02/06/2026
🌍🤝 Од 27ми до 29ти мај 2026 година во Белград, Република Србија се одржа меѓународниот семинар „Building Bridges for Accredited Schools“, посветен на поврзувањето на eTwinning и Erasmus+ програмите и меѓународната соработка меѓу училиштата.
👩🏫👨🏫 На семинарот учествуваа 46 претставници од 10 европски држави, кои преку работилници и размена на добри практики стекнаа нови знаења, идеи и партнерства.
🇲🇰 Националната агенција за европски образовни програми и мобилност од Македонија беше претставена со четири учесници. Во рамки на семинарот, м-р Александра Ѓорѓиевска, наставник од ООУ “Ацо Шопов”-Скопје, презентираше успешни примери од eTwinning и Erasmus+ проектите.
✨ Семинарот овозможи професионален развој, вмрежување и создавање нови идеи за идни европски проекти.