21/08/2026
Директорката на Централен регистар, д-р Анита Стамнова учествуваше на владиниот семинар за размена на искуства и нови можности за соработка со Чешката Република во областа на дигиталната трансформација и сајбер-безбедноста
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски го пречека Н.Е. г. Петр Мацинка, заменик-премиер и министер за надворешни работи на Чешката Република, по што двајцата министри со поздравни обраќања официјално го отворија семинарот.
Посакувајќи им добредојде на министерот Мацинка и на чешката делегација, министерот Андоновски истакна дека дигитализацијата не е само технолошки процес, туку суштинска трансформација на начинот на кој функционира државата и на кој граѓаните ги остваруваат своите права и ги користат јавните услуги.