Левица - Гази Баба

Левица - Гази Баба Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Левица - Гази Баба, Political Party, Улица Јани Лукровски бр. 10, Skopje.

ЕВН МОРА ДА ОДГОВАРА КОГА ОД НЕЈЗИНАТА МРЕЖА ТРГНУВААТ ПОЖАРИ - МОНОПОЛ НЕ ЗНАЧИ НЕДОПИРЛИВОСТ🔥Кога некој ќе фрли догорч...
15/08/2026

ЕВН МОРА ДА ОДГОВАРА КОГА ОД НЕЈЗИНАТА МРЕЖА ТРГНУВААТ ПОЖАРИ - МОНОПОЛ НЕ ЗНАЧИ НЕДОПИРЛИВОСТ

🔥Кога некој ќе фрли догорче, запали стрниште или намерно ќе подметне пожар, треба да се бара истрага, санкција и одговорност. Но, што кога пожарот не го предизвикал подметнувач, туку електричен вод? Истиот принцип мора да важи и кога огнот тргнува од електроенергетската инфраструктура.

🚒Пожарот кај Рамни Габер во Студеничани го отвора ова прашање. Според првичните информации изнесени од надлежните, пожарот бил предизвикан од искра од кабел на дистрибутивната мрежа. Доколку се потврди, тогаш истрагата не смее да заврши со утврдување на причината. Мора да се понесе и одговорност, бидејќи пожарот можел да биде спречен и воопшто да не се случи.

📣Мрежните правила наложуваат операторот да има организирано одржување на системот, а за надземните водови изречно предвидуваат прегледи, контроли, испитувања и ревизии, како и поправки, отстранување недостатоци и отклонување дефекти. Меѓудругото, на граѓаните и тоа им се фактурира. Значи, каблите не се оставаат да висат над Македонија, туку нивната состојба треба да се следи и ризиците да се отстрануваат пред искрата да стане пожар.

☀️Особено во лето, кога високите температури влијаат врз провисот на надземните проводници, контролата на критичните распони, растојанијата, вегетацијата и механичката состојба на мрежата е основна превенција.

⚡️ЕВН е дел од австриска енергетска групација со седиште во Австрија. Во Македонија со години работи во ултрапривилегирана положба на дистрибутивниот пазар, а граѓаните многу добро ја знаат нејзината ефикасност од аспект на коректноста, кога треба да се наплати долг, да се пресмета камата, да се исклучи корисник и слично.
Редно е да ја видиме истата ефикасност и кога треба да се отвори нивното досие за одржување.

‼️Не може државата и органите на прогон да се помрднат само при можност за подметнат пожар, а за моќен енергетски субјект иста таква искра да биде заведена како временска неприлика и сите да си одат дома.

📣 #Левица бара за секој пожар за кој постојат индиции дека потекнува од електродистрибутивната мрежа да биде предмет на темелна техничка и правна истрага, да се утврдат точниот вод, сопственоста, техничката состојба, датумите и записниците од последните контроли, пријавените дефекти и преземените интервенции. Ако се утврди дека пожар настанал поради пропуштено одржување, ненавремено отстранет дефект или друг пропуст – мора да се испита и кривичната и материјалната одговорност.

⚠️ЕВН не смее да биде над законите! Доста е со третманот на недопирливост. Кој наплаќа за мрежата - мора да одговара и за мрежата. Кој го зема профитот - мора да го сноси и ризикот.

ИЗВЕШТАЈОТ НА УНЕСКО ГО ПОТВРДУВА ОНА ШТО ЛЕВИЦА ГО ЗБОРУВА СО ГОДИНИ - ОХРИД Е ЖРТВА НА ПРОФИТЕРСТВОТО И ИНСТИТУЦИОНАЛН...
15/08/2026

ИЗВЕШТАЈОТ НА УНЕСКО ГО ПОТВРДУВА ОНА ШТО ЛЕВИЦА ГО ЗБОРУВА СО ГОДИНИ - ОХРИД Е ЖРТВА НА ПРОФИТЕРСТВОТО И ИНСТИТУЦИОНАЛНАТА НЕОДГОВОРНОСТ

⛔Најновиот извештај на УНЕСКО е уште една потврда на она што граѓаните на Охрид со години го гледаат пред свои очи: Охридскиот Регион е под сериозна закана, а институциите не се способни да го заштитат она што формално го прогласуваат за „национален приоритет“. УНЕСКО констатира дека напредокот во спроведувањето на претходните одлуки и препораки е ограничен и дека регионот и понатаму се наоѓа во „високо ранлива состојба“.

❌И повторно, истите проблеми: незаконска градба, слабости во спроведувањето на законите, неконтролирана урбанизација, недовршено урбанистичко планирање, проблеми со отпадот и отпадните води и бавно спроведување на мерките за заштита. Особено поразително е што УНЕСКО со години ги повторува истите забелешки, додека институциите продолжуваат да произведуваат стратегии, комисии, координативни тела, планови и најави - без суштинска промена на терен.

🛑Најдобар пример за институционалната неспособност е хотелот „Лагадин“. УНЕСКО потсетува дека мониторинг-мисиите од 2020 и 2024 година препорачале негово уривање, додека во најновиот извештај констатира дека останува нејасно дали воопшто е отстранета некоја од незаконските градби во периодот на известување. Ова е резултат на систем во кој законите постојат на хартија, а кога треба да се спротивстават на инвеститорскиот интерес, институциите потфрлаат.

🔺УНЕСКО јасно укажува дека проблемот не е само во поединечни објекти, туку во целиот модел на управување со Охридскиот Регион. Напредокот во справувањето со незаконската градба е ограничен, сè уште нема напредок со долгоочекуваните детални урбанистички планови за 19 урбани комплекси, а клучни мерки за правна заштита на езерото и Студенчишко Блато сè уште не се целосно спроведени. Во исто време, продолжуваат развојни проекти кои можат дополнително да ги нарушат вредностите поради кои Охрид е ставен под заштита.

🔴И затоа ова не е приказна за тоа дека „немало доволно време“ или дека „се работи на решавање на проблемите“. Веќе со години има доволно извештаи, експертски мисии и конкретни препораки. Она што недостасува е политичка волја да се пресече со урбанистичкиот хаос и интересите на градежно-инвеститорскиот капитал.

‼️УНЕСКО во предложената одлука предвидува Охридскиот Регион да биде впишан на Листата на светско наследство во опасност, со што институционалниот неуспех добива и меѓународна потврда.

🚫Затоа Владата мора да престане да се фали со комисии, стратегии и нови најави. Охрид не се спасува со уште една комисија, туку со запирање на незаконската градба, отстранување на објектите што ги нарушуваат неговите вредности, вистинска контрола врз урбанизацијата и итно решавање на проблемите со отпадните води и отпадот. Ако експертските препораки постојано се игнорираат кога ќе се судрат со интересите на инвеститорите и локалните моќници, тогаш заштитата на Охрид останува само празна декларација.

🟥Овој извештај покажува дека оние што се задолжени да го заштитат Охрид, со години го избираат профитот наместо јавниот интерес.

13/08/2026

🚨„Не знам дали има друга држава во Европа која нема државен ургентен центар за деца и не знам како оваа демохристијанска влада се прокламира дека е загрижена за наталитетот кога нема обезбедено елементарни услови за лечење на децата од најмала возраст.”

📣Пратеничката од #Левица, Јована МОЈСОСКА

ОРЦЕ ИСПИ ЧАША ВОДА ЗА ДА СИ ГО КРЕНЕ РЕЈТИНГОТ - ПОЛИТИЧКИ ЦИРКУС ЗА ПР НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ 📌Орце Ѓорѓиевски денес повто...
12/08/2026

ОРЦЕ ИСПИ ЧАША ВОДА ЗА ДА СИ ГО КРЕНЕ РЕЈТИНГОТ - ПОЛИТИЧКИ ЦИРКУС ЗА ПР НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ

📌Орце Ѓорѓиевски денес повторно покажа дека функцијата градоначалник ја разбира првенствено како ПР-платформа за лична промоција и партиски пресметки. Од непроверена порака што кружеше низ преписки за наводна неисправност на водата, успеа да произведе политички спектакл, да ги прогласи скопјани за хистерични и да ја обвини опозицијата дека е единствениот причинител на недовербата на граѓаните во власта.

📸Надлежните институции од него и неговата потреба за ПР беа спречени навремено, професионално и без политичка врева да ја информираат јавноста. Очигледно, за Ѓорѓиевски не е доволно институциите да си ја завршат работата. Потребна е камера, конфликт, политички непријател и, секако, потребен е Орце во центарот на кадарот.

🤔Ако веќе Ѓорѓиевски воведува практика без доказ да одредува кој стои зад некоја порака, тогаш со истата логика јавноста може да праша и дали пораката можеби била пуштена од кругови блиски до ДПМНЕ - за потоа истата власт да ја демантира, да произведе прес-конференција и да си запише уште еден измислен триумф.

‼️Бизарна e денешната експресна решителност на Ѓорѓиевски ако се потсетиме на Лепенец. Пред само неколку недели реката беше прекриена со пена, а градоначалникот ветуваше дека загадувачот ќе биде откриен, дека ќе следуваат санкции и дека немало да има толеранција за никого. Денес јавноста сè уште нема никаков епилог за тоа кој го предизвикал инцидентот и кој понел одговорност.

👉А токму ваквото владеење преку спектакл наместо преку резултат ја создава недовербата која Ѓорѓиевски денес ја нарекува хистерија. Граѓаните не се вознемируваат затоа што некоја опозиција им наредила да се плашат, туку затоа што со децении гледаат партизирани институции, кадровски импровизации, гласни ветувања без епилог и функционери кои се одлучни само додека работат камерите. Довербата не се гради со прес-конференциски темперамент, туку со компетентност, транспарентност и одговорност.

🚨И конечно, Ѓорѓиевски нека престане да ја продава приказната дека ДПМНЕ го открило Скопје пред осум месеци и сега херојски го спасува од некаков туѓ хаос. Политичката одговорност на ДПМНЕ за Град Скопје почнува многу порано. Данела Арсовска беше избрана со нивна директна политичка поддршка, ДПМНЕ ја имаше најголемата советничка група и претседателот на Советот, а по нивниот меѓусебен раскол следуваше повеќегодишна блокада чија сметка ја плаќаа скопјани.

🔴Сега, кога и градоначалникот и клучните лостови во Советот се под иста партиска команда, привидната деблокадата на институциите го продаваат како чудо изведено „за само осум месеци“.

11/08/2026
ПОДДРШКА ЗА СТРУМИЧКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ!‼️Левица дава целосна поддршка на струмичките земјоделци кои храбро излегоа на улица ...
09/08/2026

ПОДДРШКА ЗА СТРУМИЧКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ!

‼️Левица дава целосна поддршка на струмичките земјоделци кои храбро излегоа на улица во борба против понижувачките откупни цени на пиперката „куртовска капија“. Тие со месеци ја обработуваат земјата, вложуваат сопствени средства и го преземаат целиот ризик на производството, а сега за еден од најзначајните земјоделски производи во струмичкиот регион им се нудат потценувачки 25 денари за килограм.

📌Зад секоја нива стои семејство кое живее од земјата, а зад земјоделството стојат цели локални економии. Кога овие семејства ќе се откажат од производството, нивите остануваат празни, младите си заминуваат, а храната што можеме да ја произведеме овде ја купуваме однадвор. Македонија не смее да стане држава која увезува храна додека сопствените земјоделци ги остава без достоинствен приход.

🚨Струмичките земјоделци бараат 50 денари за прва класа, 40 денари за мешана прва и втора класа и 20 денари за втора класа, фиксни откупни цени за целата сезона, навремена исплата на родот и исплата на заостанатите субвенции. Тие бараат услови во кои ќе можат да произведуваат и следната година, наместо секоја сезона да се прашуваат дали воопшто ќе можат да ги покријат вложените средства. Во услови на постојан раст на производствените трошоци, државата не смее да го остава производителот сам, на милост и немилост на откупувачите!

📣Министре Серафимовски, земјоделците не излегоа на улица за да бидат сослушани и повторно испратени дома со празни ветувања. Од Министерството за земјоделство се очекува конкретно решение за нивните барања и гаранција дека трудот на земјоделците нема да биде обезвреднет.

🚩Левица се бори домашното производство да биде државен приоритет, а земјоделскиот труд да биде заштитен и соодветно вреднуван. Стоиме заедно со струмичките земјоделци и со секој македонски производител кој денес се бори за својата егзистенција и за опстанокот на домашното производство.

БЕЗ ЗЕМЈОДЕЛЦИ, НЕМА ХРАНА. БЕЗ ДОМАШНО ПРОИЗВОДСТВО, НЕМА ЕКОНОМСКА И НАЦИОНАЛНА СИГУРНОСТ!

05/08/2026

🚩„Левите гласачи во Република Македонија се оставени сами на себе. Нема левичарска платформа, нема левичарска економска политика и нема левичарски вредности за солидарност, егалитарност и социјална држава.
Ние гледаме како сите тие вредности на кои е поставена нашата држава, бидејќи е социјална држава, се распаѓаат.

✊Левица е одговор на тој вакум простор. Времињата се менуваат, особено во Скопје тоа беше нагласено. #Левица е сега втора партија во град Скопје и тоа веќе нема да се смени поинаку”.

🗣️Дел од гостувањето на пратеникот од Левица, Амар МЕЦИНОВИЌ, на Сител ТВ

📺Проследете го вечерашното гостување на пратеникот од  #Левица, Амар МЕЦИНОВИЌ, во вестите на Сител телевизија со почето...
04/08/2026

📺Проследете го вечерашното гостување на пратеникот од #Левица, Амар МЕЦИНОВИЌ, во вестите на Сител телевизија со почеток од 19:00 часот

Address

Улица Јани Лукровски бр. 10
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Левица - Гази Баба posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Левица - Гази Баба:

Shortcuts

Share