Мариово Mariovo

Мариово Mariovo Се за Мариово и неговите села тука.

Мариово е ридско - планински предел во јужниот дел на Република Македонија (односно средишниот на етничка Македонија) распослан на
и помеѓу падините и билата на Селечка Планина, Ниџе, Козјак и Дрен Планина во долината на Црна Река. Низ целата област Мариово
протекува Црна Река (средното течение) каде што всушност се наоѓа и најдолгата клисура во Република Македонија, 100 километри

долгата
Скочивирска Клисура која е исто така една од бесценетите природни убавини на оваа област. На запад Мариово се граничи со Пелагонија,
на југ со Грција (околината на градот Воден и областа Меглен) , на север со регионот Раец (долината на Раечка Река) и на исток со
висорамнината Витачево односно Тиквешката Котлина. Целата област Мариово зафаќа површина од 1.251 km² и е поделено на 3 помали
(етно)географски целини Битолско Мариово (поранешната општина Старавина), Прилепско Мариово (поранешната општина Витолиште) и
Тиквешко (Кавадаречко) Мариово (западните и средишните делови на поранешната општина Конопиште).

25/08/2026

Почитувани членови.
Заради неактивност и недоволно модератори, би сакал да ве известам дека се потребни модератори волонтери на оваа фб страна Мариово.
Преферирам тие што се постојано во Мариово да аплицираат како модератори во порака на оваа страна.
Пожелно е да се одржува оваа страна со редовни објави за настаните низ цело Мариово, вклучително Кавадаречко,Прилепско и Битолско.
Доколку имате желба и воља пишете ми во порака тука на странава.
Ви благодарам.

25/08/2026
25/06/2026

Send a message to learn more

Поздрав Мариовци каде и да сте!
10/06/2026

Поздрав Мариовци каде и да сте!

- Музика - Војо Стојановски - Ете мајко решив да се женам .- Видео...

Zalno e sto si zaminavme od nasiot kraj..
27/03/2026

Zalno e sto si zaminavme od nasiot kraj..

Песна за Витолиште[Verse 1]По калдрмата тревка пораснаКуќи бројат само сенкиНе гласaНа чардакот стара врата шкртиА некогаш до зори играше ситно оро тука[Chor...

09/02/2026
21/11/2025

НА МАРИОВО !
Мариово,непокор вечен...
Со првиот чекор,
Од излезот на твоите порти...
Погледот го свртив
кон тебе и си ветив...
Нема да те заборавам
Крају мој роден...
Блиску,а далечно
Далеку а во мене...
Те носам, како спомен...
Како врел копнеж
А ти си тука ...
Блиску ,но сепак далеку...
Далеку а во мене
Нема да те заборавам, крају мој роден !!!

Текст - Софија Кочевска.

Send a message to learn more

20/11/2025

У пусто Мариово, у оваа земја на камен и ветер, одамна се раскажуе едно предание, старо ко црковните ѕидои и тешко ко мариовскиот чекор.

Велат старите: „Мариово не е за секого — Мариово си го бира својо човек.“
А кој ќе го избере — со векови остануе во него.

У прво време, кога уште немало ни патишта, ни куќи големи, овде живееле само овчари и чувари на земјата. Се веле дека Црна Река не беше само вода, туку жива душа што ги чувала селата. Кога ќе се надуе реката, старите викаја:
„Не се плаши — Црна не уништуе, таа предупредуе.“

И така си живееле луѓето со векови — без голема галама, без убајтини, ама со душа полна. Арно ама, пред многу години, се кажуе дека Мариово било удрено од едно големо невреме. Облаците се собрале, ридо се затемнил, а м’њите цепале ко сабји.

Тогаш, на врвот над Бихтово, се појавила една жена — не човек, ама ни сенка. Белешка. Старите ја викале Виденица.
Кажуе преданието дека таа можела да види што ќе дојде и што ќе помине.

Ја виделе како стои на ридо, со коса до земја, и вели:
„Чувајте си ја земјата, зашчо земјата ќе ве чува вас.“

По тоа зборои, облаците се раздвоиле сами, невремето се скршило, а селата останале живи.
И оттогаш, Мариовци секогаш велат:
„Не те чува куќата, ни ѕидо — те чува коренот.“

Затоа овде народот е таков: тврд, тивок, од малце прави многу. Овде кога човек ќе рече „да“ — се слуша у пет села. А кога ќе рече „не“ — ни ветерот не го мени.

Друга поговорка старинска велит:
„Мариовец не се фали, ама ни не се крие.“
Тоа го кажуат зашчо секој што живеел тука носел и борба и мир, и тага и сила.

И уште кажуат, кога ќе фати пустиот ветер да оди од Зовиќ до Градешница, дека тоа не е обичен воздух, туку гласовите на старите што си прават муабет.
Затоа децата не трчаат по ридое ноќе — велат дека „Ноќеска старите си зборуат, не е ред да им се мешаш.“

И така, од век до век, од камен до камен, Мариово си го чува преданието:
„Кој ќе го допре ова место со чест — ќе му се отвори срцето. Кој ќе го допре со зло — камено ќе го голтне.“

А народот уште живее, малку е, ама ко што велат Мариовци:
„Не се броиме по број, туку по срце.“

И така ќе останит — додека ридо стои, додека Црна тече, додека ветерот носи приказни по пустите полиња.

Send a message to learn more

Address

Prilep
7508

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Мариово Mariovo posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share