Clean AirDrom

Clean AirDrom Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Clean AirDrom, Public & Government Service, Aerodrom, Skopje.

Проектот „Clean Airdrom“ се реализира во рамки на програмата “ЕУ за општините“ и има цел да ги подобри услугите на локалната самоуправа преку нудење и имплементација на иновативни концепти.

Во рамки на оваа програма, на Општина Аеродром и беше доделен грант за проектот Clean AirDrom – Zero Solid Waste in Municipality of Aerodrom, со период на реализација почнувајќи од 1 јануари 2022 година, во вр

еметраење од 36 месеци.

Проектот е финансиран од Европската Унија, Швајцарската агенција за поддршка и развој и Министерството за локална самоуправа, а Општина Аеродром ја предводи ефективната имплементација на проектот, со поддршка на Јавното претпријатие за водовод и канализација ВОКА Снага од Љубљана, а во партнерство со Центарот за поддршка на бизнис, Омниум ДООЕЛ Скопје и Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина – Гоу Грин.

Општата цел на проектот е да придонесе за зголемена одржливост на урбаното живеење во Општина Аеродром преку воведување иновативен модел за управување со отпад, при што главната улога ќе ја имаат граѓаните низ целиот процес на селектирање.

♻️ Викендов се забавувавме по мотото „Селектирај, рециклирај, подобри“ на настанот што се одржа во паркот „Авионче“, как...
04/11/2024

♻️ Викендов се забавувавме по мотото „Селектирај, рециклирај, подобри“ на настанот што се одржа во паркот „Авионче“, како дел од проектот Clean AirDrom.

01/11/2024

Нашите еко-амбасадори, популарниот бенд ДНК, се вистински мајстори за одлична забава! 🎉

Затоа не го пропуштајте настанот што ќе се одржи во недела со почеток во 12 часот, во 📍 Парк Аеродром (Авионче).

👉 За повеќе информации, посетете го следниот линк: https://bit.ly/4hmzJYJ

♻️ Денес, како дел од проектот Clean AirDrom во Општина Аеродром, во основното училиште „Љубен Лапе“ се одржа вториот на...
29/10/2024

♻️ Денес, како дел од проектот Clean AirDrom во Општина Аеродром, во основното училиште „Љубен Лапе“ се одржа вториот настан, наменет за мотивација и анимација на учениците за активно учество и придонес кон проектот „Рециклирај, донирај, подобри“.

🎶 И овој пат, дечките од ДНК, кои се бренд амбасадори на проектот, ги споделија своите размислувања за важноста на рециклирањето и донирањето како дел од еколошката иницијатива.

🌍 Преку ваквите настани, учениците се поттикнуваат да станат активни учесници во проектот, кој има за цел да ја зголеми свесноста за одговорноста кон животната средина и значењето на заедничките напори за подобрување на заедницата.

✅ Рециклирај, донирај и подобри!👉 Општина Аеродром ве поканува на уште еден од низата настани дел од проектот Clean AirD...
27/10/2024

✅ Рециклирај, донирај и подобри!

👉 Општина Аеродром ве поканува на уште еден од низата настани дел од проектот Clean AirDrom.

📅 03.11 - Недела со почеток од 12 часот
📍 Парк Аеродром (Авионче)

🗣️ Ајде заедно да ја подигнете свеста за селектирање и да учествуваме во подобрување на животната средина.

♻️ Во следниот период, како дел од проектот Clean AirDrom во Општина Аеродром ќе се одржат три настани со цел мотивирање...
15/10/2024

♻️ Во следниот период, како дел од проектот Clean AirDrom во Општина Аеродром ќе се одржат три настани со цел мотивирање и анимирање на учениците за активно учество и придонес кон проектот „Рециклирај, донирај, подобри“.

1️⃣ Првиот од настаните се одржа денес во ООУ Ѓорѓија Пулевски, каде популарниот бенд ДНК кои се бренд амбасадори на проектот. Тие ги сподели своите погледи за важноста на рециклирањето и донирањето како дел од нивната еколошка иницијатива. Преку овие настани, учениците се охрабруваат да станат активни учесници во проектот, кој има за цел да подигне свесност за одговорноста кон животната средина и важноста на заедничките напори за подобрување на заедницата.

✅ Општина Аеродром објавува повик за доделување мали грантови на тема „Зајакнување на заедниците за одржливо управување ...
25/09/2024

✅ Општина Аеродром објавува повик за доделување мали грантови на тема „Зајакнување на заедниците за одржливо управување со отпад од пакување“. Овој повик е наменет за граѓанските организации и има за цел да ги поттикне локалните заедници на правилна селекција на отпад, особено пластика и лименки.

💳 Финансиската поддршка изнесува 25.000 евра, со минимален грант од 2.500 евра и максимален од 5.000 евра, обезбедени преку проектот Clean AirDrom, финансиран од Европската Унија.

‼️ Рокот за поднесување на предлог-проекти е до 16 октомври 2024, најдоцна до 15:00 часот. Документацијата може да се преземе на следниов линк: http://aerodrom.gov.mk/kategorija/oglasi.

24/09/2024

♻️ 🎬 Mинатата недела беше официјално промовирана првата од вкупно 11 машини за рециклирање кои се поставени во Општина Аеродром како дел од проектот Clean AirDrom.

🤝 Станува збор за проект кој се имплементира во рамките на програмата EU4M - project funded by EU, финансиран од Европската Унија и ко-финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерство за локална самоуправа во Северна Македонија и е спроведен од Општина Аеродром, во соработка со Go Green и Omnium Coaching & Training.

❗Целта на Clean AirDrom е да придонесе за зголемена одржливост на урбаното живеење во општината преку воведување иновативен модел за управување со отпад.

17/09/2024

🗣️ Која е важноста на рециклирањето и како проектот „Clean AirDrom" ќе придонесе за поздрава и почиста животна средина?

🚮 Братислава Танасковиќ, раководител на проектот „Clean AirDrom“, објаснува во гостувањето на „Прва Скопска ТВ“.

16/09/2024

Видео од промоцијата на првата од вкупно 11 машини кои се поставувени во Општина Аеродром како дел од проектот Clean AirDrom.“

✅ ♻️ Граѓаните на Аеродром од денес ќе селектираат и рециклираат отпад. Општина Аеродром од денес има машини за рециклир...
13/09/2024

✅ ♻️ Граѓаните на Аеродром од денес ќе селектираат и рециклираат отпад.

Општина Аеродром од денес има машини за рециклирање на ПЕТ пластични шишиња и лименки, а над 10 илјади домаќинства добиваат торби за домашна селекција на отпад од пакување.

Машините за рециклирање и торбите за примарна селекција на отпад за домашна употреба беа презентирани денес во рамки на проектот „Clean Air – нула цврст отпад во Општина Аеродром“ на настан одржан во ООУ „Лазо Ангеловски“.

Поставени се 11 машини во дворовите на сите основни училишта и две градинки, со што преку мотото „Рециклирај, донирај, подобри“, Општина Аеродром има цел да ја подигне свеста за зачувување на чиста и здрава животна средина.

Повеќе инфо на следниот линк: https://bit.ly/47pvUxa

📄 Земете учество во анкетното истражување кое има за цел да го истражи познавањето на жителите на Аеродром за третманот ...
16/10/2023

📄 Земете учество во анкетното истражување кое има за цел да го истражи познавањето на жителите на Аеродром за третманот на отпадот од пакување.

🔗 За учество кликнете на следниот линк: https://bit.ly/3ZXdccu

Овој прашалник е изготвен со финансиска помош на Европската Унија. Содржината на овој прашалник е одговорност на Општина Аеродром и не ги одразува ставовите на Евр...

📝 Во рамките на проектот Clean AirDrom – Нула цврст отпад во текот на месец октомври 2023 година се спроведува анкета на...
12/10/2023

📝 Во рамките на проектот Clean AirDrom – Нула цврст отпад во текот на месец октомври 2023 година се спроведува анкета наменета за граѓаните на Аеродром.

✓ Анкетата има за цел да го истражи познавањето на граѓаните за третманот на отпадот од пакување.

📢 Доколку живеете во Аеродром, со клик на линкот, само неколку минути ви се потребни да го споделите вашиот став на темите поврзани со третманот на отпадот од пакување.

Овој прашалник е изготвен со финансиска помош на Европската Унија. Содржината на овој прашалник е одговорност на Општина Аеродром и не ги одразува ставовите на Евр...

Address

Aerodrom
Skopje

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Clean AirDrom posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share