29/08/2026
🚸 БАРАМЕ БЕЗБЕДНИ КРСТОСНИЦИ ЗА ДЕЦАТА И СИТЕ ЖИТЕЛИ НА КАРПОШ
Советничката група на Левица - Карпош поднесе барање до Општина Карпош за итно решавање на проблемот со намалената прегледност и небезбедното одвивање на сообраќајот на крстосниците на ул. „Никола Тесла“ со ул. „Бранислав Нушиќ“ и со ул. „Руѓер Бошковиќ“.
Состојбата е особено загрижувачка поради паркирањето на тротоарите и непосредно до аглите на крстосниците, со што се намалува видливоста и возачите се принудени да навлегуваат во крстосницата без доволна прегледност. Тоа создава директен ризик од сообраќајни незгоди, особено за пешаците, велосипедистите и учениците.
Сметаме дека ризикот е голем бидејќи во непосредна близина се наоѓаат основно училиште, повеќе факултети и други јавни објекти, што значи голема фреквенција на деца, ученици, студенти и пешаци.
Затоа побаравме од Општина Карпош:
🔴 итен теренски увид со надлежните општински служби, инспекциите, управувачот на улицата, сообраќаен инженер и претставници на ПС Карпош/СВР Скопје;
🔴 сообраќајно-техничка анализа на линиите на прегледност, паркирањето, брзината на движење, сигнализацијата, пешачките премини и евидентираните сообраќајни незгоди;
🔴 изработка и реализација на конкретно техничко решение – сообраќајни огледала каде што се потребни, соодветна сигнализација, заштитни столпчиња и физичка заштита на аглите на тротоарите, мерки за смирување на сообраќајот и обновување на пешачката инфраструктура;
🔴 засилен инспекциски и полициски надзор и отстранување на непрописно паркираните возила.
Безбедноста на децата не смее да биде прашање на добра волја, туку обврска на институциите.
Од Општина Карпош бараме институционално, а не декларативно решавање на проблемот. Кога граѓаните со години укажуваат на опасни сообраќајни точки, надлежните не треба да чекаат да се случи незгода за да реагираат.
Левица – Карпош ќе продолжи да бара конкретни решенија за безбедни улици и безбедни јавни простори за сите граѓани.
#Левица #Карпош #БезбеденКарпо