Општина Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров Официјална фејсбук страница на Општина Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров е една од десетте општини на градот Скопје оддалечена 5 километри од центарот на градот и се наоѓа на северозападната страна во Скопската котлина, меѓу реките: Вардар, Лепенец и Треска. Општината има и урбанистички и рурален дел.

Денес Општина Ѓорче Петров има 41634 жители, зафаќа површина од 6.693 ха (вклучувајки ги и приградските зони) и се граничи со општините: Карпош, Чучер-Сандево и Сарај.

Унапредување на спортската инфраструктура во ООУ „Димитар Поп Ѓоргиев – Беровски“ Во рамки на континуираните инвестиции ...
17/08/2026

Унапредување на спортската инфраструктура во ООУ „Димитар Поп Ѓоргиев – Беровски“

Во рамки на континуираните инвестиции во спортската инфраструктура, во дворот на ООУ „Димитар Поп Ѓоргиев – Беровски“ се реализира изградба на нов, современ калистеника парк.

Со овој проект се создава дополнителен простор за спорт, рекреација и активно поминување на слободното време, со што се унапредуваат условите за учениците и младите.

Проектот се реализира со финансиска поддршка од Министерството за транспорт и врски и претставува уште еден чекор кон создавање подобра и посовремена спортска инфраструктура во општина Ѓорче Петров.

Продолжуваме со вложувања во спортот, младите и создавањето услови за здрав и активен начин на живот.

🤾‍♀️🇲🇰 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ПРЕД НОВ СПОРТСКИ ПРЕДИЗВИК – СПЛИТ, СЕГА ДОАЃАМЕ! 🏆Голема чест и гордост е што младите ракометарки ...
14/08/2026

🤾‍♀️🇲🇰 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ПРЕД НОВ СПОРТСКИ ПРЕДИЗВИК – СПЛИТ, СЕГА ДОАЃАМЕ! 🏆

Голема чест и гордост е што младите ракометарки од училишната екипа „АСТРА“ при ООУ „Тихомир Милошевски“ постигнаа фантастичен успех и го освоија првото место на државното ниво на Спортските игри за млади „Плазма“! 👏🥇

Со овој голем резултат, нашите шампионки обезбедија пласман на меѓународното финале во Сплит, каде што ќе ги претставуваат Ѓорче Петров и Македонија и ќе се натпреваруваат со најдобрите млади екипи од регионот. 🇲🇰❤️

Овој успех е резултат на многу тренинг, работа, дисциплина и огромна љубов кон спортот. Искрени честитки до сите ракометарки, нивните семејства, како и до нивната наставничка и ментор Мирјана Гошевска за посветеноста и поддршката. 👏

🌟 Нашите млади спортистки покажаа дека со упорност, тимски дух и верба во себе, границите не постојат.

Од Ѓорче Петров до Сплит – со срце, храбро и заедно до нови победи! 🤾‍♀️🏆🇲🇰

Среќно, девојки! Горди сме на вас! ❤️

🌍 Општина Ѓорче Петров на 6-тиот Форум на градоначалници на Обединетите нации!Со особена чест и задоволство, Општина Ѓор...
13/08/2026

🌍 Општина Ѓорче Петров на 6-тиот Форум на градоначалници на Обединетите нации!

Со особена чест и задоволство, Општина Ѓорче Петров ќе учествува на 6-тиот Форум на градоначалници на Обединетите нации, кој на 12 и 13 октомври ќе се одржи во Женева, Швајцарија.

Форумот претставува значајна можност за размена на искуства и добри практики со локални лидери од целиот свет, како и за отворање нови перспективи за соработка во областите на одржливиот урбан развој, современото локално управување и унапредувањето на квалитетот на животот на граѓаните.

Учеството на Општина Ѓорче Петров на овој меѓународен настан е можност достоинствено да ги претставиме нашата општина и Република Македонија, да ги споделиме искуствата и реализираните проекти, но и да стекнеме нови знаења и партнерства со локални самоуправи и институции од целиот свет.

Нашата определба останува јасна – одговорно и современо локално управување, одржлив развој и создавање поквалитетни услови за живот за сите граѓани.

Од Ѓорче Петров до Женева – со искуство, визија и посветеност кон развојот на нашата локална заедница. 🇲🇰🌍

#ОпштинаЃорчеПетров

И денес продолжуваме со исто темпо 🚀, сила 💪 и енергија ⚡ — посветено, одговорно и со конкретни резултати.Со континуиран...
12/08/2026

И денес продолжуваме со исто темпо 🚀, сила 💪 и енергија ⚡ — посветено, одговорно и со конкретни резултати.

Со континуирани инфраструктурни инвестиции 🏗️, чекор по чекор создаваме подобри услови за живот и пофункционална средина за граѓаните.

Работиме на проекти кои носат видливи промени 🔨 и подобрувања во секојдневието на жителите. Заедно градиме подобра, помодерна и поубава средина за сите. 🇲🇰✨

🚀 Ѓорче оди напред!Со работа, посветеност и конкретни чекори, секојдневно создаваме подобри услови и нови можности за си...
11/08/2026

🚀 Ѓорче оди напред!

Со работа, посветеност и конкретни чекори, секојдневно создаваме подобри услови и нови можности за сите жители. 💪

Развојот се гледа преку дела — преку вложувања, уредување на просторот и проекти што носат реални промени во секојдневието.

Заедно градиме модерно, поубаво и подобро Ѓорче. 🫡
Секој ден — нов чекор напред! ❤️

🇲🇰 НЕ ЗАБОРАВАМЕ!Денес, 25 години по трагичните настани кај Љуботенски Бачила, се поклонуваме пред храброста и жртвата н...
10/08/2026

🇲🇰 НЕ ЗАБОРАВАМЕ!

Денес, 25 години по трагичните настани кај Љуботенски Бачила, се поклонуваме пред храброста и жртвата на македонските бранители.

Со вечна благодарност ги споменуваме: Раде Јанковски, Ивица Златевски, Томе Димовски, Томислав Настевски, Ацо Ангеловски, Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев и Маријанчо Бошковски.

Како Општина Ѓорче Петров, ќе продолжиме достоинствено да го чуваме споменот на нашите бранители и нивната жртва да ја пренесуваме на идните генерации.

Вечна им слава!
Вечна благодарност! 🇲🇰

🇲🇰25 години оддавање почит и сеќавање!🇲🇰 На 10 август заеднички ќе им оддадеме почит на осумтемина бранители кои ги поло...
09/08/2026

🇲🇰25 години оддавање почит и сеќавање!🇲🇰

На 10 август заеднички ќе им оддадеме почит на осумтемина бранители кои ги положија своите животи за Македонија.

Ги покануваме сите граѓани да присуствуваат и заедно да ја сочуваме спомената на нивната храброст и жртва.

🕗 08:00 – Спомен-чешма „Томислав Настески – Бумбар“
🕣 08:30 – Споменик на загинатите бранители, Волково

Нивната жртва е вечен потсетник на храброста и пожртвуваноста кон татковината. Споменот за нив ќе живее засекогаш.

Вечна им слава! 🇲🇰

🏋️‍♂️ НОВА ФИТНЕС ЗОНА ВО ООУ „МИРЧЕ АЦЕВ“ ✅📍 Општина Ѓорче Петров продолжува со инвестиции во спортската инфраструктура...
07/08/2026

🏋️‍♂️ НОВА ФИТНЕС ЗОНА ВО ООУ „МИРЧЕ АЦЕВ“ ✅

📍 Општина Ѓорче Петров продолжува со инвестиции во спортската инфраструктура.

🎉 Во употреба е пуштена новата фитнес зона во ООУ „Мирче Ацев“, реализирана со поддршка на Министерството за транспорт и врски.

💪 Ова е една од трите нови фитнес зони што ги реализира Општината, со цел да обезбеди современи и безбедни услови за спорт, рекреација и здрав живот.

🏃‍♀️🏃‍♂️ Нашата визија е спортот да биде достапен за сите – во училиштата, парковите и секоја населба.

⚽ Од нови спортски терени,
🤸‍♀️ фитнес и калистеника зони,
🏟️ до реконструкција на спортски комплекси – континуирано вложуваме во подобри услови за сегашните и идните генерации.

🚧 Продолжуваме со нови проекти и нови инвестиции.

💙 Општина Ѓорче Петров – заедно градиме здрава, активна и силна заедница! 💪

Address

Улица Ѓорче Петров бр. 22
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 07:30 - 16:30
Tuesday 07:30 - 16:30
Wednesday 07:30 - 16:30
Friday 07:30 - 16:30

Telephone

+38922044411

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Општина Ѓорче Петров posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Општина Ѓорче Петров:

Shortcuts

Share