Јован Тозиевски - Градоначалник на Општина Ресен

  • Home
  • Macedonia
  • Resen
  • Јован Тозиевски - Градоначалник на Општина Ресен

Јован Тозиевски - Градоначалник на Општина Ресен Јован Тозиевски - Градоначалник на Општина Ресен

Денес имав чест да бидам посетен од членовите на КУД „Таше Милошевски“, кои по враќањето од својата европска турнеја, ка...
04/09/2026

Денес имав чест да бидам посетен од членовите на КУД „Таше Милошевски“, кои по враќањето од својата европска турнеја, како вистински амбасадори на Ресен и Преспа, се вратија со бројни признанија, благодарници и убави впечатоци.

Со својот талент, посветеност и љубов кон македонската традиција, тие достојно го претставија нашиот град и нашиот крај низ Европа.

Им честитам за постигнатите успеси и им посакувам уште многу настапи, признанија и успеси во иднина! 🇲🇰

Исплатена е поддршката од 10.000 денари за средношколците кои се запишаа во 1 - ва. Година средно образование во С.О.У "...
02/09/2026

Исплатена е поддршката од 10.000 денари за средношколците кои се запишаа во 1 - ва. Година средно образование во С.О.У "Цар Самоил" Ресен .

Среќен и успешен почеток на новата учебна година на сите ученици, а посебно на нашите најмили — првачињата! 🎒📚Денес ги п...
01/09/2026

Среќен и успешен почеток на новата учебна година на сите ученици, а посебно на нашите најмили — првачињата! 🎒📚

Денес ги посетив основните училишта во градот Ресен за да им го честитам овој посебен ден на нашите најмали ученици.

Со насмевки, љубопитност и полни соништа, годинава во петте основни училишта во нашата општина за првпат во училишните клупи седнаа 91 прваче.

И оваа година, Општина Ресен обезбеди финансиска поддршка од по 5.000 денари за секој ученик запишан во прво одделение, со цел да им го олесниме почетокот на нивното образование и да им покажеме дека грижата за најмладите е наш приоритет.

Драги ученици, ви посакувам година исполнета со многу петки, нови пријателства и стекнување знаења кои ќе ви ја отворат вратата кон успешна иднина.

На наставниците и родителите им посакувам многу трпение, мудрост и гордост во водењето на нашите млади генерации.

Среќна и успешна учебна година! 🍀📖

Пожарот кој вчера избувна во близина на атарот на село Подмочани и се прошири кон пониските делови на Националниот парк ...
30/08/2026

Пожарот кој вчера избувна во близина на атарот на село Подмочани и се прошири кон пониските делови на Националниот парк „Пелистер“, од страната на Преспа, е локализиран.

Од самиот почеток, Општина Ресен, преку своите противпожарни екипи и расположливите ресурси, активно е вклучена во справувањето со пожарот.

Заедно со екипите на НП „Пелистер“, ТППЕ Ресен и Битола,ЈКП - Пролетер,Ренџерската служба на Општина Ресен,ЈП Национални шуми, Дирекцијата за заштита и спасување, доброволните противпожарни друштва, јавните претпријатија и приватните субјекти, се вложуваат максимални напори за целосно ставање на пожарот под контрола.

Во текот на целата ноќ екипи од Ресен и Битола беа на терен, а во текот на денот имаше и дополнителна воздушна интервенција со хеликоптер на МВР и два „Ер трактори“.

Состојбата е стабилна, но поради големината на зафатената површина и временските услови, опасноста од повторно ширење на пожарот сè уште постои.

Изразувам благодарност до сите пожарникари, припадниците на НП „Пелистер“, доброволци, јавните претпријатија, приватни компании и сите граѓани кои со своето ангажирање придонесуваат во справувањето со огнената стихија.

Апелирам до сите граѓани на крајна внимателност и одговорно однесување во шумските предели, особено во овие денови со висока опасност од пожари.

Започнати се градежните активности за реконструкција на дел од улицата „Иво Лола Рибар“.Со реконструкцијата се предвидув...
25/08/2026

Започнати се градежните активности за реконструкција на дел од улицата „Иво Лола Рибар“.

Со реконструкцијата се предвидува изградба на нова водоводна и атмосферска канализациона мрежа, како и целосно асфалтирање на улицата.

Со реализацијата на овој проект ќе се унапреди патната и комуналната инфраструктура во овој дел од градот.

Традиционално, како и секоја година, така и оваа година, во дворот на Домот на културата „Драги Тозија“ се одржа манифес...
21/08/2026

Традиционално, како и секоја година, така и оваа година, во дворот на Домот на културата „Драги Тозија“ се одржа манифестацијата „Најдобар од најдобрите генерација 2022 - 2026 “.

Овогодинешното признание за „Најдобар од најдобрите“ му припадна на ученикот Георгиевски Христијан, за неговите извонредни постигнувања, посветеност и успех.

Нека ова признание биде дополнителен поттик за остварување на неговите цели и соништа.

На Христијан и на сите други ученици им упатувам искрени честитки и посакувам многу здравје, среќа, успех и уште поголеми достигнувања во иднина.

Бидете пример за сите млади и продолжете да чекорите по патот на успехот!

Денес имав чест и задоволство да ја пречекам вршителката на должност Амбасадор на САД, г-ѓа Никол Варнс.​За време на наш...
20/08/2026

Денес имав чест и задоволство да ја пречекам вршителката на должност Амбасадор на САД, г-ѓа Никол Варнс.

​За време на нашата средба отворивме важни теми за иднината и напредокот на нашиот регион.

Разговаравме за ​Локалниот економски развој и можностите за развој на стопанството во Општина Ресен и поддршката за јакнење на капацитетите на општините.

​Поддршка за земјоделците со фокус на нашите јаболкопроизводители, зајакнување на земјоделскиот сектор и изнаоѓање решенија за поддршка на локалното население.

Ја запознавме амбасадорката со богатите природни и културни убавини кои го прават нашиот крај единствен, како и со потенцијалите за развој на одржлив туризам.

​Американското пријателство и партнерство се од исклучително значење за Општина Ресен.

За многу години Македонијо !
02/08/2026

За многу години Македонијо !

Денес по повод одбележувањето на 2 Август – Денот на Републиката и националниот празник Илинден, заедно со советници на ...
02/08/2026

Денес по повод одбележувањето на 2 Август – Денот на Републиката и националниот празник Илинден, заедно со советници на Советот на Општина Ресен, положивме свежо цвеќе пред спомен-обележјата во чест на сите херои и борци кои го дадоа својот живот за слободата и независноста на нашата татковина.

Со почит и благодарност се поклонуваме пред нивното дело и аманет, чувајќи го споменот за нивната храброст и жртва.

Нека е вечен Илинден! 🇲🇰

Денес  во Општина Преспа - Р.Грција се одржа работна средба на која се разговараше за понатамошното унапредување на прек...
31/07/2026

Денес во Општина Преспа - Р.Грција се одржа работна средба на која се разговараше за понатамошното унапредување на прекуграничната соработка, како и за напредокот на активностите за отпочнување на градежните работи од грчка страна на граничниот премин Маркова Нога – Лемос.

Address

Плоштад Цар Самоил бр. 20
Resen
7310

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Јован Тозиевски - Градоначалник на Општина Ресен posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Јован Тозиевски - Градоначалник на Општина Ресен:

Share