Ministry of Digital Transformation

Ministry of Digital Transformation Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Ministry of Digital Transformation, Government Organization, https://maps. app. goo. gl/Rt7WikZULhhxRxwL 9, Skopje.

11/08/2026

🚗 Продолжуваме со промоција на електронските услуги за компаниите. Потребната услуга – на само еден клик!

🏢 Правните лица можат електронски да добијат потврда за поседување моторни возила за одреден временски период од Министерството за внатрешни работи.

Наместо посета на шалтер, барањето може да се поднесе онлајн преку Националниот портал uslugi.gov.mk, а услугата да се добие за неколку минути.

Побрза постапка, помалку административни обврски и повеќе време за работа и развој.
Чекор по чекор, услугите што им се потребни на компаниите ги правиме поедноставни, побрзи и достапни онлајн. 🇲🇰💻

🔗 Линкот до услугата е достапен во коментар.

05/08/2026

Започнуваме со промотивна кампања за електронските услуги за компаниите. Само еден клик до потребната услуга❗️

🏢 Една од најкористените е-услуги за правните лица е издавањето уверение од кривична евиденција од основните судови.

Наместо одење на шалтер и губење време, компаниите можат електронски да поднесат барање преку Националниот портал uslugi.gov.mk.

Побрза постапка, помалку бирократија и повеќе време за работа и развој.
Дигиталната трансформација има вистинска вредност кога институциите стануваат поефикасни, а услугите подостапни за граѓаните и компаниите. 🇲🇰💻

Линкот до услугата е достапен во коментар.

На 2 август, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, ја предводеше владината делегација на одбележува...
04/08/2026

На 2 август, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, ја предводеше владината делегација на одбележувањето на Илинден во Смилево, Демир Хисар.

Заедно со заменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, и заменик-министерот за јавна администрација, Лазе Јакимоски, делегацијата положи свежо цвеќе пред спомен-обележјата, оддавајќи почит на илинденците и на сите кои се бореле за слободна, независна и достоинствена Македонија.

Во своето обраќање, министерот Андоновски порача дека Илинден не е само историски датум, туку трајна вредност и обврска за секоја генерација.

„Илинден е вредносен систем: непокор, слобода и иднина. Историјата не е нешто што се наследува, туку нешто што секоја генерација повторно го заслужува“, истакна Андоновски.

Тој нагласи дека предизвиците денес се различни, но одговорноста останува иста – да се гради држава во која младите ќе сакаат да останат, институциите ќе ја заслужуваат довербата, а трудот ќе биде највисока вредност.

🇲🇰 Нека е вечен Илинден! Нека е вечен непокорот, слободата и иднината што заедно ја градиме.

Ви претставуваме нова услуга од Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ), достапна на националниот портал https://usl...
30/07/2026

Ви претставуваме нова услуга од Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ), достапна на националниот портал https://uslugi.gov.mk/ .

Во употреба е – Уверение за квалитет В1 или сертификат за извоз на вино.

Линкот до услугата е достапен во коментар.

Ви претставуваме нова услуга од Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ), достапна на националниот портал https://usl...
30/07/2026

Ви претставуваме нова услуга од Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ), достапна на националниот портал https://uslugi.gov.mk/ .

Во употреба е – Уверение за квалитет - сертификат на земјоделски производи, преработки и стоки.

Линкот до услугата е достапен во коментар.

30/07/2026
30/07/2026

Заедничка прес-конференција на министерот за дигитална трансформација, Андоновски и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ), Ангеловски

28/07/2026

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Ве известуваме дека прекинот во снабдувањето со електрична енергија во една од државните институции е надминат, а сите услуги на порталот uslugi.gov.mk повторно функционираат непречено.
Нормалното функционирање на системот е целосно воспоставено и сите услуги се повторно достапни за користење.

Ви благодариме за трпението и разбирањето.

🇲🇰🤝🇮🇳 Да изградиме дигитален и економски мост помеѓу Македонија и Индија.На бизнис форумот меѓу двете земји, министерот ...
22/07/2026

🇲🇰🤝🇮🇳 Да изградиме дигитален и економски мост помеѓу Македонија и Индија.

На бизнис форумот меѓу двете земји, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, ги претстави можностите за продлабочување на соработката во областа на дигиталната трансформација, во присуство на претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Во фокусот беше предлог-проектот за унапредување на Централниот регистар на население, со предложена поддршка од Фондот за развојно партнерство Индија–ОН. Проектот предвидува поврзување на клучните матични евиденции, подобрување на квалитетот на податоците со примена на вештачка интелигенција и развој на аналитички алатки за креирање политики засновани на докази.

Министерот ги повика индиските компании и инвеститори да ги препознаат можностите што ги нуди Македонија и да инвестираат во дигитализација, вештачка интелигенција, сајбер-безбедност, финансиски технологии, cloud решенија и развој на дигитални вештини.

Со нови партнерства и инвестиции продолжуваме да создаваме помодерни, побрзи и поефикасни дигитални услуги, со конкретни придобивки за граѓаните, компаниите и целокупниот економски развој.

Нов Центар за услуги за жителите на Општина КрушевоЗапочна со работа 16-тиот Центар за услуги на Министерството за дигит...
20/07/2026

Нов Центар за услуги за жителите на Општина Крушево

Започна со работа 16-тиот Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку него граѓаните ќе може да добиваат поддршка и полесен пристап до сите електронски услуги достапни на Националниот портал - uslugi.gov.mk. Со ова директно ги отстрануваме бариерите поврзани со возраста, дигиталната писменост и местото на живеење.

Дигиталната трансформација мора да биде достапна за секого.

Продолжуваме со работа и со инвестиции во секој дел од државата, бидејќи секој граѓанин заслужува еднакви можности во дигиталниот свет.

Address

Https://maps. App. Goo. Gl/Rt7WikZULhhxRxwL 9
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 08:00 - 16:00
Tuesday 08:00 - 16:00
Wednesday 08:00 - 16:00
Thursday 08:00 - 16:00
Friday 08:00 - 16:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Ministry of Digital Transformation posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Ministry of Digital Transformation:

Shortcuts

Share