Вила „Comfy“ и базен го создадовме со особена посветеност и мерак, со сѐ што е потребно за одблежување на родендени, прослави и сите моменти кои ви се важни вам и на вашите најблиски.
Базенот со димензии 11 x 6 метри, нуди одлична можност за разладување во жешките летни денови. Постепено почнувајќи од еден, па се до два метри длабочина, дизајниран е да ги задоволи потребите на секој. Може истовре
мено да го користат повеќемина, а децата и возрасните го обожаваат подеднакво.
Тој е сместен во голем двор, заедно со внатрешен простор. Опремен е за прослави со конопои, сферни лулашки за уживање, голем шанк со шанкерски столчиња и соодветно озвучување. Заедно со голем летниковец заштитен од сончевите зраци, поставен непосредно над базенот, кој нуди приватност, можност за релаксација и вистинско уживање.
Локацијата е лесно достапапна со автомобил, како и со јавен градски превоз, со простор за паркирање на 15тина автомобили, како и возила за групен превоз.
За прекрасни и незаборавни моменти, резервирајте на 070-260-506.