02/07/2026
ЈАВЕН ПОВИК ЗА КАНДИДИРАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА ОПШТИНСКИ КОМИТЕТИ НА ПАТРИОТСКИ ИНСТИТУТ НА ВМРО-ДПМНЕ "ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ"
Се објавува Јавен Повик за кандидирање за претседатели на Општински Комитети на Патриотски Институт на ВМРО-ДПМНЕ "Гоце Делчев"
Кандидатите за претседатели на Општински Комитети на Патриотскиот Институт, треба да достават биографија (CV) и мотивационо писмо во кое ќе ги образложат мотивите за кандидирање. Кандидатите треба да се членови на ВМРО-ДПМНЕ.
Кандидатите треба пополнетите материјали да ги достават најдоцна до 12.07.2026 година во Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ (Плоштад ВМРО, Палата д-р. Христо Татарчев бр.1) во Скопје, Република Македонија и преку електронска пошта на [email protected].
ВМРО-ДПМНЕ го задржува правото да ги провери податоците кои се доставени.
Сите кандидати имаат еднакви шанси да бидат избрани, зависно од личните квалитети, успесите во минатото и визијата за иднината. Се поттикнуваат да се кандидираат сите кои ги споделуваат политиките на ВМРО-ДПМНЕ, визијата за развој на Република Македонија како и оние кои се чувствуваат подготвени своето професионално знаење да го стават во функција на напредокот на државата.
Секој пријавен кандидат ќе биде третиран со строга дискреција, со цел за заштита на оние кои нема да бидат избрани.
Со почит, ВМРО-ДПМНЕ