18/05/2026
Честитки Претседателе ! ВМРО-ДПМНЕ ОК Ѓорче Петров продолжува да победува !!!
Почитувани пријатели,
На седницата на Извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ, по предлог на Претседателот на ВМРО - ДПМНЕ, Проф. Д-р Христијан Мицкоски, повторно ми е укажана довербата да го предводам Општинскиот Комитет Ѓорче Петров.
Ова за мене претставува огромна чест, но и обврска која ја прифаќам со целосна посветеност и одговорност.
Изминативе години поминавме низ многу предизвици, политички напади и тешки моменти, но останавме исправени, сплотени и силни.
Остваривме и блескави и историски победи !
Заедно со нашите членови, активисти и граѓаните, победувавме на секое изборно соочување и повторно покажавме дека Ѓорче Петров е силен бастион на ВМРО и македонската идеја.
Најголемата сила на овој Комитет се луѓето.
Чесните, искрени и пожртвувани членови кои во секој момент стоеа рамо до рамо во борбата за Македонија.
За такви луѓе вреди да се работи, да се вложува и да се жртвува.
Заедно со Унијата на млади сили, Унијата на жени, Унијата на ветераните, Патриотскиот институт, месните комитети и секој еден активист, продолжуваме уште помотивирано, уште поенергично и уште пообединето.
Посилни и помотивирани од било кога !
Ќе бидеме меѓу народот, присутни во секое маало, секоја улица и секој дом.
Ќе работиме чесно и со чист образ.
Ѓорче Петров повторно ќе биде симбол на победите.
Ќе победуваме и понатаму — за ВМРО, за народот и за Македонија.
Со чисто срце, со цела душа и со секој атом сила. 🦁
ЗА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ.
ЗА МАКЕДОНИЈА. 🦁🇲🇰