18/05/2026
🌿 Поминавме значаен чекор на патот кон згрижување.
Учевме за згрижувањето, за потребите на децата, за улогата на згрижувачкото семејство — но и за себе: за нашата подготвеност, можности и одговорност. 💛
Со добивањето на сертификатите за завршена обука, кандидатите влегуваат во следната важна фаза: разговор, проценка и носење информирана одлука. 📜✨
По завршена обука, можни се два важни исходи:
🏡 Да станеме згрижувачи и да обезбедиме грижа, сигурност и заштита за дете на кое му е потребна поддршка.
🤝 Или да одлучиме дека нашата улога е поинаква — да помогнеме така што ќе ја шириме пораката и ќе охрабриме некој друг кој може да се грижи.
Затоа што никој не е рамнодушен.
И секој може да помогне. 💙
Потребни се згрижувачи за бебиња, за повозрасни деца, за итно, интервентно, повремено и долгорочно згрижување. 👶🧒👧
Секое дете има различна потреба, а секое семејство има различна можност да помогне.
🌱 Одбери што е за тебе.
Дознај повеќе за згрижувањето и пријави се за следна обука.
📞 075 277 447
Искрени честитки до сите кандидати за посветеноста, отвореноста и храброста да го поминат овој процес и за нашите обучувачи Jagoda Naskovska, Naumoski, Biljana Miceva и Dance Miteva. 👏💛
Се надеваме дека во скоро време, во некои од овие домови, ќе започне нова приказна исполнета со грижа, сигурност и детска смеа. 🏡✨