Државен архив на Република Северна Македонија

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Државен архив на Република Северна Македонија

Државен архив на Република Северна Македонија Официјална страна на Државниот архив на С. Македонија

„Дел од историјата на Тетово, пренесена преку уникатни фотографии од нашите колеги во Подрачното одделение - Тетово: 👇
14/08/2026

„Дел од историјата на Тетово, пренесена преку уникатни фотографии од нашите колеги во Подрачното одделение - Тетово: 👇

На 11 август 1992 година, Собранието на Република Македонија го донесе Законот за знамето на Република Македонија.Во фон...
12/08/2026

На 11 август 1992 година, Собранието на Република Македонија го донесе Законот за знамето на Република Македонија.

Во фондовите на Државниот архив се чува Указот за прогласување на Законот за знамето, а денес, за прв пат пред јавноста го презентираме овој историски документ.

Со Законот било утврдено државното знаме да биде црвено со златно-жолто сонце, составено од 16 зраци, наизменично и симетрично распоредени околу сончевиот диск.

Официјалното промовирање на ова знаме се случи на 12 август 1992 година, кога за првпат беше свечено подигнато пред зградата на Собранието.

Тоа беше првото државно знаме на независна Република Македонија, со симболика на Сонцето од Кутлеш, симбол кој остави силен белег во првите години од независноста на македонската држава и остана важен дел од нејзината историска меморија.

На 11 август 1992 година, Собранието на Република Македонија го донесе Законот за химната на Република Македонија, со ко...
11/08/2026

На 11 август 1992 година, Собранието на Република Македонија го донесе Законот за химната на Република Македонија, со кој песната „Денес над Македонија“ беше утврдена како државна химна.

Со текст на Владо Малески и музика на Тодор Скаловски, песната стана еден од најзначајните симболи на македонската државност.

Во фондовите на Државниот архив се чува Указот за прогласување на Законот за химната на Република Македонија од 11 август 1992 година, документ што сведочи за моментот кога „Денес над Македонија“ официјално го добива своето место меѓу државните симболи.

,,Несекојдневна драма во скопскиот парк"30.8.1960 годинаИстражувајќи низ старите страници на весникот „Нова Македонија“,...
10/08/2026

,,Несекојдневна драма во скопскиот парк"
30.8.1960 година

Истражувајќи низ старите страници на весникот „Нова Македонија“, понекогаш наидуваме на приказни кои, и по повеќе од шест децении, успеваат да го привлечат нашето внимание.

Во весникот од 30 август 1960 година го сретнавме текстот со наслов „Несекојдневна драма во скопскиот парк“, посветен на мајмунката Милева, која предизвикала вистинска драма во еден од скопските паркови.

Според написот, мајмунката грабнала петмесечно дете и речиси половина час го носела низ гранките на дрвјата. Загрижените граѓани повикале Народна милиција, а по драматичната интервенција детето било спасено. Написот известува дека детето било во тешка состојба, додека Милева на крајот била совладана и однесена.

Охрид во првата половина на XX век
05/08/2026

Охрид во првата половина на XX век

05/08/2026

На 2-ри Август, директорот на Државниот архив м-р Димитар Богески присуствуваше на свечениот настан по повод одбележувањето на Илинден во Меморијалниот центар во Пелинце.

Настанот беше исполнет со достоинствено оддавање почит на историското наследство и значењето на Илинденското востание.

Архивот продолжува да ја исполнува својата мисија - зачувување и промовирање на националната меморија

Погледнете го ова кратко видео од овој настан.👇

Директорот на Државниот Архив Димитар Богески во интервју за ВЕЧЕР вели дека Архивот ја чува шифрираната азбука и 43 ори...
04/08/2026

Директорот на Државниот Архив Димитар Богески во интервју за ВЕЧЕР вели дека Архивот ја чува шифрираната азбука и 43 оригинални писма на Гоце Делчев.

„Во овие писма се содржани значајни податоци за делувањето на движењето, каналите за пренос на оружје и на литература, како и за координацијата со задграничните претставништва. Овие документи се донесени во Македонија заедно со моштите на Гоце Делчев и подоцна се предадени на чување во Државниот архив од страна на Илинденската организација“, додава Богески

Повеќе на оваа тема прочитајте тука : 👇

Директорот на Државниот архив на Македонија, Димитар Богески, во интервју за ВЕЧЕР вели оваа институција во своите фондови чува исклучително вредни оригинални

Потписот на Гоце Делчев - најбараниот историски документ во Штипскиот архив!Посетителите и истражувачите од целиот свет ...
03/08/2026

Потписот на Гоце Делчев - најбараниот историски документ во Штипскиот архив!

Посетителите и истражувачите од целиот свет со посебно внимание ги разгледуваат документите во Одделението во Штип, no еден експонат привлекува најголема љубопитност.

Станува збор за свидетелството на ученичката Тана Трајчевска, лично потпишано од Гоце Делчев за време на неговото учителствување во Ново Село.

🔗 Повеќе за ова можете да прочитате овде: 👇

Свидетелства, дипломи, нотни записи, црковни книги, ракописи, фотографии се чуваат на долгите полици во депоата на штипскиот Архив пренесува МИА во нивната

Две локации, на две различни места, но иста идеја – достојно да ја претставиме нашата колективна меморија.Денеска, по по...
02/08/2026

Две локации, на две различни места, но иста идеја – достојно да ја претставиме нашата колективна меморија.

Денеска, по повод најголемиот празник – Илинден, Државниот архив на две локации, во Крушево и во Пелинце, се претстави со свои изложби каде што за првпат пред јавноста беа прикажани историски документи и фотографии за борбата на македонскиот народ за слобода и независност.

Голема благодарност до целиот тим и сите колеги кои несебично се вложија и дадоа свој придонес за реализација на овој значаен настан.

Нека ни е среќен празникот, да ни е жива Македонија!

На денешен ден 1903 година започна Илинденското востание, еден од најзначајните настани во македонската историја. Водени...
02/08/2026

На денешен ден 1903 година започна Илинденското востание, еден од најзначајните настани во македонската историја. Водени од идеалите за слобода и сопствена држава, македонските револуционери ја започнаа борбата која остави траен белег во колективната меморија на нашиот народ.

Крушевската Република остана најсилен симбол на стремежот кон слобода, еднаквост и праведно општество.

По повод 2 Август-Илинден, ви претставуваме избор на архивски документи и фотографии од нашите фондови и збирки, кои сведочат за борбата, идеалите и жртвата на илинденците и се драгоцен дел од нашето историско наследство.

Нека е честит Илинден! Вечна слава на хероите на Илинденското востание!

Address

кеј Димитар Влахов бр. 19
Skopje

Opening Hours

Monday 07:30 - 16:30
Tuesday 07:30 - 16:30
Wednesday 07:30 - 16:30
Thursday 07:30 - 16:30
Friday 07:30 - 16:30

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Државен архив на Република Северна Македонија posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Државен архив на Република Северна Македонија:

Shortcuts

Share