30/06/2026
Во рамките на еднодневна едукативна работилница, учениците од деветто одделение од ООУ „Кузман Шапкарев“-н.Драчево, Кисела Вода успешно учествуваа во активност посветена на запознавање и користење на платформата Europass.
Работилницата започна со презентација на платформата, при што наставничката м-р Дијана Игњевска-Стојаноска ги запозна учениците со нејзината намена, можностите што ги нуди и нејзината важност за нивниот понатамошен образовен и професионален развој. Учениците со голем интерес ја проследија презентацијата и активно се вклучија во дискусијата и практичната работа.
Со стручна поддршка и насоки, учениците успешно креираа лични профили на платформата Europass. Со особена гордост можеме да истакнеме дека беа успешно изработени 37 профили, што претставува значаен резултат и доказ за ангажираноста, одговорноста и дигиталните вештини на учениците.
Оваа работилница претставува важен чекор во подготовката на учениците за нивното понатамошно образование и идна кариера. Стекнатите знаења и практични вештини ќе им овозможат полесно да ги претстават своите компетенции, достигнувања и квалификации во европски рамки.