28/07/2026
🎓✅ Успешно ја реализиравме Летната школа за млади новинари и медиумски работници.
📅 Од 21 до 25 јули во Охрид, КАС во соработка со Здружение на новинарите на Македонија - ЗНМ, во рамките на Тренинг-академијата за новинари и медиумски работници (Т-АЈМ), организираше петдневна Летна школа посветена на професионалниот развој на младите новинари и медиумски работници.
📰 Во текот на школата учесниците работеа на теми поврзани со истражувачкото новинарство, физичката и дигиталната безбедност, етичкото известување, медиумските слободи, како и препознавањето и справувањето со професионалното прегорување.
🎥 Преку практични вежби, теренски симулации и работа со искусни предавачи и медиумски експерти, учесниците имаа можност да ги унапредат своите знаења и вештини, но и да разменат искуства и да изградат нови професионални контакти.
🤝 КАС останува посветена на поддршката на слободното, професионално и одговорно новинарство, преку создавање можности за едукација, вмрежување и развој на новата генерација медиумски професионалци.
🌐 Повеќе информации на следниот линк 👇
https://shorturl.at/LCelr