18/12/2014
ВО ЕДЕН ТАЖЕН ГРАД
Живеам во еден тажен град. Во една тажна улица , во еден скриен сокак. Во маало каде повеке не се слуша детски плач , нити детска смеа. Кај што стивнува детската игра .....Во маалото каде што прв пат се вљубив , прв пат плачев , прв пат се смеев ....Таму растев , таму живеам.
И градов е тажен. Тажен е иако го грее сонце , иако е опеан во песна.Животот се претворил во едно виртуелно лудило каде битно е што носиш , кај си со кого си ....Каков си испаднал на фотографијата од последниот викенд.....
Кога последно видов вистинска љубов ??
Сите се поклопени ....Богати со богати. Убави со убави.Невидливи со невидливи. Уметник со уметник.Среќни со среќни. Тажни со тажни. Хаосот е што во оваа бркотница не се знае кој е среќен реално , кој е богат кој е сиромав .....Зошто испадна на виделина лажниот сјај кој не заслепи. Зошто сите се џет сетери само што ќе дојде викенд.Туѓи коли, позајмени фустани , почестени со скап пијалок од армијата на следбениците на модерниот стил на живот.
Каде е Бог ?! Или ....нека се одмори. Неговата должност со задоволство ја вршат на земјата обичните смртници. Судат , пресудуваат и носат одлуки. Нормално , не за себе .
Ужасни зборови кои го бодат срцето. Зборови од кои боли душата .....Лаги. Лажен живот и погрешни луѓе. Умор ....
Сакам да избегам од овој град. Боли се во него. Боли животот , болат спомените. Дали ние го проголтавме овој град или тој не проголта нас ??
Градот избега од нас.
Ете такво време ние креиравме и го вдишуваме секој атом кој ни го парализира умот,телото,срцето .....и одиме таму кај што се чуствуваме силни,а бегаме од таму кај што сме сакани ......