укинување техничка Влада или СДСМ и Коалицијата ќе се повлечат од работата за Изборниот закон!

🎙️ Дозволете да ја известам целокупната јавност за следните чекори на пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Коалицијата во врска со носењето на Законот за Влада со кој се укинува Пржинската Влада.

Имено, кажавме повеќепати дека сметаме дека на овој начин, којшто е целосно автократски манир на владеење на оваа власт, и ова не е единствен пример, ова е само еден од примерите, техничката влада не треба и не може да се укине. Таа е единствен гарант за спроведување на фер и демократски избори.

Во ситуација кога има целосна контрола на оваа власт врз судството, кога се именуваат партиски послушници за судии и за обвинители, кога премиерот без грам срам од собраниска говорница, од прес-конференции, јавно со своите чувства на некој начин дели наредби на обвинителите и врши притисок врз правосудството, во ситуација кога не се знае како, на кој начин се складираат и ќе се употребуваат или веќе сега се употребуваат податоците од системот Сејф Сити, ова едноставно не смее да се случи.

Овој манир на владеење е еднаков на манирот на владеење од времето на Никола Груевски од 2006 до 2016 година. И затоа, доколку денеска овој закон помине на Комисија и власта продолжи да ја тера собраниската процедура, нашата пратеничка група се повлекува од работната група за работа на изборниот закон.

Овој Закон за влада и укинување на Пржинската влада мора власта да го повлече. Вакви автократски манири не се дозволени и нема да прифатиме. Да потсетам, тој закон беше донесен за изборите во 2016 година, но на барање на Христијан Мицковски законот беше вратен во 2018 година и така важеше на нивно барање и за парламентарните избори во 2020 година.

Затоа уште еднаш повторувам, власта овој закон мора го повлече, Пржинската Влада, којашто е единствен гарант во оваа форма во која што сега важи законот за спроведување на фер и демократски избори, мора да остане. Во спротивно се повлекуваме од работата за изборниот закон од работната група којашто се води Министерството за правда. - истакна лидерот на Коалицијата предводена од СДСМ, др. Венко Филипче

23/04/2026

⛔️ЗАБРАНАТА ЗА ДВОЈНО ДРЖАВЈАНСТВО ТРЕБА ДА ВАЖИ ПОДЕДНАКВО ЗА СИТЕ ИЗБРАНИ И ИМЕНУВАНИ ФУНКЦИОНЕРИ – ВЕДНАШ‼️

Пратениците на НСДП заедно со останатите пратеници од Пратеничката група во рамки на Коалицијата предводена од СДСМ, поднесоа Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за Владата по скратена постапка, со кој се предвидува забрана за двојно државјанство за министрите, вицепремиерите и целиот состав на Владата, и тоа со итна примена.

НСДП цврсто стои зад принципот дека истите правила мора да важат за сите избрани и именувани функционери, без исклучок и без одложување.

Државната одговорност подразбира јасна и недвосмислена лојалност кон државата, а тоа мора да се одрази и во законските решенија.

Во таа насока, НСДП укажува дека најавените измени на Законот за пратеници од страна на ВМРО-ДПМНЕ, со кои се предвидува ограничување на двојното државјанство, но со одложена примена, претставуваат неприфатлив и селективен пристап.

Со вакво решение, актуелните функционери се изземаат од правилата што самите ги предлагаат, што отвора сериозни прашања за искреноста и принципиелноста на ваквите политики.

Пратениците ќе поднесат амандмани на предложените измени на Законот за пратеници, со цел истите да важат веднаш и за актуелниот состав.

Позицијата на НСДП е јасна дека нема привилегирани функционери и нема одложувања кога станува збор за одговорноста пред граѓаните.

Забраната за двојно државјанство треба да важи подеднакво за сите избрани и именувани функционери – веднаш.

12/04/2026

✨️ЧЕСТИТ ВЕЛИГДЕН✨️

Нека големиот христијански празник Велигден донесе нова надеж, мир и заедништво во секој дом.

Да биде потсетник дека солидарноста, хуманоста и грижата едни за други се темелите на едно подобро и поправедно општество.

НСДП им посакува на сите граѓани здравје, радост и благосостојба. Да го поминат празникот во духот на љубовта, почитта и вербата во подобра иднина.

Христос воскресе – Навистина воскресе!

Address

Бизнис Центар лок . 87
Prilep
7500

Opening Hours

Monday 19:30 - 23:00
Tuesday 19:30 - 23:00
Wednesday 19:30 - 23:00
Thursday 19:30 - 23:00
Friday 19:30 - 23:00

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when NSDP Prilep posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share