ВМРО-ДПМНЕ ОК - Ресен

ВМРО-ДПМНЕ ОК - Ресен ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО-ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА ЗА МАКЕДОНСКО НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО

18/08/2026

Отворен е јавниот повик за претседатели на Општинските комитети на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Ги повикуваме сите млади кои имаат визија, енергија, одговорност и желба активно да придонесуваат во својата општина да се пријават и да ја преземат одговорноста за градење силна, организирана и активна младинска структура.

Ова е можност за сите оние кои сакаат да бидат дел од процесот на создавање нови идеи, нова енергија и нови успеси.

📅 Рок за пријавување: 31.08.2026 година

Пријавете се. Преземете одговорност. Бидете дел од тимот што ја движи младината напред.

Да живее Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ!

02/08/2026

За многу години Македонијо !

02/08/2026
Денес, по повод 2 Август – Денот на Републиката и големиот празник Илинден, Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Ресен поло...
02/08/2026

Денес, по повод 2 Август – Денот на Републиката и големиот празник Илинден, Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Ресен положи свежо цвеќе пред спомен-обележјата, оддавајќи почит на сите херои и борци кои се бореле и ги положиле своите животи за слободна и независна Македонија.

Илинден е симбол на македонската непокорност, храброст и стремеж кон слобода.

Наш долг е да го чуваме споменот за нивното дело и да го пренесуваме аманетот на идните генерации.

Нека е вечен споменот на илинденските
херои!

Нека е вечен Илинден! 🇲🇰

Со голема тага и неверување ја примивме веста за прераната смрт на Д-р Васко Мицевски.Д-р Васко Мицевски беше врвен лека...
14/07/2026

Со голема тага и неверување ја примивме веста за прераната смрт на Д-р Васко Мицевски.

Д-р Васко Мицевски беше врвен лекар, специјалист по интерна медицина, човек кој својот живот го посвети на грижата за здравјето на граѓаните, но и истакнат општественик и политички деец. Како поранешен претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ – Ресен и поранешен пратеник во Собранието на Република Македонија, остави значаен белег во јавниот и политичкиот живот, секогаш работејќи со чест, достоинство и посветеност.

Неговата човечност, професионалност и искрен однос кон луѓето ќе останат трајно запаметени од сите што имаа можност да го познаваат и да соработуваат со него.

Во овие тешки моменти изразуваме искрено сочувство до неговото семејство, роднините и пријателите.

Нека почива во мир, а неговиот спомен нека биде вечен.

🇲🇰 Денес е голем ден!Денес со особена чест и гордост одбележуваме 36 години од Основачкото собрание на ВМРО-ДПМНЕ во Рес...
30/06/2026

🇲🇰 Денес е голем ден!

Денес со особена чест и гордост одбележуваме 36 години од Основачкото собрание на ВМРО-ДПМНЕ во Ресен – историски ден кога беа поставени темелите на една идеја која и денес живее и ја гради иднината на Македонија.

На 30 јуни 1990 година, во Ресен беше испратена јасна порака за единство, демократија, слобода и просперитет:

„Македонци, Турци, Власи, Албанци, Роми и Југословени – застанете под заедничкото знаме на ВМРО-ДПМНЕ, зашто само тоа ве води до демократија, мир, економски просперитет и благосостојба.“

Со почит кон основачите, благодарност до сите кои низ годините ја носеа идејата и со одговорност кон генерациите што доаѓаат, продолжуваме обединети по патот на напредокот.

Нека е вечна идејата!
Нека е вечно ВМРО-ДПМНЕ!
Нека е вечна Македонија! 🇲🇰

Address

Улица Ленинова
Resen
7310

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ВМРО-ДПМНЕ ОК - Ресен posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to ВМРО-ДПМНЕ ОК - Ресен:

Shortcuts

Share