Општина Прилеп

Општина Прилеп Официјална страна на Општина Прилеп.

03/09/2026
Општина Прилеп го објавува Вториот јавен повик за прибирање на барања за распределба на финансиски средства од Буџетот н...
02/09/2026

Општина Прилеп го објавува Вториот јавен повик за прибирање на барања за распределба на финансиски средства од Буџетот на Општина Прилеп за 2026 година, наменет за финансирање на спортски клубови, професионални спортски клубови и соортски здруженија и фондации, со цел доискористување на предвидените буџетски средства за поддршка на спортот во нашата општина.

Право на учество имаат сите спортски клубови, здруженија, фондации и спортски сојузи кои ги исполнуваат условите наведени во повикот.
Краен рок за доставување на пријавите: 07 септември 2026 година.
Повеќе информации за потребната документација, условите, формуларите за аплицирање и начинот на доставување можете да најдете на следниот линк од веб-страната на Општина Прилеп:

ПРЕЗЕМИ Правилник за утврдување на критериумите начинот и постапката за распределба на финансиски средства од Буџетот на Општина Прилеп з_2 ПРЕЗЕМИ ФОРМУЛАР ЗА АП....

02/09/2026

Општина Прилеп ги информира граѓаните дека ќе се спроведе трета фаза од превентивната адултицидна терестичка дезинсекција на територијата на Општина Прилеп.

Дезинсекцијата ќе се спроведе во вечерните часови на 3 и 4 септември 2026 година, со едно специјализирано возило, на површина од околу 800 хектари.

Со третманот ќе бидат опфатени сите урбани заедници во градот Прилеп, како и населените места:
Ореовец, Лениште, Селце, Лагово, Беровци, Кадино Село, Галичани, Тополчани, Ерековци, Канатларци, Чепигово, Тројкрсти, Мажучиште, Мало Коњари и Големо Коњари.

Активностите се спроведуваат превентивно, со цел намалување на бројноста на возрасните форми на комарци, согласно препораките и насоките на надлежните здравствени институции.

Општина Прилеп ги информира граѓаните да го имаат предвид спроведувањето на дезинсекцијата во наведените термини и да ги следат официјалните информации и препораки од надлежните институции.

Учебната 2026/2027 година во прилепските основни и средни училишта денеска започна без проблеми и со целосна подготвенос...
01/09/2026

Учебната 2026/2027 година во прилепските основни и средни училишта денеска започна без проблеми и со целосна подготвеност на училиштата за непречено одвивање на наставниот процес.

Годинава, во основното образование во Прилеп наставата ќе ја следат околу 5.600 ученици, од кои 510 се запишани во прво одделение. Во средните училишта, пак, наставата ќе ја посетуваат околу 2.800 средношколци, од кои 700 се запишани во прва година.
Сите 10 основни, 5 средни и 15 подрачни училишта на територијата на Општина Прилеп се целосно подготвени за новата учебна година. Во текот на летниот период се реализирани активности во насока на подобрување на условите за одвивање на воспитно-образовниот процес, за што се инвестирани околу 20 милиони денари.
Во рамки на процесот на оптимизација на училишната мрежа, Општина Прилеп продолжува со одговорен пристап кон организацијата на образовниот процес. Оптимизацијата нема да значи затворање на ниту едно училиште, ниту отпуштања на наставен кадар.

„Нашите првачиња заслужуваат посебно внимание и поддршка уште од првиот ден. Затоа, покрај бесплатниот училишен прибор, оваа година за првпат обезбедивме и финансиска поддршка од 3.000 денари за секое семејство кое го запишало своето прваче во општинските основни училишта. Веруваме дека со конкретни мерки можеме да им помогнеме на семејствата и да создадеме подобри услови за нашите најмлади ученици“, истакна градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски.
Во текот на новата учебна година, Општина Прилеп продолжува да работи на унапредување на условите во училиштата и поддршка на учениците, наставниците и семејствата.
Воедно, оваа година се надминати и проблемите поврзани со превозот на учениците кои доаѓаат од соседните општини и од околните населени места, со што се создадени услови за редовно и непречено следење на наставата.

На сите ученици им посакуваме успешна, безбедна и исполнета учебна година, а на нашите најмали, прекрасен почеток на нивното училишно патување, многу знаење, нови другарства и безброј детски насмевки.
Среќен прв училишен ден и успешна учебна 2026/2027 година!

NO FUN BEND - ПИНК ФЛОЈД ВО ПРИЛЕП! 🎶Вечерва од 21 часот во рамките на проектот „Од 0 до КултурА“, ви го претставуваме о...
27/08/2026

NO FUN BEND - ПИНК ФЛОЈД ВО ПРИЛЕП! 🎶

Вечерва од 21 часот во рамките на проектот „Од 0 до КултурА“, ви го претставуваме охридскиот бенд NO FUN BEND, кој ќе ни приреди музичко патување низ најголемите хитови на легендарните ПИНК ФЛОЈД.

Бендот постои од 2006 година, кога тројцата членови уште како средношколци започнале да создаваат музика заедно. Од 2008 година настапуваат во состав:
Христијан Бујароски - гитара и вокал
Ристе Гашоски - тапани и вокал
Дарко Бујароски - бас гитара и вокал

Низ годините, NO FUN BEND настапувале на бројни локални настани, натпревари, хуманитарни акции, забави на отворено и други музички случувања.

Од скромните почетоци и старата опрема, со многу труд, љубов и посветеност кон музиката, стигнале до звукот и опремата со кои денес создаваат препознатлива енергија на сцената.

Ве очекуваме да уживаме во безвременската музика на еден од највлијателните бендови во историјата на рок-музиката!

Советот на Општина Прилеп на 18-та седница со обемен дневен ред од 60 точкиНа редовната 18-та седница на Советот на Општ...
27/08/2026

Советот на Општина Прилеп на 18-та седница со обемен дневен ред од 60 точки

На редовната 18-та седница на Советот на Општина Прилеп, пред советниците се најдоа 60 точки од различни области, со акцент на финансиското работење на општината и јавните претпријатија, функционирањето на воспитно-образовните установи, предучилишното образование, како и прашања од областа на урбанистичкото планирање и заштитата на животната средина.

На седницата беше усвоен Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Прилеп за вториот квартал од 2026 година.

Советниците дадоа согласност на тримесечните извештаи за финансиското работење на ЈКП „Пазари“ - Прилеп, ЈКП „Комуналец“ - Прилеп, ЈКП „Водовод и канализација“ - Прилеп и ЈП за ПУП - Прилеп. Воедно, беше дадена согласност и на Годишната сметка и Извештајот за работењето на ЈКП „Водовод и канализација“ - Прилеп за 2025 година, како и на Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на ЈП за ПУП - Прилеп.

На седницата беа разгледани и усвоени повеќе годишни планови за вработување за 2027 година на јавните установи и претпријатија, меѓу кои ЈКП „Пазари“, ЈП за ПУП, ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ и ЈОУ Дом за стари лица „Киро Крстески - Платник“, како и измена на Годишниот план за вработување во 2026 година на Домот за стари лица.

Значаен дел од дневниот ред беше посветен на образованието. Советот ги усвои годишните извештаи за работата и годишните програми за работа на основните училишта за учебната 2026/2027 година, а по барање на училиштата даде согласност за формирање паралелки со помал број ученици.

Согласност за формирање паралелки со помал број ученици беше дадена и за прва година во средните училишта СОЕПТУ „Кузман Јосифоски -Питу“, СОУ „Ѓорче Петров“, СОУ „Ристе Ристески - Ричко“, СОУ „Орде Чопела“ и СОУ Гимназија „Мирче Ацев“.

Во рамки на образовните точки, беше разгледана и Информацијата во врска со оптимизацијата на училишната мрежа во Општина Прилеп за учебната 2026/2027 година, со цел преземање соодветни превентивни мерки и активности.

Советниците донесоа и Решение за назначување претставник од локалната самоуправа во Комисијата за изработување на Развојната програма за работа на СОУ „Ристе Ристески - Ричко“ - Прилеп за периодот 2026-2030 година. Дополнително, дадена е согласност за привремено користење на објектите на КП 20921 за реализација на социјална услуга.

Во делот на предучилишното образование, беа разгледани и усвоени одлуки поврзани со работата на воспитните групи во ЈОУДГ „Наша иднина“ - Прилеп, вклучително и работа на групи со поголем и помал број деца, како и одлуката за утврдување на почетокот и завршетокот на работното време на установата.

На седницата беше усвоено и Решението за именување членови на Партиципативното тело за урбанистичко планирање на Општина Прилеп од редот на граѓаните, здруженијата и стручните лица.

Во областа на урбанистичкото планирање, Советот ги усвои одлуките за определување на ширината на крајбрежните појаси на водотеците во планските опфати во селата Голем Радобил, Подмол и Волково, како и Одлуката за определување на крајбрежниот појас на водотеците Крушевичка Река 1, 2 и 3, опфатени со Студијата за водостопанска инфраструктура за изработка на урбанистички план во село Крушевица, Блок 2.

Особено значајна е и одлуката за отпочнување постапка за изработка на „Зелен катастар“ на Општина Прилеп, со што се создава основа за систематско евидентирање и управување со зелените површини на територијата на општината.

На седницата беше формирана и Комисија за процена и утврдување на висината на штетата од природни непогоди во населените места Големо Коњари, Мало Коњари и Мажучиште, по невремето што ги зафати овие населени места на 24 август 2026 година.

Со усвојувањето на 60-те точки, Советот на Општина Прилеп донесе повеќе одлуки од значење за тековното функционирање на општината, јавните претпријатија и установи, образовниот систем, урбанистичкото планирање, заштитата на животната средина и справувањето со последиците од природните непогоди.

26/08/2026

Се информираат сите жители од населените места Големо Коњари, Мало Коњари и Мажучиште во Општина Прилеп, дека Советот на Општина Прилеп на својата 18-та седница доне...

26/08/2026

Образованието и грижата за најмладите е наш приоритет!

25/08/2026

Утре, на редовната седница на Советот на Општина Прилеп, ќе формираме Комисија за утврдување и проценка на штетите. По завршувањето на проценката, извештајот и записникот веднаш ќе ги доставиме до Владата, по што се надеваме дека ќе се дефинира соодветен надомест за погодените земјоделци.
Најголем дел од штетите се на тутуновите насади, токму во периодот на бербата, но оштетени се и други земјоделски култури.

24/08/2026

Прилеп оди напред со конкретни проекти, реални инвестиции и видливи резултати!
Развојот на Прилеп не е приказна од еден проект. Тој се гледа преку десетици реализирани, тековни и подготвени инвестиции, со средства од Општина Прилеп, со поддршка на Владата и ресорните министерства.
Во изминатиот период реализиравме и работиме на:
- „Кружен тек кај Табана“ капитален инфраструктурен проект вреден над 2 милиони евра, со реконструкција и проширување на мостот, изградба на кружен тек, регулација на речното корито, канал и нова инфраструктура.
- „Кузман Јосифоски“ - реконструкција на 300 метри главна водоводна линија и дополнителна секундарна мрежа, а Општината со сопствени средства ја продолжува рехабилитацијата на улицата.
- Кеј „1-ви Мај“ - нови тротоари, осветлување и урбана опрема.
- ООУ „Рампо Левката“ - ново спортско игралиште и комплетно реконструирана фасада со нова термоизолација.
- Спортското катче во Точила - реконструирани фудбалско, кошаркарско и одбојкарско игралиште и поставени нови фитнес реквизити.
- Ново детско игралиште во Типски - современ простор со спортска подлога, реквизити, осветлување и зелени површини, а наскоро започнува и изградбата на ново игралиште зад Участакот.
- Плоштад „Методија Андонов - Ченто“ - уредени 2.100 м² јавна површина со нова урбана опрема, зеленило и повеќе од 20 нови клупи.
- Карабдалица - по повеќе од 70 години, реконструирани 1.240 метри водоводна мрежа, со 124 нови приклучоци и 7 хидранти.
- Индустриска зона „Металец“ - реконструкција и асфалтирање на 973 метри патна мрежа, тротоари и ново улично осветлување.
- Сервисна улица кај „Жито Прилеп“ - нова улица во должина од 392 метри со канализација, водовод, тротоари и осветлување, со што се создаваат подобри услови за стопанството и нови инвестиции.
- Центар за услуги - граѓаните добиваат пристап до стотици електронски услуги на едно место.
- „11-ти Октомври“ - нови тротоари, велосипедски патеки и осветлување, како и технички мерки за забавување на сообраќајот на повеќе локации.
- Фотонапонска централа на пречистителната станица - инвестиција од над 10 милиони денари и капацитет од 540 kW за производство на електрична енергија од обновлив извор.
- Центар за дневен престој на стари лица за активно стареење - капацитет за 48 корисници и нова социјална услуга за повозрасните граѓани.
- Селце и Лениште – во тек е реализацијата на овие роекти за нови водоводни мрежи со инвестиции од 6 и 18 милиони денари.
- Улица „Победа“ и новиот мост - инвестиции вредни повеќе од 100 милиони денари преку Министерството за транспорт.
А веќе се подготвени и следните капитални зафати:
-Комплетна реконструкција на улицата „Трајко Николоски“ - околу 67 милиони денари.
-Реконструкција на улицата „Орде Чопела“, влезот на градот од страната на Македонски Брод -проект во висина од 120 милиони денари.
-Полуподземни контејнери на 21 локација - инвестиција од околу 18 милиони денари.
Покрај инфраструктурата, инвестираме и во културата, спортот и младите. Средствата за културни манифестации ги зголемивме од 4 на 12 милиони денари, за спортските клубови и здруженија се издвоени 14,5 милиони денари, а формиран е и Локалниот младински совет.
Само во јуни и јули Општина Прилеп поддржа и реализираше околу 120 културни, спортски, музички, забавни и едукативни содржини.
Сето ова е резултат на континуирана работа на градоначалникот Дејан Проданоски, заедно со Советот на Општина Прилеп, општинската администрација, јавните претпријатија и сите служби кои секојдневно се на терен.
Работа која не се мери со политички изјави, туку со она што останува зад нас, нова улица, нов тротоар, ново игралиште, нова водоводна мрежа, подобра услуга, нова инвестиција и подобри услови за живот.
Прилеп не се развива со соопштенија. Прилеп се развива со работа.

Address

Prilep

Opening Hours

Monday 08:00 - 16:00
Tuesday 08:00 - 16:00
Wednesday 08:00 - 16:00
Thursday 08:00 - 16:00
Friday 08:00 - 16:00

Telephone

+38948401701

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Општина Прилеп posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share