Rotary Club Skopje East

Rotary Club Skopje East We believe that we have a shared responsibility to take action on our world’s most persistent issues.

It is a part of a global network of more than 35,000+ clubs

Честит 2 Август – Илинден!Нека овој голем празник нè потсетува на силата на единството, слободата и одговорноста заедно ...
02/08/2026

Честит 2 Август – Илинден!

Нека овој голем празник нè потсетува на силата на единството, слободата и одговорноста заедно да градиме подобра иднина за нашата татковина.

💙💛 Create Lasting ImpactОва е новата претседателска порака на Rotary International за ротаријанската 2026/2027 година, п...
07/07/2026

💙💛 Create Lasting Impact

Ова е новата претседателска порака на Rotary International за ротаријанската 2026/2027 година, порака која нè потсетува дека промената е само почеток, а вистинската вредност се мери преку влијанието што го оставаме зад себе.

Во Ротари клуб Скопје Исток оваа порака ја препознаваме како поттик да продолжиме да создаваме трајни вредности за нашата заедница.

Секоја крводарителска акција, секоја донација, секоја подадена рака, секоја поддршка за децата, младите и ранливите категории, секое ново партнерство и секој проект што го реализираме има една заедничка цел – да остави позитивна трага што ќе се чувствува и во иднина.

Веруваме дека најголемиот успех не се мери со бројот на реализирани активности, туку со животите што сме ги допреле, можностите што сме ги создале и надежта што сме ја подариле.

📌 Последен редовен состанок за ротаријанската 2025/2026 годинаНа последниот работен состанок за ротаријанската 2025/2026...
17/06/2026

📌 Последен редовен состанок за ротаријанската 2025/2026 година

На последниот работен состанок за ротаријанската 2025/2026 година направивме осврт на активностите, успесите и проектите кои го одбележаа изминатиот период, но и поглед кон новите предизвици и можности што нè очекуваат.

Посебен момент на вечерта беше свеченото примопредавање на должноста на новото раководство на клубот, при што функцијата претседател ја презеде Александар Георгиевски, а функцијата секретар Влатко Ужевски.

Им посакуваме успешен мандат исполнет со нови идеи, иницијативи и проекти. Пред нив е одговорна задача да ја продолжат работата на клубот, да ги надградат досегашните успеси и да постават темели за нови партнерства и активности во служба на заедницата.

Во текот на изминатата година реализиравме бројни активности и проекти: редовните крводарителски акции во соработка со Црвен крст, донации на облека за Домот за бездомници „Момин Поток“, поддршка и соработка со Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“, едукативни предавања и настани, активности заедно со Интеракт клуб Скопје Исток, како и успешни меѓународни посети и соработки со ротаријанци од Словенија.

Горди сме и на новите партнерства, меѓу кои и соработката со здружението "Креатива Исток", како и на многуте хуманитарни и општествено одговорни иницијативи што ги реализиравме заедно.

🙏 Благодарност до сите членови, пријатели, партнери и поддржувачи кои беа дел од оваа успешна година.

Продолжуваме понатаму, водени од истите вредности: пријателство, интегритет, служба и грижа за заедницата. 💙💛

Rotary Club Skopje X настан:"Што не учат децата а треба"
02/06/2026

Rotary Club Skopje X настан:

"Што не учат децата а треба"

🌍 Светски ден на гладтаДенес, на Светскиот ден на гладта, се потсетуваме дека иако предизвикот е голем, промената е можн...
28/05/2026

🌍 Светски ден на гладта

Денес, на Светскиот ден на гладта, се потсетуваме дека иако предизвикот е голем, промената е можна кога луѓето, заедниците и организациите делуваат заедно.

Повеќе од 730 милиони луѓе во светот се соочуваат со глад, но истовремено низ целиот свет секојдневно постојат иницијативи, донации и човечка солидарност што носат надеж и вистинска поддршка.

Гладта не е само глобален проблем, таа е повик за акција, свест и грижа за другите.
Секоја донација, секој оброк, секоја подадена рака има значење.

Да продолжиме да градиме свет со повеќе хуманост, солидарност и надеж. 💙💛

✍️ Честит 24 Мај – Ден на Св. Кирил и Методиј!Да го негуваме знаењето, јазикот и духовното наследство што нè обединува и...
24/05/2026

✍️ Честит 24 Мај – Ден на Св. Кирил и Методиј!

Да го негуваме знаењето, јазикот и духовното наследство што нè обединува и нè води кон напредок. 💙💛

📌 Редовен состанок на Ротари клуб Скопје ИстокМајскиот состанок го поминавме во духот на сумирање, нови идеи и поглед ко...
23/05/2026

📌 Редовен состанок на Ротари клуб Скопје Исток

Мајскиот состанок го поминавме во духот на сумирање, нови идеи и поглед кон активностите што следуваат.

Се навративме на неодамна реализираниот Rotary Business Café и одбележувањето на четиригодишнината на клубот – моменти што уште еднаш потврдија колку значат заедништвото, визијата и хуманоста што ги градиме заедно.

Посебно внимание беше посветено на собраните средства и поддршката за штитеничката од училиштето „Димитар Влахов“, при што преку донацијата беа собрани вкупно 60.000 денари, уште еден доказ дека секоја иницијатива добива вистинска вредност кога зад неа стои заедница што делува.

Во фокусот беше и иницијативата Distinguished Gentleman’s Ride Skopje, во чии рамки ќе се организира донаторска аукција, за која наскоро ќе споделиме повеќе информации.

Разговаравме и за тековните и идни активности, од хуманитарни акции и донации, до нови иницијативи поврзани со заедницата, здравјето и соработката.

Продолжуваме понатаму – со идеи, акција и желба да оставиме позитивна трага таму каде што сме најпотребни. 💙💛

🏍️ Некои иницијативи продолжуваат и по самото возење.По овогодинешниот Distinguished Gentleman’s Ride Скопје, нашиот чле...
21/05/2026

🏍️ Некои иницијативи продолжуваат и по самото возење.

По овогодинешниот Distinguished Gentleman’s Ride Скопје, нашиот член Дејан Крстевски доби признание за најмногу собрани донации, а воедно иницираше и поширока поддршка на темата за машко здравје во рамки на нашиот Ротари клуб Скопје Исток.

Инспирирани од мисијата на DGR, започнуваме активности за подигање на свеста и собирање средства преку клупска дискусија, хуманитарна аукција и заеднички активности со претставници на DGR Скопје.

Целта е преку заедничка поддршка од заедницата да испратиме порака дека разговорот за машкото здравје е важен, потребен и не треба да се игнорира.

📢 Stay tuned — наскоро следуваат повеќе информации за активностите.

☕✨ Успешно реализирано Rotary Business Café 2026Во одлична атмосфера, инспиративни разговори и силен ротаријански дух, у...
12/05/2026

☕✨ Успешно реализирано Rotary Business Café 2026

Во одлична атмосфера, инспиративни разговори и силен ротаријански дух, успешно се одржа третото издание на Rotary Business Café 2026, во организација на Ротари клуб Скопје Исток.

Настанот обедини професионалци, ротаријанци, пријатели и гости кои имаа можност да проследат интересни и корисни излагања од нашите говорници:
🎤 Сашо Трипуновски
🎤 Ежени Брзовска
🎤 Александар Бошковски

Преку своите искуства, знаење и професионални приказни, говорниците отворија теми за лидерство, маркетинг, финансиско планирање, инвестирање и личен развој, поттикнувајќи инспиративни дискусии и нови идеи.
💙 Настанот имаше и хуманитарна цел – собраните средства од котизациите ќе бидат наменети за поддршка на лекување и терапии на девојче од Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“.

Воедно, настанот беше и прекрасна можност за одбележување на годишнината на нашиот клуб, прослава на заедништвото, пријателствата и активностите што заедно ги градиме изминатите години.

🙏 Искрена благодарност до сите гости, поддржувачи, говорници и пријатели кои беа дел од оваа вечер и помогнаа Rotary Business Café повторно да биде настан со вистинска вредност и значење.

Rotary Club Skopje West
Rotary Club Skopje Vodno

Продолжуваме понатаму со идеи, хуманост и заедничка визија за подобра заедница. 💙💛

Address

Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Rotary Club Skopje East posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share