Левица - Кисела Вода

Левица - Кисела Вода Локален огранок на политичкaта партија Левица за општина Кисела Вода

🏠 Општински парцели за 1 евро/м² за младите семејства во Кисела Вода❤️ Додека за наталитетот ни велат „барајте братчиња ...
03/09/2026

🏠 Општински парцели за 1 евро/м² за младите семејства во Кисела Вода

❤️ Додека за наталитетот ни велат „барајте братчиња и сестрички“, ние нудиме конкретно решение: дом и сигурност за младите семејства.

✔️ Советничката група на Левица во Кисела Вода поднесува иницијатива за општински градежни парцели по 1 евро/м² за млади брачни парови, повеќедетни семејства и самохрани родители.

🏡 Со јавен повик, јасни критериуми и транспарентна бодовна листа, приоритет ќе имаат семејствата без сопствен дом.

🚩 Општинското земјиште треба да биде во служба на граѓаните, а не на шпекулантите.

❤️ Помалку апели. Повеќе домови. Повеќе сигурност. Повеќе деца.

02/09/2026

Левица предлага државата да преземе 20% од станбениот кредит за секое новородено или посвоено дете. Демографската криза не се решава со апели, туку со материјална сигурност, силни политики и поддршка за семејствата.

‼️ ОВА СЕ УЧЕБНИЦИТЕ СО КОИ ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА ЈА ПОЧНУВА УЧЕБНАТА ГОДИНА.ООУ „Круме Кепески“, деветто одделение. Учебн...
01/09/2026

‼️ ОВА СЕ УЧЕБНИЦИТЕ СО КОИ ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА ЈА ПОЧНУВА УЧЕБНАТА ГОДИНА.

ООУ „Круме Кепески“, деветто одделение. Учебници по македонски јазик, математика и биологија кои се искинати и оштетени.

📚 Додека Општината се фали дека е „спремна“ за новата учебна година, децата добиваат учебници во ваква состојба.

ДОДЕКА ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА СЕ ФАЛИ ДЕКА Е СПРЕМНА ЗА УЧЕБНАТА ГОДИНА, УЧИЛИШТАТА БАРААТ МИКРОСКОПИ, ЛЕКТИРИ И ОСНОВНА ОП...
01/09/2026

ДОДЕКА ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА СЕ ФАЛИ ДЕКА Е СПРЕМНА ЗА УЧЕБНАТА ГОДИНА, УЧИЛИШТАТА БАРААТ МИКРОСКОПИ, ЛЕКТИРИ И ОСНОВНА ОПРЕМА

‼️Општина Кисела Вода се фали со „современи услови“, и дека спремно ја започнала учебната година. Но, реалноста во училиштата е поинаква - доставените списоци на потреби покажуваат дека недостигаат основни наставни средства и опрема.

🚨На училиштата им недостигаат микроскопи, епрувети, струјни кола, ваги, карти, компаси, модели за настава, лектири, компјутери, печатари, спортска и лабораториска опрема, како и опрема за учениците со посебни образовни потреби.

👉На децата им треба училиште со услови за квалитетна настава.

🚩Левица бара Општината да ги објави јавно потребите на сите основни училишта и да обезбеди конкретен план, рокови и средства за нивно исполнување.

📚Вистинската грижа за децата се покажува со целосно опремени училишта, а не со убави соопштенија.

31/08/2026

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода не можат да седат 3 часа на седница, затоа што им е топло и сакаат да си одат дома, а се платени 30.000 денари за еднаш месечно да се појават на Совет.

29/08/2026
27/08/2026

Оценките низ училиштата во Кисела Вода се полни со петки, но тоа не ја одразува реалноста на знаењето на децата. Со попуштање на критериумите создаваме лажна слика и го деградираме образованието.

26/08/2026

Градоначалничката бега од одговори за западнонилската треска во Драчево. Каде беше превенцијата? Дали Општината побара чистење на каналите и отстранување на застојаната вода пред да има заболени и починати?

23/08/2026

🚨 Каналот кај ССК во Драчево е запуштен и неискосен, претворен во џунгла. После се чудиме од каде комарци и западнонилска треска!

21/08/2026

🚨 Град Скопје тврди дека навреме спроведува дезинсекција, но сопствената документација покажува пробиени рокови и нечистени канали. Левица бара одговори за прскањето, средствата и превенцијата од комарци.

Address

Skopje

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Левица - Кисела Вода posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share