Фонд на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија-ФПИОСМ

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Фонд на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија-ФПИОСМ

Фонд на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија-ФПИОСМ Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Фонд на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија-ФПИОСМ, Government Organization, 23 oktomvri 11, Skopje.

02/07/2026

Нова пензионерска сага или системски пропусти предизвикаа вознемиреност кај идните, па и кај сегашните пензионери – тема за која разговаравме со директорот на Фо....

СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТАВо врска со конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за работењето на Фондот на пензискот...
29/06/2026

СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА

Во врска со конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за работењето на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија за 2024 година, Фондот ја информира јавноста дека станува збор за редовна годишна ревизија која се спроведува секоја година согласно закон и го опфаќа финансиското работење, усогласеноста на постапките и управувањето со средствата на институцијата.

Важно е да се нагласи дека предмет на ревизија е работењето на Фондот во текот на целата 2024 година.

Во првите девет месеци од ревидираниот период со Фондот управуваше раководен кадар именуван во време на претходната Влада предводена од СДСМ и ДУИ, додека актуелното раководство ја презеде одговорноста за управување со институцијата во последниот квартал од годината.

Поради тоа, најголемиот дел од ревидираните постапки, одлуки, договори, административни процеси и утврдени состојби се однесуваат на период кога Фондот функционирал под раководство на претходниот менаџмент.

Дополнително, значителен дел од забелешките на ревизорите се однесуваат на состојби кои се провлекуваат со години и биле нотирани и во претходни ревизорски извештаи, што укажува дека станува збор за наследени системски слабости.

Фондот на ПИОМ нагласува дека по преземањето на функцијата, актуелниот менаџмент веднаш пристапи кон анализа на сите ризични процеси и воведе конкретни мерки за надминување на утврдените слабости.

Во делот на јавните набавки отстранети се сите недостатоци забележани во наодите и се воспоставени дополнителни контролни механизми, зајакнати се процедурите за планирање и реализација на набавките и е воспоставен систем на повисока транспарентност и отчетност.

Истовремено, преземени се активности за средување на административните евиденции, подобрување на внатрешните контроли, унапредување на финансиското управување, зајакнување на институционалната дисциплина и подобрување на процесите поврзани со управувањето со средствата и имотот на Фондот.

Фондот на ПИОМ со полна одговорност оценува дека слабостите кои се однесуваат на тековното административно работење и на системот на јавни набавки се веќе надминати, а механизмите воспоставени на крајот на 2024 и во текот на 2025 година, значително го намалуваат ризикот од повторување на констатираните состојби во иднина и ова е нотирано во извештајот на ДЗР во прилот на забелешките од Фондот на ПИОМ.

Воедно, во јавноста се отворија прашања поврзани со обврските кон Фондот за здравствено осигурување и трансферите кон пензиските друшва од вториот столб.

Во таа насока Фондот на ПИОМ смета дека е потребно да се истакне дека зголемувањето на овие обврски е директна последица на историски најголемото зголемување на пензиите во државата.

Со одлуките донесени во изминатиот период, пензиите беа зголемени номинално за околу 7.000 денари месечно за сите 347.000 пензионери. Тоа значи дополнителни средства за пензионерите во износ од околу 30 милијарди денари на годишно ниво.

Бидејќи придонесот за здравствено осигурување на пензионерите се пресметува како процент од исплатената пензија и изнесува 11,8 проценти од нето исплатената пензија, а делот за вториот столб е 6 проценти од вкупните придонеси за пензиско осигурување, сосема очекувано е со растот на пензиите да се зголемува и обврската по овој основ кон Фондот за здравствено осигурување.

Оттука, Фондот на ПИОМ нагласува дека зголемените обврски се директен резултат на повисоките пензии и подобриот животен стандард на пензионерите, а не последица на нарушена финансиска стабилност или нефункционирање на системот.

Исплатите по овие основи зависат од висината на средствата обезбедени во буџетот на ПИОМ и реализацијата на овие стапки во буџетот на Фондот за 2024 година изнесува 82,24 проценти за ФЗО и 92,95 проценти за Вториот столб.

Фондот на ПИОМ смета дека најважно е што во ниту еден момент не е доведено во прашање здравственото осигурување на пензионерите.

Сите пензионери непречено и континуирано ги остваруваат своите права од здравственото осигурување и редовно ги добиваат здравствените услуги под исти услови како и досега.

Фондот на ПИОМ целосно ги прифаќа препораките на Државниот завод за ревизија и континуирано работи на нивна имплементација.

Истовремено, Фондот на ПИОМ останува посветен на принципите на законитост, отчетност, транспарентност и домаќинско управување со средствата на осигурениците и пензионерите.

Граѓаните и пензионерите треба да бидат уверени дека финансиската стабилност на Фондот, редовната исплата на пензиите, непреченото функционирање на пензискиот систем и континуираното обезбедување на здравствените права на пензионерите не се доведени во прашање и остануваат врвен приоритет на актуелното раководство на ПИОМ и Владата на Република Македонија.

Никола Мемов – Директор на Фондот на ПИОМ: „На пензионерите треба да им се даде можност за вработување доколку сакаат и ...
18/06/2026

Никола Мемов – Директор на Фондот на ПИОМ: „На пензионерите треба да им се даде можност за вработување доколку сакаат и се работноспособни“

Директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов учествуваше на Тркалезната маса – работна сесија - „Недостигот на работна сила: Од предизвик до можност преку активно стареење и искористување на позитивни искуства“ во организација на Комората на Северна Македонија за приватно обезбедување.

Целта на настанот, како што беше речено е актуелизирање на состојбата со работната сила во областа на приватното обезбедување и изнаоѓање на решение за нејзино подобрување.

Во своето излагање директорот Мемов нагласи дека Фондот на ПИОМ е институција која не креира политики во областа, но дава предлози како состојбите да се подобрат врз основа на искуството од работата.

„Сметам дека пензионерите кои сакаат и се во добра здравствена состојба, треба да имаат можност за работа. Актуелната состојба на пазарот на трудот покажува дека има потреба од нив. Во областа на приватното обезбедување тие навистина може да дадат придонес, бидејќи поседуваат големо искуство и ги имаат бараните вештини“, рече Мемов и додаде дека вработувањаето на пензионерите треба да се однесува само за вработувањата во приватниот сектор.

Тој појасни дека со законското овозможување на ангажирањето на пензионери ќе има троен бенефит.

„Со вработувањето на пензионерите работодавачите ќе имаат лица со кои ќе ги пополнат работните места и за кои ќе плаќаат придонеси. Со тоа корист ќе има државата, бидејќи ќе прибира средства за пензиско, здравствено осигурување и други давачки, а корист ќе имаат и самите пензионери, бидејќи ќе имаат и пензија и плата“, потенцира директорот на Фондот, Мемов.

Професорот д-р Лазар Јовевски рече дека ова е тема која е длабоко поврзана со опстанокот и иднината на државата. Тој додаде дека стареењето на нацијата е факт, а за решавање на проблемот има два начина.

„Едниот пат е увоз на работна сила, кој си има свои последици, а кои што ги гледаме од искуството во западните земји, а вториот пат е внатрешно да се реорганизираме и да ги надминеме недостатоците. Ако се договорат сите чинители дека ќе се оди по вториот пат“, додаде Јовевски, „тогаш ќе треба да се редефинира правно-економската регулаторна рамка со која ќе се овоможат нови решенија за вработување, и правила на пазарот на труд“.

Претедателката на Комората, м-р Верица Милеска Стефановска нагласи дека секторот на приватното обезбедување се соочува со проблеми кои што поскоро треба да се решат. Таа изнесе повеќе примери од нашето окружувње каде што на пензионерите им е дозволено да се вработат и да ја задржат пензијата.

Учесниците на тркалезната маса потенцираа дека мора да се направат измени во законската регулатива што поскоро и со тоа да се обезбеди работна сила која ќе ги поплни празните работни места во секторот на приватното обезбедување.

16/06/2026
ФОНД НА ПИОM: Воспоставена е електронска размена на податоци за пензиско и инвалидско осигурување со АвстријаФондот на п...
15/06/2026

ФОНД НА ПИОM: Воспоставена е електронска размена на податоци за пензиско и инвалидско осигурување со Австрија

Фондот на пензиското и инвалидското осигурување потпиша Договор за редовна размена на давања и податоци за смртност со институциите за задолжително австриско пензиско осигурување од Република Австрија- Институцијата за пензиско осигурување (PVA), Службата за социјално осигурување на претприемачи (SVS) и Институцијата за осигурување на вработени во јавни служби, железници и рударска индустрија (BVAEB).
Договорот го потпишаа директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов и д-р Винфред Пингера во името на австриските институции.
„Сакам да истакнам дека овој Договор е значаен напредок во нашата соработка и ќе овозможи поефикасна и побрза размена на податоци кои се од голема важност и ќе придонесе да се забрза процесот на остварувањето на правата од пензиското и инвалидското осигурување за граѓаните на Македонија и на Австрија“, рече директорот на Фондот на ПИОМ, Мемов.
Др Пингера нагласи дека потпишувањето на Договорот, некој би го оценил како мал чекор, но тоа е голем чекор за корисниците и осигурениците.
„Овој чин покажува колку се добри нашите односи, колку е добро нашето заедничко работење. Со него им го олеснуваме остварувањето на правата на нашите осигуреници. Ова е важен чекор и се надевам не последен. Нашата соработка ни покажа дека можеме да работиме заедно, да си веруваме и да ја интензивираме идната соработка. Сакам да ви заблагодарам на вашата помош и придонес во потпишувањето на овој Договор, затоа што е многу важен, иако можеби не се опфатени многу луѓе, но за нив лично тој е и те како важен.“, рече директорот Пингера.
Инаку Договорот го регулира обемот и начинот на размена на податоците, како и нивната безбедност и заштита, што се од исклучителна важност за работата на институциите, како и за довербата во пензискиот систем.
Потпишувањето на овој Договор, како што рече директорот на Фондот на ПИОМ, Мемов, е една од клучните активности на Фондот во насока на подобрување на меѓународната соработка, особено преку воведувањето на електронска размена на податоци, со која се зголемува ефикасноста, прецизноста и квалитетот на услугите.
Фондот на ПИОМ досега има потпишано договори за електронска размена на податоци со сите држави што произлегоа од поранешна Југославија и со овој Договор со Република Австрија е заокружен процесот на соработка со земјите од регионот.
„Сакам да истакнам дека имаме јасна визија во кој правец треба да се движиме како Фонд и оваа соработка е чекор напред што ќе го подобри квалитетот на услугите, ќе ја зголеми точноста на податоците и ќе помогне да се исклучат сите можни грешки. Очекувам во иднина да ја прошириме размената со институциите од Република Австрија и со други важни информации од интерес на двете страни. Убеден сум дека потпишувањето на овој Договор ќе придонесе во зајакнувањето на соработка и е во најдобар интерес на граѓаните на двете држави“, рече Мемов.
Во 2024 година, Фондот на ПИОМ исплатил пензии за 182 лица во Австрија во износ од 527,783,41 евра, а во 2025 година се исплатени 242 пензии во износ 653.097,74 евра. Од австриска страна во 2024 година се исплатени вкупно 2018 пензии во износ од 9.172.676,51 евра.

Фонд на ПИОM: 16-та средба на директорите на фондовите и заводите на пензиското осигурување можност за размена на искуст...
15/06/2026

Фонд на ПИОM:
16-та средба на директорите на фондовите и заводите на пензиското осигурување можност за размена на искуства и сознанија


Директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов со стручна делегација од фондот учествуваше на 16-та средба на директорите на фондовите и заводите на пензиското и инвалидското осигурување од државите на просторот на поранешна Југославија и на Република Австрија, што се одржа во Марибор, Република Словенија.

Годинава главни теми на конференцијата беа активностите за спречување на грешки, измами и злоупотреби на системите во фондовите и заводите за пензиско и инвалидско осигурување, како и употребата на вештачката интелигенција во дигиталната трансформација на овие институции.

На средбата беа презентирани измените на законите за ПИО во изминатата година, при што директорот на Фондот на ПИОМ, Мемов, рече дека измените што се презентираат генерално се однесуваат во делот на остварувањето на правата за пензиско и инвалидско осигурување.

„Потребно е да се размислува во насока законските измени да содржат решенија кои ќе придонесат за финансиска стабилизација на пензиските фондови.
Законските решенија треба да содржат инструменти кои ќе ги стимулираат работодавачите да плаќаат повеќе придонеси, со што ќе се придонесе за зголемување на пензиите на идните пензионери, а сегашни работници.
Потребна е промена на методологијата на пресметката на пензиите заради обезбедување фер износи на пензиите.
Во делот на задолжителниот Втор столб за пензиско осигурување, потребно е законите да овозможат поефикасни и нерестиктивни начини за инвестирање на средствата и нивно поголемо оплодување кое ќе биде во полза на осигурениците, се разбира преку соодветна контрола и ревизија од регулаторот МАПАС.
Ова се само дел од предлозите за подобрување на финансиската ситуација и се неопходни затоа што кај сите фондови постои проблем со финансирањето, а трансферите на средства од државата се неопходност за нормално функционирање на нашите институции.
Од исклучителна важност е законските решенија да обезбедат одржливост на пензиските системи и независност од државниот буџет“, рече Мемов.

Директорката на Секторот за остварување на права, Билјана Стојанова ги презентираше измените на Законот за ПИО во изминатата година. Таа информира и за новиот Закон за работно ангажирање.

Во рамките на средбата беше потпишан Договор за редовна размена на давања и податоци за смртност помеѓу Фондот на ПИОМ и институциите за задолжително австриско пензиско осигурување од Република Австрија - Институцијата за пензиско осигурување (PVA), Службата за социјално осигурување на претприемачи (SVS) и Институцијата за осигурување на вработени во јавни служби, железници и рударска индустрија (BVAEB).

Договорот го потпишаа директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов и д-р Винфред Пингера во името на австриските институции.

„Сакам да нагласам дека овој Договор е значаен напредок во нашата соработка и ќе овозможи поефикасна и побрза размена на податоци кои се од голема важност и директно ќе придонесе да се забрза процесот на остварувањето на правата од пензиското и инвалидското осигурување за граѓаните на Македонија и на Австрија.
Исто така Договорот го регулира обемот и начинот на размена на податоците, како и нивната безбедност и заштита, што се од исклучителна важност за нашата работа, како и за довербата во пензискиот систем“, рече директорот на Фондот Мемов.

Директорот, д-р Пингера истакна дека потпишувањето на Договорот е за некого. можеби мал чекор, но за осигурениците и корисниците на услугите е многу важен, затоа што ќе го олесни остварувањето на нивните права.

„Ова е важен чекор и се надевам не последен. Нашата соработка ни покажа дека можеме да работиме заедно, да си веруваме и да ја интензивираме идната соработка. Сакам да ви заблагодарам на вашата помош и придонес во потпишувањето на овој Договор, затоа што е многу важен, иако можеби не се опфатени многу луѓе, но за нив лично тој е и те како важен.“, рече директорот Пингера.

Со потпишувањето на овој Договор ќе се се зголеми ефикасноста, прецизноста и квалитетот на услугите на осигурениците и ќе помогне да се исклучат сите можни грешки.
Договорот, како што беше речено ќе придонесе и во зајакнувањето на натамошната соработка помеѓу институции Фондот на ПИОМ и институциите од Австрија, што е во најдобар интерес на граѓаните на двете држави.

Фондот на ПИОМ има потпишано договори за електронска размена на податоци со сите држави што произлегоа од поранешна Југославија и со овој Договор со Република Австрија го заокружи процесот на соработка со земјите од регионот.

Честит 1-ви Мај !!!Меѓународен ден на трудот.
01/05/2026

Честит 1-ви Мај !!!
Меѓународен ден на трудот.

Address

23 Oktomvri 11
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 07:30 - 16:30
Tuesday 07:30 - 16:30
Wednesday 07:30 - 16:30
Thursday 07:30 - 16:30
Friday 07:30 - 16:30

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Фонд на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија-ФПИОСМ posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Фонд на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија-ФПИОСМ:

Shortcuts

Share