Државен завод за ревизија/Enti Shtetëror i Revizionit/State Audit Office

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Државен завод за ревизија/Enti Shtetëror i Revizionit/State Audit Office

Државен завод за ревизија/Enti Shtetëror i Revizionit/State Audit Office Официјална Фејсбук страна на Државниот завод за ревизија Official page of the State Audit Office, informing the public about current SAO operations.

Официјална Фејсбук страна на Државниот завод за ревизија, преку која јавноста може да се информира за тековното работење на ДЗР.

Повеќе за ДЗР: https://dzr.mk/mk
Стратешки документи: https://dzr.mk/mk/strateski-dokumenti

Во име на поттикнување креативна и конструктивна дискусија и размена на мислења во која никој нема да се почуствува отфрлен или навреден, ДЗР нема да одобрува навредувачки или о

малуважувачки содржини или промоција на нетолеранција, дискриминација и насилство. Поради задржување на нивото на комуникација ДЗР го задржува правото коментарите со навредувачка содржина да бидат отстранети, а корисниците кои континуирано ќе ги прекршуваат правилата да бидат блокирани.
За сите останати права и обврски за одговорност на нашата страна апликативни се одредбите на политиките на Фејсбук: https://www.facebook.com/legal/terms и https://www.facebook.com/policies/. Faqja zyrtare në Facebook e Entit Shtetëror të Revizionit, përmes së cilës publiku mund të informohet për punën aktuale të ESHR-së. Më shumë për ESHR-në: https://dzr.mk/mk
Dokumentet strategjike: https://dzr.mk/mk/strateski-dokumenti

Në emër të inkurajimit të diskutimit kreativ dhe konstruktiv dhe shkëmbimit të pikëpamjeve në të cilat askush nuk do të ndihet i refuzuar ose i fyer, ESHR nuk do të miratojë përmbajtje fyese ose përçmuese ose promovim të intolerancës, diskriminimit dhe dhunës. Për shkak të ruajtjes së nivelit të komunikimit, ESHR rezervon të drejtën të heqë komentet me përmbajtje fyese, si dhe përdoruesit që do të shkelin vazhdimisht rregullat, të bllokohen. Për të gjitha të drejtat dhe obligimet e tjera të përgjegjësisë në faqen tonë janë të zbatueshme dispozitat e politikave të Facebook: https://www.facebook.com/legal/terms dhe https://www.facebook.com/policies/. More about SAO: https://dzr.mk/mk
Strategic documents: https://dzr.mk/mk/strateski-dokumenti

Encouraging creative and constructive discussion and exchange of views so that no one could feel rejected or insulted, SAO will not endorse insulting or derogatory contents or promote intolerance, discrimination and violence. For maintaining appropriate level of communication, SAO reserves the right to remove comments with offensive contents, and to block users that continuously violate the rules. The provisions of Facebook policies are applicable for all other rights and obligations on responsibility for our site: https://www.facebook.com/legal/terms and https://www.facebook.com/policies/.

👉 Финансиски, организациски и технички слабости го отежнуваат работењето на ЈП „Комунална хигиена - Скопје“ ❗🔎 Објавен е...
14/07/2026

👉 Финансиски, организациски и технички слабости го отежнуваат работењето на ЈП „Комунална хигиена - Скопје“ ❗

🔎 Објавен е конечниот ревизорски извештај за извршена ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Јавното претпријатие Комунална хигиена-Скопје за 2024 година.

Линк до Конечен ревизорски извештај:
https://dzr.mk/sites/default/files/2026-07/KRI_Komunalna_higiena_FINAL.pdf

Линк до Соопштение за медиуми од конечен ревизорски извештај (македонски јазик):
https://dzr.mk/sites/default/files/2026-07/Soopstenie_mediumi_Komunalna_higiena_Skopje_FINAL_mkd_pdf.pdf

Линк до Соопштение за медиуми од конечен ревизорски извештај (албански јазик):
https://dzr.mk/sites/default/files/2026-07/Soopstenie_mediumi_Komunalna_higiena_Skopje_FINAL_ALB_pdf.pdf

Во периодот од 6 до 8 јули 2026 година, во Државниот завод за ревизија се одржа тридневна работилница со учество на враб...
10/07/2026

Во периодот од 6 до 8 јули 2026 година, во Државниот завод за ревизија се одржа тридневна работилница со учество на вработени од ДЗР вклучени во подготовката на новите стратешки документи и во улога на предавачи г. Ingvald Heldal и г-ѓа Siri Hellevik, претставници на Националната канцеларија за ревизија на Норвешка (NAON).

Работилницата се реализираше во рамките на билатералната соработка меѓу двете институции, со цел подготовка за спроведување на сеопфатна анализа на внатрешното и надворешното опкружување како основа за изработка на новите стратешки документи на ДЗР.

Работилницата со воведно обраќање ја отвори главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски кој потенцираше дека квалитетното стратешко планирање започнува со темелна анализа и јасна визија. Само преку објективна проценка на сопствените капацитети, предизвиците од надворешното опкружување и очекувањата на нашите засегнати страни можеме да изградиме стратегии што ќе обезбедат долгорочен развој на институцијата и ќе го зајакнат придонесот на Државниот завод за ревизија во унапредувањето на транспарентноста, отчетноста и доброто управување со јавните средства.

Во текот на работилницата беа обработени теми поврзани со евалуација на претходните стратегии, анализа на надворешното и внатрешното опкружување, проценка на институционалните капацитети и анализа на засегнатите страни. Преку интерактивни сесии и размена на искуства со експертите од NAON, учесниците ги унапредија своите знаења и капацитети за спроведување на анализите што следуваат.

👉 Нерамномерна распределба на средствата за активните меркиза вработување по плански региони во државата ❗🔎 Објавен е ко...
09/07/2026

👉 Нерамномерна распределба на средствата за активните мерки
за вработување по плански региони во државата ❗

🔎 Објавен е конечниот ревизорски извештај за извршена ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Агенција за вработување на Република Северна Македонија за 2024 година.

Линк до Конечен ревизорски извештај:
https://dzr.mk/sites/default/files/2026-07/KRI_Agencija_za_vrabotuvanje_AVRSM_FINAL_pdf.pdf

Линк до Соопштение за медиуми од конечен ревизорски извештај (македонски јазик):
https://dzr.mk/sites/default/files/2026-07/Soopstenie_AVRSM_FINAL_pdf_mkd.pdf

Линк до Соопштение за медиуми од конечен ревизорски извештај (албански јазик):
https://dzr.mk/sites/default/files/2026-07/INFO_Soopstenie_AVRSM_FINAL_alb.pdf

Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски денеска оствари работна средба со претставниците на експертската мисија на Е...
08/07/2026

Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски денеска оствари работна средба со претставниците на експертската мисија на Европската комисија, која престојува во нашата држава во рамки на TAIEX Peer Review мисијата на тема „Заштита на независноста на централната банка во Република Северна Македонија“.

На средбата присуствуваа Cees Ullersma, раководител на Одделот за меѓународна соработка во De Nederlandsche Bank, Hans Weenink, виш советник за централно банкарство и надворешен консултант, Aaron Zitnic, претставник на Генералниот директорат за проширување и Источно соседство (DG ENEST) при Европската комисија, Luke Klein од TAIEX тимот во Брисел, како и Ruzica Andronikova, претставник на Делегацијата на Европската Унија во Скопје.

Во текот на состанокот, Главниот државен ревизор ги запозна членовите на експертската мисија со надлежностите, организациската поставеност и начинот на работа на Државниот завод за ревизија, со постигнатите резултати во работењето, како и со улогата на институцијата во обезбедувањето независна, професионална и објективна ревизија на јавниот сектор.

Посебен акцент во разговорите беше ставен на ревизијата на Народната банка на РСМ, при што беа разменети мислења и искуства во однос на ревизорскиот пристап, законската рамка и принципите што ја обезбедуваат институционалната, финансиската и функционалната независност на централната банка, како и значењето на транспарентноста и отчетноста во нејзиното работење.

Соговорниците ја истакнаа важноста на независните институции во системот на јавна одговорност и владеење на правото, при што беше нагласено дека ваквите средби претставуваат можност за размена на добри европски практики и унапредување на институционалната соработка во процесот на усогласување со стандардите на Европската Унија.

07/07/2026

➡ Во текот на 2025 година, Државниот завод за ревизија реализираше 76 ревизии, опфати 244 субјекти и изготви 120 ревизорски извештаи, при што беа дадени 1.073 препораки насочени кон унапредување на работењето на институциите, поефикасно управување со јавните средства и јакнење на отчетноста во јавниот сектор.

Годишниот извештај ја потврдува улогата на ревизијата како двигател на позитивни промени – процес што не завршува со утврдување на состојбите, туку создава основа за подобри политики, поефикасни институции и поголема одговорност кон граѓаните.

Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски истакнува:

„Ревизијата сама по себе не носи промени. Промените ги носат институциите преку навремено и доследно постапување по ревизорските препораки. Затоа, користењето на ревизорските извештаи како инструмент за подобрување на работењето на институциите останува заедничка одговорност на сите носители на јавни функции.“

Во 2025 година ревизорските активности беа насочени кон области од особено значење за граѓаните и јавниот интерес, меѓу кои: управувањето со јавните средства, јавните набавки, капиталните инвестиции, дигитализацијата, здравството, образованието, инфраструктурата, животната средина и други приоритетни области.

Со независна, објективна и професионална ревизорска работа, Државниот завод за ревизија продолжува да придонесува за подобро управување со јавните ресурси, поголема транспарентност, засилена отчетност и заштита на јавниот интерес.

🎥 Погледнете го видеото и дознајте ги клучните резултати од работењето на Државниот завод за ревизија во 2025 година.

🇲🇰🤝🇫🇷 Во периодот од 30 јуни до 1 јули 2026 година, делегација на Државниот завод за ревизија, предводена од Главниот др...
03/07/2026

🇲🇰🤝🇫🇷 Во периодот од 30 јуни до 1 јули 2026 година, делегација на Државниот завод за ревизија, предводена од Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски, престојуваше во официјална посета на Францускиот суд за ревизија (Cour des comptes).

🖊️📄 Во рамките на посетата беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Државниот завод за ревизија и Францускиот суд за ревизија, од страна на Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски и првиот претседател на Францускиот суд за ревизија, г-ѓа Амели де Моншален. Меморандумот претставува значаен чекор кон понатамошно продлабочување на билатералната соработка, размена на професионални знаења и искуства и зајакнување на институционалните капацитети на двете врховни ревизорски институции.

🙏 За време на средбата, Главниот државен ревизор искажа благодарност до Францускиот суд за ревизија за овозможеното учество на ревизор од Државниот завод за ревизија во ревизијата на Меѓународната организација за миграција (IOM), заедно со тимот на Францускиот суд за ревизија. Оваа можност претставува уште една потврда за успешната соработка и високото ниво на меѓусебна доверба меѓу двете врховни ревизорски институции.

💼📊 За време на посетата беа одржани повеќе работни состаноци посветени на размена на искуства и добри практики во областа на државната ревизија. Посебен акцент беше ставен на техничката поддршка во рамки на Фондот за борба против корупцијата, следењето на реализацијата на ревизорските препораки, ревизијата во реално време, тематските ревизорски извештаи поврзани со еколошката транзиција, како и примената на вештачката интелигенција во работата на врховните ревизорски институции.

📅🤝 Во рамки на воспоставената соработка, до крајот на 2026 година ќе се реализира серија работилници посветени на размена на искуства во областа на спречувањето на корупцијата. На работилниците, покрај претставници на двете врховни ревизорски институции, ќе бидат поканети и претставници на надлежните институции за постапување во случаи на сомнежи за злоупотреба и корупција утврдени во ревизорските извештаи.

➡️ Линк до Меморандумот за соработка:
https://dzr.mk/sites/default/files/dzr/doc/MoU_VRI%20Francija.pdf

👉Објавен е Конечниот ревизорски извештај за извршена ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласенос...
02/07/2026

👉Објавен е Конечниот ревизорски извештај за извршена ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Јавна здраствена установа УНИВЕРЗИТЕТСКА КЛИНИКА ЗА ТОРАКАЛНА И ВАСКУЛАРНА ХИРУРГИЈА, за 2024 година.

➡ Линк до Конечен ревизорски извештај:
https://dzr.mk/mk/260629-revizija-na-regularnost-2025-javna-zdravstvena-ustanova-univerzitetska-klinika-za-torakalna

➡ Линк до Апстракт од конечен ревизорски извештај (македонски јазик):
https://dzr.mk/sites/default/files/2026-07/Apstrakt_Torakalna_vaskularna_hirurgija_FINAL_mkd.pdf

➡ Линк до Апстракт од конечен ревизорски извештај (албански јазик):
https://dzr.mk/sites/default/files/2026-07/Abstracti_torakalna_vaskularna_hirurgija_FINAL_alb.pdf

Државниот завод за ревизија ја реализираше Годишната програма за работа за 2025 година, при што Главниот државен ревизор...
29/06/2026

Државниот завод за ревизија ја реализираше Годишната програма за работа за 2025 година, при што Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски го достави Годишниот извештај за извршените ревизии и за работата на ДЗР за 2025 година до Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Африм Гаши.

Во текот на 2025 година, Државниот завод за ревизија спроведе 76 ревизии, опфати 244 субјекти и изготви 120 ревизорски извештаи. Беа утврдени состојби и дадени 1.073 препораки насочени кон унапредување на работењето на институциите, поефикасно управување со јавните средства и јакнење на отчетноста во јавниот сектор.

Годишниот извештај ја нагласува важноста на ревизијата како алатка која не завршува со утврдување на состојбите, туку има цел да поттикне подобрување на процесите и практиките во институциите.

Во таа насока, Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски истакнува:
„Ревизијата сама по себе не носи промени. Промените ги носат институциите преку навремено и доследно постапување по ревизорските препораки. Затоа, користењето на ревизорските извештаи како инструмент за подобрување на работењето на институциите останува заедничка одговорност на сите носители на јавни функции.“

Ревизорските активности во 2025 година опфатија области од значење за граѓаните и јавниот интерес, меѓу кои управувањето со јавните средства, јавните набавки, капиталните инвестиции, дигитализацијата, здравството, образованието, инфраструктурата, животната средина и други приоритетни области.

Преку независна, објективна и професионална ревизорска работа, Државниот завод за ревизија продолжува да придонесува кон подобро управување, поголема транспарентност и заштита на јавниот интерес.

Целосниот Годишен извештај за извршените ревизии и за работата на ДЗР за 2025 година можете да го преземете од следниот линк:

➡https://dzr.mk/sites/default/files/2026-06/GI_2025_FINAL_mkd.pdf (македонски јазик)

➡https://dzr.mk/sites/default/files/2026-06/GI_2025_FINAL_alb.pdf (албански јазик)

На покана на Турскиот суд за сметки (Turkish Court of Accounts), а финансиски подржано од Турската агенција за соработка...
29/06/2026

На покана на Турскиот суд за сметки (Turkish Court of Accounts), а финансиски подржано од Турската агенција за соработка и координација (TIKA) во периодот од 22 до 26 јуни 2026 година, 15 вработени од Државниот завод за ревизија учествуваа на студиски престој во Анкара, Република Турција, посветен на размена на знаење, искуство и добри практики во државната ревизија.

Обуката опфати широк спектар на теми: системот за управување со ревизии, методолошкиот пристап при вршење на ревизиите и ревизиите од аспект на Целите за одржлив развој. Посебно внимание беше посветено на примената на системот на анализа на податоци и на вештачката интелигенција во ревизорските процеси - област која отвора нови можности за модернизација и зголемување на ефикасноста на ревизиите.

Во рамки на наведената активност имавме можност да ја посетиме Институцијата за социјално осигурување и Градската болница, каде што се запознавме со примената на јавно - приватното партнерство во здравствениот сектор и со предизвиците при ревизија на мега-проекти.

Иако двете институции ги применуваат ISSAI стандардите, обуката овозможи длабинско запознавање со специфичностите во спроведувањето на ревизиите во ВРИ на Турција. Придобивките се однесуваат пред сѐ во унапредување на капацитетите во ревизија на јавните приходи, јавните набавки, ЕЛС и јавни претпријатија, како и во однос на механизмите за следење.

Како резултат на успешно завршениот студиски престој вработените на ДЗР се стекнаа со сертификат кој го додели претседателот на ВРИ на Турција г-дин Метин Јенер. Упатувајќи благодарност до ВРИ на Турција и ТИКА, истакнуваме заедничката посветеност за продлабочување на соработката, како одлична платформа за размена на знаење и искуства што ќе придонесе за подобрување на капацитетите и квалитетот на ревизорската работа во двете врховни ревизорски институции.

Address

Улица „Павел Шатев“ бр. 2 Палата „Емануел Чучков“
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 07:30 - 16:30
Tuesday 07:30 - 16:30
Wednesday 07:30 - 16:30
Thursday 07:30 - 16:30
Friday 07:30 - 16:30

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Државен завод за ревизија/Enti Shtetëror i Revizionit/State Audit Office posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Category