Здружение Центар за развој и едукација- Прилеп

  • Home
  • Macedonia
  • Prilep
  • Здружение Центар за развој и едукација- Прилеп

Здружение Центар за развој и едукација- Прилеп Лиценциран давател на социјална услуга помош и нега во домот

Во соработка со Општина Кривогаштани со поддршка на Австриското Сојузно Министерство за труд, социјални политики, здравс...
03/09/2026

Во соработка со Општина Кривогаштани со поддршка на Австриското Сојузно Министерство за труд, социјални политики, здравство, нега и заштита на потрошувачи продолжуваме со активности насочени кон поддршка на лицата и семејствата кои се соочуваат со социјални и економски предизвици.
Преку поделба на социјални пакети со основни прехранбени и хигиенски производи, настојуваме да обезбедиме конкретна помош и да им покажеме на најранливите членови на заедницата дека не се сами.
🌿 Секој пакет е повеќе од помош – тој е порака на солидарност, грижа и човечност.
Со заеднички напори, градиме заедница во која секој има поддршка и достоинство.

🤝 Поделени повеќе од 100 хуманитарни пакети за наши сограѓаниГрижата за лицата и семејствата на кои им е потребна поддрш...
03/09/2026

🤝 Поделени повеќе од 100 хуманитарни пакети за наши сограѓани

Грижата за лицата и семејствата на кои им е потребна поддршка останува еден од приоритетите на Општина Кривогаштани.

Преку соработката на Општина Кривогаштани со Здружението „Центар за развој и едукација“ – Прилеп, во изминатиот период до нашите сограѓани беа доставени повеќе од 100 хуманитарни пакети со основни прехранбени производи и средства за хигиена, наменети за лица и семејства во социјален ризик.

Активноста се реализира во рамките на проектот „ТРАНСАКТ – Трансформирање на глобалните општествени предизвици во реални локални активности“, поддржан од Австриското сојузно министерство за труд, социјални работи, здравство, нега и заштита на потрошувачите.

Проектот има поширока цел – подобрување на пристапот до бесплатни социјални и здравствени услуги за ранливите категории граѓани, особено во руралните средини.

Искрена благодарност до Здружението „Центар за развој и едукација“ – Прилеп и до австриското Сојузно министерство за континуираната соработка и поддршка.

Продолжуваме преку конкретни мерки и партнерства да обезбедуваме навремена помош за оние на кои им е најпотребна.

Денес во Дневниот центар за активно стареење, нашиот психолог Сара Богданоска (проект ТРАНСАКТ) со корисниците разговара...
03/09/2026

Денес во Дневниот центар за активно стареење, нашиот психолог Сара Богданоска (проект ТРАНСАКТ) со корисниците разговараше за значењето на позитивните емоции, здравите навики и свесното насочување на вниманието во секојдневниот живот.

Се разговараше за тоа како малите, но свесни избори можат да влијаат врз нашето психолошко функционирање, расположение и целокупната благосостојба.
Посебно внимание се посвети на едно важно прашање: за што навистина вреди да се грижиме, а што можеме да научиме да го отпуштиме?

✨ Ваквите средби нè потсетуваат дека без разлика на животната возраст, секогаш можеме да создадеме повеќе смисла, задоволство и убавина во секојдневието – почнувајќи од малите нешта и избори што ги правиме секој ден.

Во склоп на денешните активности во Дневниот центар за активно стареење со нашите корисници проследивме видео инсерти од...
31/08/2026

Во склоп на денешните активности во Дневниот центар за активно стареење со нашите корисници проследивме видео инсерти од овогодинешниот фестивал на пиперката во Кривогаштани, и започнавме со подготовка на активностите за оваа работна недела.

Нашиот тим и корисниците на центарот за активно стареење уживаа во театарската претстава “Девојките на Марко” во Кривога...
27/08/2026

Нашиот тим и корисниците на центарот за активно стареење уживаа во театарската претстава “Девојките на Марко” во Кривогаштани. 

https://otv.mk/video-krivogashtanici-uzhivaa-vo-devojkite-na-marko/?fbclid=IwZnRzaAT9Y9xwZG9mBWZkaWQWUNRW3BOzY263qG5BKtc-j_pM1PQQ3GV4dG4DYWVtAjExAHNydGMGYXBwX2lkCjY2Mjg1NjgzNzkAAR7Qdh51HpYa4oCYraLDFbXrrZoq_LCb8nWzecuZBcA3DZr-R82bXfeXL-joMQ_aem_nNdPBp9EeoEdoYf6nRuOjg

Кривогаштани синоќа живееше во духот на театарот. Дворот на реновираното основно училиште се претвори во уникатна сцена под отворено небо, каде публиката од

Денес, во Дневниот центар за активно стареење, нашиот психолог во проектот ТРАНСАКТ - Сара Богданоска со корисниците на ...
27/08/2026

Денес, во Дневниот центар за активно стареење, нашиот психолог во проектот ТРАНСАКТ - Сара Богданоска со корисниците на дневниот центар водеше интересен разговор за благодарноста – едно едноставно, но моќно чувство. 🌿

Благодарноста ни помага да го насочиме вниманието кон она што го имаме и да ги забележиме малите нешта што му даваат убавина и смисла на секојдневието. 🤍
Да застанеме, да забележиме и да бидеме благодарни. 🌸

#Благодарност #АктивноСтареење #ПозитивнаПсихологија

🎭 Театар, дружење и нови доживувања!Корисниците на Центарот за дневен престој на стари лица со активно стареење од  Прил...
26/08/2026

🎭 Театар, дружење и нови доживувања!

Корисниците на Центарот за дневен престој на стари лица со активно стареење од Прилеп беа во посета на театар на отворено во Кривогаштани, каде имаа можност да ја проследат претставата „Девојките на Марко“ од прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“.

Убавата вечер исполнета со дружење и позитивна енергија е дел од културните активности наменети за нашите корисници. ❤️

🍀 Во Центарот за дневен престој на стари лица со активно стареење се реализираат различни активности кои придонесуваат з...
24/08/2026

🍀 Во Центарот за дневен престој на стари лица со активно стареење се реализираат различни активности кои придонесуваат за исполнето, активно и квалитетно секојдневие на корисниците. Преку дружење, разговори, креативни и забавни активности, физички вежби, когнитивни активности и тематски работилници, се создава пријатна средина исполнета со позитивна енергија и можности за активно учество.

👉 Во рамките на секојдневните активности се реализираат: цртање и сликање, квизови, логички задачи, вежби за меморија и внимание, сложувалки, крстозбори и други активности за когнитивна стимулација. Преку нив се поттикнуваат мисловните способности, концентрацијата, помнењето и креативноста, а истовремено корисниците имаат можност да се забавуваат и да поминуваат квалитетно време заедно. Се организираат и тематски работилници и разговори на различни интересни теми, дискусии, како и активности за развивање на практични и креативни вештини.

💚 Внимание се посветува на физичката активност и одржувањето на подвижноста преку вежби за баланс, рамнотежа и физичка кондиција, со поддршка од физиотерапевт и Saroj Corr, волонтерка ангажирана преку Мировниот корпус (Peace Corps), која како специјалист за вежби за лица од третата доба придонесува за подобра физичка активност и благосостојба на корисниците. Во исто време, психологот реализира интерактивни и едукативни работилници насочени кон менталната и емоционалната благосостојба, самодовербата, позитивното размислување и социјализацијата. Медицинската сестра ги следи виталните функции на корисниците.

🎵Музиката, играта и заедничкото дружење се неизоставен дел од секојдневието, создавајќи атмосфера исполнета со разговор, смеа и убаво расположение. На тој начин, Центарот претставува место каде што стареењето се доживува активно и достоинствено – со движење, поддршка, дружење, креативност и создавање нови убави моменти. 🌿

https://www.facebook.com/share/1Eb6rN3Jvr/?mibextid=wwXIfr
21/08/2026

https://www.facebook.com/share/1Eb6rN3Jvr/?mibextid=wwXIfr

Општините Прилеп и Кривогаштани се официјални добитници на грантови за развој и унапредување на социјалните услуги на локално ниво, потпишан е договорот за

https://www.facebook.com/share/p/1HMxGfJidU/
21/08/2026

https://www.facebook.com/share/p/1HMxGfJidU/

🎶 ЕДНА ВЕЧЕР. ЕДНА СЦЕНА. ЕДНА ГОЛЕМА ЗАБАВА! 🔥
На 29 август 2026, Кривогаштани ќе биде местото каде што музиката и добрата енергија се спојуваат! 🌶️🎤
На Фестивалот на пиперката настапува ПАЈАК! 🔥

Очекувајте одличен настап, познати хитови и атмосфера за паметење! 🕺💃
📍 Кривогаштани
📅 29.08.2026

Вашето место е пред сцената! 🎤🔥

Address

Prilep
7500

Opening Hours

Monday 08:00 - 16:00
Tuesday 08:00 - 16:00
Wednesday 08:00 - 16:00
Thursday 08:00 - 16:00
Friday 08:00 - 16:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Здружение Центар за развој и едукација- Прилеп posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Здружение Центар за развој и едукација- Прилеп:

Shortcuts

Share

Category