14/08/2026
🐾 Ѓоре бара дом или привремен згрижувач! ❤️
Запознајте го Ѓоре - прекрасно куче со мил, питом и нежен карактер. 🐶✨ А неговите очи? Очите на Ѓоре се оние во кои ќе се вљубите на прв поглед! 🥹❤️
Тој заслужува семејство кое ќе му подари сигурност, љубов и место кое конечно ќе го нарече свое. 🏡 Ѓоре би бил идеален за дом со добро ограден двор, каде што ќе може слободно да ужива, да си игра и да биде дел од едно вистинско семејство.
📍 Локација на заловување: Општина Ѓорче Петров
Со секое вдомено куче од Лајка, добивате ваучери од нашите пријатели Bubbly - Бабли 🫧🐾, Пансион и прошетки за миленици - Skopje Paws и BOOBOO Pet's Cosmetics
Вдоми, не купувај! 🐾