Уставен суд на Република Северна Македонија

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Уставен суд на Република Северна Македонија

Уставен суд на Република Северна Македонија Уставниот суд е орган на Републиката. Врши контрола на уставноста и законитоста, ги штити човековите права и слободи

12/08/2026

Во врска со соопштението на Судскиот совет на Република Северна Македонија и Здружението на судии, Уставниот суд упатува на член 112 став 3 од Уставот, според кој „Одлуките на Уставниот суд се конечни и извршни“, како и на член 89 став 2 од Актот на Уставниот суд, кој уредува дека „Одлуките со кои Судот утврдил повреда на слободите и правата утврдени со член 110 алинеја 3 од Уставот, ги извршува органот или субјектот што врши јавни овластувања што го донел поединечниот акт, односно го презел дејствието кое Уставниот суд со одлука го забранил“. Дополнително, согласно со член 85 став 2 од Актот на Судот, „Одлуките на Уставниот суд се извршуваат без никакво одлагање“.

Во оваа насока е и член 91 од Актот: „Врз основа на претходно добиени податоци и известувања, Уставниот суд може да донесе посебно решение со кое ќе утврди дека неговата одлука не е извршена и ќе го извести надлежното јавно обвинителство, како и органот што го именувал или избрал раководителот на органот или телото што не ја извршило одлуката на Судот“.

#уставенсуд #Устав

❗️Судот го извести Обвинителството и Судскиот совет дека судија oд Основниот граѓански суд не извршил одлука на Уставнио...
07/08/2026

❗️Судот го извести Обвинителството и Судскиот совет дека судија oд Основниот граѓански суд не извршил одлука на Уставниот суд за слободи и права-за прв пат применет механизмот за заштита на сопствените одлуки

Уставниот суд на 24 септември 2025 година утврди повреда на слободите и правата коишто се однесуваат слободата на јавно изразување на мислата на Наташа Стојановска сторени со две пресуди (едната од Основниот граѓански суд Скопје од 15.06.2022 и втората од Апелациониот суд Скопје од 19.12.2024 година) и го уважи барањето на подносителката.

На 22 мај 2026 година, полномошникот на подносителката, адвокатот Филип Медарски го извести Уставниот суд дека пресудата за предметот БЗСП.бр.8/2025 не е извршена(не е земена предвид), бидејќи предлогот на подносителката Стојановска за повторување на постапката во Основниот граѓански суд е отфрлен.

По ова известување, судиите на работен состанок одржан на 15 јули 2026 година, со мнозинство гласови, одлучија да се донесе посебно решение со кое ќе се утврди дека Одлуката на Уставниот не е извршена.

Потоа, на седницата која се одржа на 22 јули 2026 година, Судот го донесе Решението во кое констатира дека Одлуката БЗСП.бр.8/2025, не е извршена. Ова е констатирано по детален увид на Решението П4-240/22 од 4 мај 2026 година донесено од судијата кој постапувал во предметот, во Основниот граѓански суд Скопје.

Уставниот суд утврди дека првостепениот (Основниот граѓански) суд се повикал на одредбите од Законот за парничната постапка, навел дека Одлука на Уставниот суд не може да биде основ за повторување на постапката како нов факт или доказ, но пропуштил да ги земе предвид уставно утврдените правни карактеристики и правно дејство на одлуките на Уставниот суд, односно нивната конечност, извршност и општа задолжителност, со што во суштина не ја извршил Одлуката на Уставниот суд.

Уставниот суд смета дека ваквите случаи треба да се согледуваат низ призмата на целовитоста на Уставот, особено на непосредната уставно-судска заштита кои ги уживаат правата предвидени во член 110 алинеја 3 од Уставот.

Дополнително, во Основниот граѓански суд веќе имало воспоставено пракса да се земаат предвид одлуките на Уставниот суд кои се однесуваат на заштитата на слободите и правата. Имено, по донесувањето на Одлуката на Уставниот суд У.бр.146/2021 од 12 јули 2023 година, Основниот граѓански суд Скопје, одлучувал по предлог за повторување на постапката во правосилно завршениот предмет МАЛВП-705/20 од 14.04.2021 година, ја прифатил наведената одлука на Уставниот суд како нов факт и нов доказ и како основ за повторување на постапката согласно со член 392 став 1 точка 9 од Законот за парничната постапка.

Ваквиот пристап подоцна бил прифатен и од Апелациониот суд Скопје со Решението ГЖ-118/24 од 07.11.2024 година.

Оттука, Уставниот суд оцени Основниот граѓански суд за Наташа Стојановска, не овозможил остварување на уставните слободи и права на подносителката иако истите биле утврдени со Одлуката БЗСП.бр.8/2025 на Уставниот суд.

❗️ Конечноста и извршноста на одлуките на Уставниот суд се заштитени и со кривично-правни санкции во случај кога не се извршуваат.

Ова кривично дело, вклучувајќи го и прашањето дали постои одбивање за извршување и кривична одговорност на определено лице, спаѓа под ингеренции на надлежното јавно обвинителство и надлежниот суд.

🔗Уставниот суд за прв пат во овој случај го примени новиот механизам за извршување на одлуките предвиден со Актот на Судот кој стапи во сила од септември 2024 година.

Предметот по кој одлучуваше Уставниот суд и утврди повреда на слободите и правата на Наташа Стојановска се однесува на настаните во Собранието на Република Северна Македонија од 27 април 2017 година.

Подносителката, како акредитиран новинар на Телевизија „24 Вести“, била присутна во зградата на Собранието со задача да известува за изборот на нов претседател на Собранието, како прашање од изразен јавен интерес. По насилниот упад во собраниската зграда, таа била изложена на закани и заплашување и била спречена да ја врши новинарската задача, притоа не била обезбедена соодветна заштита од надлежните државни органи.

#уставенсуд #решение #ЈавноОбвинителство #судскисовет #извршување

🔎Дознај факти: Со кои институции соработува Уставниот суд?Преку овие партнерства  Судот ја зајакнува својата меѓународна...
04/08/2026

🔎Дознај факти: Со кои институции соработува Уставниот суд?

Преку овие партнерства Судот ја зајакнува својата меѓународна и институционална поврзаност, со постојана размена на знаења, искуства и добри практики во областа на уставното судство.

#дознај #факти од #уставенсуд

🇲🇰🇲🇰 Честитка до сите граѓани по повод одбележувањето на 2 Август-Илинден, Денот на Републиката. Претседателот на Уставн...
02/08/2026

🇲🇰🇲🇰 Честитка до сите граѓани по повод одбележувањето на 2 Август-Илинден, Денот на Републиката.

Претседателот на Уставниот суд , д-р Дарко Костадиновски, во свое лично име и во име на Судот, ја упатува следната честитка:

Почитувани граѓани,

Денес, кога одбележуваме 123 години од Илинденското востание и 82 години од Првото заседание на АСНОМ, со длабока почит се поклонуваме пред визионерството, храброста и жртвата на генерациите кои ги поставија темелите на македонската државност.

Идеалите на илинденците и на асномската генерација нè обврзуваат да ја надградиме нашата просперитетна, современа и правна држава, во која институциите ќе постапуваат одговорно, а граѓаните ќе имаат доверба дека нивните права и слободи се сигурно заштитени.

Чин на највисок патриотизам денес претставува вистинската посветеност на владеењето на правото, почитувањето на Уставот и зајакнувањето на правната држава.

Силата на Уставот лежи целосно во посветеноста на секој граѓанин да го штити истиот...
Само доколку секој од нас ја чувствува таа должност, уставните права и слободи ќе бидат вистински заштитени, а правната држава ќе биде наша заедничка реалност.

Денес повеќе од кога било, потребно е повторно да учиме да бидеме обединети околу Уставот, владеењето на правото и заедничката одговорност кон Републиката.

Илинденската идеја не завршува со освојувањето на слободата. Таа продолжува со обврската да ја чуваме истата.

Мирот и слободата се неразделни, а праведното општество може да постои само таму каде што владее правото и секој ја презема својата одговорност кон државата и кон Уставот.

Нека ни е честит и вековит Илинден – Денот на Републиката!

#уставенсуд #честитка #Илинден

Судијата Мери Дика Георгиевска денеска ги започна своите работни обврски во Уставниот суд.Во рамки на првиот работен ден...
30/07/2026

Судијата Мери Дика Георгиевска денеска ги започна своите работни обврски во Уставниот суд.

Во рамки на првиот работен ден, судијката Георгиевска оствари работен состанок со претседателот д-р Дарко Костадиновски кој ја запозна со внатрешната организација и начинот на функционирање на Уставниот суд, како и со судиите и вработените во стручната служба.

На судијата Георгиевска и се доделени работни материјали за претстојните активности на Судот.

Во наредниот период на судијата Георгиевска ќе ѝ бидат распределени предмети по кои ќе постапува како судија-известител.

Мандатот на судијата Мери Дика Георгиевска во Уставниот суд трае девет години.

#уставенсуд #судија

🇲🇰🤝🇹🇷 Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, во Анкара оствари работна средба со претседателот на Уста...
19/07/2026

🇲🇰🤝🇹🇷 Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, во Анкара оствари работна средба со претседателот на Уставниот суд на Република Турција, Кадир Озкаја.

На средбата беше потврдена заедничката определба за унапредување на билатералната соработка, размена на искуства во областа на уставното судство и продлабочување на институционалните односи меѓу двата суда.

💬Уставните судови, преку заемна соработка и размена на искуства, придонесуваат кон јакнењето на владеењето на правото, независноста на уставното судство и заштитата на уставните вредности. Искрено ја цениме подготвеноста на Уставниот суд на Република Турција за натамошно продлабочување на нашите односи и заедничко дејствување во рамките на меѓународните уставносудски иницијативи, изјави претседателот Костадиновски.

Посебен акцент беше ставен на претстојните активности во рамките на Балканскиот форум на уставни судови (BCCF) и на натамошното зајакнување на меѓународната соработка.

#уставенсуд #Соработка

На 19. седница одлучивме да поведеме постапка поради сомнеж во уставноста на 41-а став 7 во делот „превозот“ од Законот ...
15/07/2026

На 19. седница одлучивме да поведеме постапка поради сомнеж во уставноста на 41-а став 7 во делот „превозот“ од Законот за средното образование. Ова е одредба која се однесува на правото на користење на бесплатен јавен превоз за сите ученици во средното образование.

Судот изрази сомнеж дека станува збор за неуставна одредба, бидејќи и покрај тоа што со Одлуката У.бр.81/2023 ги укина деловите кои продуцираат нееднаков третман за учениците од приватните средни училиша, на начин што тие не можат да го користат јавниот транспорт бесплатно, Собранието не ја испочитувало Одлуката на Уставниот суд и повторно донело спорни измени во Законот за средното образование.

Овој предмет(У.бр.92/2025 ) е формиран по сопствена иницијатива на Уставниот суд и предлог на претседателот д-р Дарко Костадиновски, дополнително во Судот пристигна и иницијатива од Добре Наумовски и Ана Марија Јордановска(У.бр.122/2025).

За другите предмети Судиот одлучи👇

📌Реферат У.бр.139/2025

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 30 став 6, член 31 ставовите 1, 3 и 4, член 32 ставовите 2 и 5, член 47 став 3 и член 52 став 3 од Законот за заштита и благосостојба на животните

Подносител на иницијативата: Адвокатско друштво „Менкиноски” преку Тони Менкиноски и Сања Трајановска Ташков

📌 Реферат У.бр.160/2025

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 33 став 1 во делот „трошоците“ од Законот за царински мерки за спроведување на заштита на правата од интелектуална сопственост

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

За останатите одлуки прочитајте повеќе детално на https://ustavensud.mk/archives/40781

#уставенсуд #седница

Соопштение по одржаната 19. седница на Уставниот суд

Ќе дискутираме за осум предмети во кои се бара оценување на уставност и законитост , денеска на 19. седница. Предвидено ...
15/07/2026

Ќе дискутираме за осум предмети во кои се бара оценување на уставност и законитост , денеска на 19. седница.

Предвидено е и да се одлучува по четири предлог-одлуки.

Повеќе информации за предметите прочитајте на нашата веб-страница👇

https://ustavensud.mk/archives/40576

#уставенсуд #седница

Дневен ред за 19. седница на Уставниот суд закажана за 15 јули 2026 година во 9:30 часот

🔜Се подготвуваме за 4. Форум на балканските Уставни судовиПретседавањето со BCCF ќе го заокружиме со меѓународна конфере...
14/07/2026

🔜Се подготвуваме за 4. Форум на балканските Уставни судови

Претседавањето со BCCF ќе го заокружиме со меѓународна конференција која ќе биде посветена на „Современите предизвици за владеење на правото: Улогата на уставните судови“.

Со поддршка на OSCE Mission to Skopje организираме настан на кој ќе присуствуваат претседатели на уставните судови од балканските земји, претседателот на првиот уставен суд во Европа- австрискиот Уставен суд, претставници од Врховниот уставен суд на Египет, Асоцијацијата на франкофонски уставни судови (ACCF), Европскиот суд за човекови права, Венецијанската комисија и други истакнати претставници на меѓународната правна заедница.

Во центарот на меѓународната конференција ќе бидат прашањата за зајакнување на довербата во уставните судови, заштитата на владеењето на правото во услови на современи демократски предизвици и улогата на уставното судство во дигиталната ера.

Повеќе информации👉 https://ustavensud.mk/archives/40743

#уставенсуд #конференција

Address

Кеј „Димитар Влахов“ бр. 19
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 08:00 - 16:00
Tuesday 08:00 - 16:00
Wednesday 08:00 - 16:00
Thursday 08:00 - 16:00
Friday 08:00 - 16:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Уставен суд на Република Северна Македонија posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Category