14/08/2026
ЗАПОЧНАВМЕ СО ГОЛЕМА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА АТМОСФЕРСКАТА И ФЕКАЛНАТА КАНАЛИЗАЦИЈА ВО ОПШТИНА БУТЕЛ❗️
Од денес заедно со ЈП “Водовод и канализација” ќе ја чистиме фекалната и атмосферската канализациона мрежа која се наоѓа на територија на општина Бутел.
Градоначалникот на општуна Бутел Дарко Костовски заедно со директорот на ЈП “Водовод и канализација” Иван Митровски направија увид во активностите на терен.
Со навремено чистење и одржување на канализацијата придонесуваме за подобра функционалност на системот, спречување на застои и создавање почиста и поздрава животна средина за сите граѓани.
Во наредните денови ќе продолжиме во сите населени места во општина Бутел.