Општина Центар - Скопје

Општина Центар - Скопје Официјална страница на Општина Центар - Скопје

На 12 септември трчаме низ срцето на Скопје! 🏃‍♂️Центар ќе биде домаќин на „CENTAR NIGHT RUN“ – првиот општински полумар...
14/08/2026

На 12 септември трчаме низ срцето на Скопје! 🏃‍♂️

Центар ќе биде домаќин на „CENTAR NIGHT RUN“ – првиот општински полумаратон во државата, кој го организираме во соработка со „Прв до врв“.

Од 18:00 часот, центарските улици ќе бидат резервирани за тркачите и за една поинаква вечер исполнета со спорт, енергија и дружење.

Ги поканувам сите љубители на трчањето и спортот да ни се придружат и заедно да го одбележиме првото издание на „CENTAR NIGHT RUN“.

А по трката, продолжуваме во Паркот на Франкофонија со традиционалниот музички хепенинг „Нешто што ќе остане“.

На 12 септември Центар трча, навива и живее во ритамот на спортот и музиката.

👉🏻Избери 5К или 21К и пријави се: https://www.prvdovrv.mk/centarrun

И оваа година мислиме на нашите најмали ученици.Петта година по ред, секое прваче во Центар ќе добие бесплатно ранче за ...
12/08/2026

И оваа година мислиме на нашите најмали ученици.

Петта година по ред, секое прваче во Центар ќе добие бесплатно ранче за почеток на новата учебна година.

Мал подарок за еден голем и важен ден во нивниот живот. ❤️

На сите првачиња им посакувамe среќен почеток, многу нови другарчиња, убави моменти и успех во училишните клупи.

Започнува јавната анкета за Нацрт ДУП-от „Барутана“Одлуките за развојот на Центар треба да ги носиме заедно со граѓаните...
11/08/2026

Започнува јавната анкета за Нацрт ДУП-от „Барутана“

Одлуките за развојот на Центар треба да ги носиме заедно со граѓаните. Затоа ги повикуваме жителите активно да се вклучат во јавната анкета за Нацрт ДУП-от за Барутана и да ги достават своите предлози, мислења и забелешки.

📅 Јавната анкета ќе трае од 13 август до 14 септември 2026 година.

Анкетните листови може да се пополнат во ООУ „Кочо Рацин“, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот, како и електронски преку: www.centar.gov.mk или www.e-urbanizam.mk

📍 Јавната презентација ќе се одржи на 3 септември во 12:00 часот во просториите на Општина Центар.

Сакаме граѓаните да бидат дел од целиот процес и заедно да одлучуваме како ќе се развива овој дел од Центар. Затоа, вклучете се во јавната анкета, кажете го вашето мислење и да го донесеме најдоброто решение за Барутана.

И денеска поставивме инфо-штанд на пазарчето „Буњаковец“, со цел да им пружиме поддршка на граѓаните во услови на топлот...
07/08/2026

И денеска поставивме инфо-штанд на пазарчето „Буњаковец“, со цел да им пружиме поддршка на граѓаните во услови на топлотен бран.

Граѓаните добија препораки за заштита од високите температури, бесплатна проверка на крвниот притисок и освежување.

На повеќе локации низ Општина Центар се делеше вода за граѓаните.

Благодарност до волонтерите на Црвениот крст и на ХЕРА за нивната соработка и посветеност.

Во овие горештини, секојдневно се врши освежување на улиците и зелените површини на повеќе локации во општината. Активна...
06/08/2026

Во овие горештини, секојдневно се врши освежување на улиците и зелените површини на повеќе локации во општината. Активна е цистерната, со која се вршат разладување и миење на плочниците, тротоарите и коловозите.

Продолжуваме со активности за почисти, посвежи и попријатни јавни простори за сите граѓани.

☀️ Заедно против топлотниот бран.Општина Центар, во соработка со Црвен крст и ХЕРА, е на терен со инфо-штандови, бесплат...
06/08/2026

☀️ Заедно против топлотниот бран.

Општина Центар, во соработка со Црвен крст и ХЕРА, е на терен со инфо-штандови, бесплатни здравствени проверки и делење вода на автобуските постојки.

Грижата за граѓаните е наш приоритет. Продолжуваме да ги следиме препораките на здравствените институции и да преземаме мерки за заштита и поддршка на сите граѓани. 💧

📚Основното училиште „11 Октомври“ од септември со нов простор наменет за библиотека-медијатека.Современото катче ќе биде...
05/08/2026

📚Основното училиште „11 Октомври“ од септември со нов простор наменет за библиотека-медијатека.

Современото катче ќе биде опремено со интерактивен панел, компјутери и интернет конекција, а покрај богатиот книжен фонд, на учениците ќе им бидат достапни и енциклопедии, прирачници, речници, дневни весници и списанија.

Новата библиотека-медијатека ќе биде современ простор за читање, учење и развивање на љубовта кон книгите📖

Општина Центар, во соработка со Црвен крст – О.О. Центар, денес и во четврток, од 11 до 14 часот, спроведува теренска ак...
04/08/2026

Општина Центар, во соработка со Црвен крст – О.О. Центар, денес и во четврток, од 11 до 14 часот, спроведува теренска акција за делење вода на граѓаните и минувачите на автобуски постојки и на други фреквентни локации низ општината.

Во услови на високи температури и екстремно загреан асфалт, апелираме за максимална внимателност и почитување на препораките од здравствените служби, како надвор, така и во домашни услови.

При вакви горештини, најважно е редовно да внесуваме течности и да останеме хидрирани.
Општина Центар континуирано ги следи состојбите и обезбедува поддршка за граѓаните во услови на топлотен бран.

Стариот потпорен ѕид од 25 години, во градинката „Кочо Рацин“се заменува со нов.Паралелно, се реализираат и други проект...
04/08/2026

Стариот потпорен ѕид од 25 години, во градинката „Кочо Рацин“се заменува со нов.

Паралелно, се реализираат и други проекти во образованието – нова енергетски ефикасна фасада во ООУ „Кирил и Методиј“, подготовка за реконструкција на спортски сали во ООУ „Коле Неделковски“ и ООУ „Гоце Делчев“, како и санации во ООУ „Димитар Миладинов“.

Со оваа инвестиција, Општина Центар продолжува со континуираниот процес на подобрување на инфраструктурата во училишните и предучилишни установи на својата територија.

Address

Skopje
1000

Opening Hours

Monday 08:00 - 16:00
Tuesday 08:00 - 16:00
Wednesday 08:00 - 16:00
Thursday 08:00 - 16:00
Friday 08:00 - 16:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Општина Центар - Скопје posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share