Пет на ден

Пет на ден Кошничка свежо овошје и зеленчук полна со љубов и здравје, доставена директно до вашата канцеларија 🍇

Нашите кошнички секогаш се спакувани со квалитетно свежо овошје и зеленчук донесено директно во вашата канцеларија.

Секое овошје и зеленчук во вашата кошничка е со премиум квалитет и рачно селектирано од вработените глуви лица кои со голема љубов и насмевка работат на овој проект.

Со вашата согласност да купувате свежо овошје за вас и вашите вработени, вашата компанија станува општествено одгово

рна компанија. Со тоа директно помагате за поголема социјална инклузија на глувите лица во Македонија како и зголемување на бројот на нивно вработување.

Компир е растение кое се одгледува во сите делови на Земјата и се користи за исхрана на луѓето и домашните животни, биде...
10/09/2026

Компир е растение кое се одгледува во сите делови на Земјата и се користи за исхрана на луѓето и домашните животни, бидејќи поседува подземно стебло богато со скроб. Тие содржат антиоксиданти. Тоа се супстанции кои го спречуваат создавањето на штетни слободни радикали, кои се реактивни атоми кои можат да се акумулираат во вашето тело и да придонесат за хронична болест.
Воедно тие обезбедуваат отпорен скроб. Отпорниот скроб е вид на скроб кој не се вари во телото. Компирите се богати со отпорен скроб, кој може да ја подобри контролата на шеќерот во крвта, здравјето на варењето, апсорпцијата на хранливите материи. Исто така, истражувањата покажуваат дека компирите можат да го зголемат чувството на ситост и да го намалат гладот, благодарение на нивната содржина на влакна и високата густина.
Со оглед на фактот дека компирот е четврта по големина земјоделска култура по оризот, пченицата и пченката, тие се составен дел од светската кујна. Овој вид на зеленчук може да се вклопи во речиси секој сад.

#петнаден #мислиздравојадиздраво

12 неверојатни причини зошто да конзумирате брокула:1. Таа е полна со витамини, минерали и биоактивни соединенија2. Содр...
10/09/2026

12 неверојатни причини зошто да конзумирате брокула:
1. Таа е полна со витамини, минерали и биоактивни соединенија
2. Содржи моќни антиоксиданти кои нудат заштитни својства врз здравјето на човечкиот организам
3. Биоактивните соединенија го намалуваат воспалението
4. Може да заштити од одредени видови на канцер
5. Содржи антиоксиданти и влакна кои помагаат на контролата на шеќерот во крвта
6. Го поддржува здравјето на срцето
7. Го поддржува дигестивниот систем
8. Има заштитен ефект на мозочното ткиво
9. Може да помогне да се забави процесот на стареење
10. Содржината на витамин Ц го поддржува имунолошкиот систем
11. Содржи широк спектар на хранливи материи кои спречуваат стоматолошки болести
12. Калциумот, витаминот К и фосфорот во брокулата се неопходни за одржување на здрави коски
Брокулата е само една од бројните здрави намирници кои можат да придонесат за оптимално здравје. Вклучувајќи го и овој хранлив зеленчук во вашата здрава и избалансирана исхрана ќе можете полесно да ги постигнете своите здравствени цели.

#петнаден #мислиздравојадиздраво

Дали знаевте дека лимонот содржи антиоксиданти, кои помагаат да се отстранат слободните радикали кои можат да ги оштетат...
09/09/2026

Дали знаевте дека лимонот содржи антиоксиданти, кои помагаат да се отстранат слободните радикали кои можат да ги оштетат клетките во телото?

Одредени овошја имаат супер високо количество на вода што помага да се одржи целото тело хидрирано. Додека пиењето вода ...
09/09/2026

Одредени овошја имаат супер високо количество на вода што помага да се одржи целото тело хидрирано. Додека пиењето вода е секогаш најдобра опција, сепак внесот на овошјето може да ви помогне да го достигнете секојдневниот услов за доволен внес на вода во вашиот организам, и да му подари на вашиот организам дополнителни витамини и минерали.
Лубеницата е очигледниот идеален избор со оглед и на високите температури што ни престојат во летните денови.
Знаете ли дека јагодите исто така имаат околу 92% содржина на вода?
Дури и јаболката се добра опција, со околу 86% вода.

#петнаден #мислиздравојадиздраво

На нашите тела им требаат толку многу различни витамини и минерали за да функционираме правилно и да останеме здрави. Не...
08/09/2026

На нашите тела им требаат толку многу различни витамини и минерали за да функционираме правилно и да останеме здрави.
Некои од овие хранливи материи како што се калциумот и калиумот се апсолутно клучни за нашето преживување.
На пример, на срцето му е потребно натриум и калиум за да продолжи да пумпа. Овошните плодови, како авокадо, праски и киви се богати со калиум.
Прилично сите витамини и минерали се присутни во разни овошки. Тоа е голема придобивка бидејќи најчесто луѓето имаат барем еден недостаток на витамин. Според Светската здраствена организација, железото е минерал број еден кој ни недостасува. Меѓутоа, цитрусните плодови се одличен извор на овој минерал.

#петнаден #мислиздравојадиздраво

Сетилото за вид е многу важен дел од секојдневните активности на секој човек. Затоа здравјето на очите треба да биде при...
08/09/2026

Сетилото за вид е многу важен дел од секојдневните активности на секој човек. Затоа здравјето на очите треба да биде приоритет во вашиот живот. Долготрајното гледање во екранот на компјутерот или телефонот е голема причина за оштетување на видот.
Лутеинот и зеаксантинот се два каротеноиди кои помагаат во намалувањето на ризикот од дегенерација на мрежницата.
Присутноста на овие и други каротеноиди кои ги штитат очите се содржат во пченка, црвени пиперки, спанаќ, брокула и босилек.
Ако сакате да ги заштитите вашите очи, конзумирајте повеќе зеленчук.

#петнаден #мислиздравојадиздраво

Не е тајна дека тоа што го јадете влијае на имунолошкиот систем. Витаминот Ц е клучна хранлива состојка која се наоѓа во...
07/09/2026

Не е тајна дека тоа што го јадете влијае на имунолошкиот систем. Витаминот Ц е клучна хранлива состојка која се наоѓа во многу зеленчук.
Дали знаете дека брокулата и пиперките содржат повеќе витамин Ц отколку портокалот?
Јадењето на добро избалансирана исхрана со разновидна храна е многу важно за вашиот имунолошки систем, па затоа вклучете барем 5 НА ДЕН различни овошја, зеленчук и јаткасти плодови кои се богати со нутриенти за кои вашиот организам ќе ви биде благодарен.

#петнаден #мислиздравојадиздраво

Бананите се неверојатно здрави и вкусни. Тие главно се составени од диетални влакна и шеќери како што се сахароза, глуко...
07/09/2026

Бананите се неверојатно здрави и вкусни.
Тие главно се составени од диетални влакна и шеќери како што се сахароза, глукоза и фруктоза. Воедно се богати со калиум што ги прави голем извор на енергија.
Бананите се одлични сами по себе да се јадат сирови, а дополнително може да ги вклучите во вашиот појадок како што се житарици, смуди и разновидни ужини.
Интересен факт е дека една банана дава енергија за 90 минути активна работа.

#петнаден #мислиздравојадиздраво

Здравствените придобивки од доматот се познати уште од античко време. Дали вие ги знаете придобивките од конзумирањето н...
04/09/2026

Здравствените придобивки од доматот се познати уште од античко време.
Дали вие ги знаете придобивките од конзумирањето на доматот?
Доматите помагаат во контрола на дијабетесот, проблеми со кожата и уринарните инфекции. Тие може да го подобрат варењето, да ја стимулираат циркулацијата на крвта, да го намалат нивото на холестерол, да ги заштитат бубрезите а воедно и да го спречат предвременото стареење.
Исто така, тие се богат извор на витамини и минерали и претставуваат штит против кардиоваскуларните болести.
Интересен факт: Според науката, доматот се смета за овошје.

#петнаден #мислиздравојадиздраво

Лимонот има висока содржина на витамин Ц, влакна и разни корисни соединенија. Овие хранливи материи се одговорни за неко...
04/09/2026

Лимонот има висока содржина на витамин Ц, влакна и разни корисни соединенија. Овие хранливи материи се одговорни за неколку здравствени придобивки.
Еве 6 здравствени придобивки од лимонот, кои се потврдени од науката:
1. Подржува контрола на срцето
2. Помага во контрола на телесната тежина
3. Спречува формирање камен во бубрег
4. Претставува заштита против анемичност
5. Го отстранува ризикот од канцер
6. Го подобрува здравјето на дигестивниот систем

#петнаден #мислиздравојадиздраво

Address

Kosturski Heroi 17-21
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 09:00 - 16:00
Tuesday 09:00 - 16:00
Wednesday 09:00 - 16:00
Thursday 09:00 - 16:00
Friday 09:00 - 16:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Пет на ден posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Category