Армија на Република Северна Македонија

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Армија на Република Северна Македонија

Армија на Република Северна Македонија Армијата својата мисија и функција ја заснова на Националната одбранбена политика и доктрина.

Во рамки на континуираната соработка и размена на искуства меѓу Баталјонот на специјални сили и Специјалните сили на САД...
24/08/2026

Во рамки на континуираната соработка и размена на искуства меѓу Баталјонот на специјални сили и Специјалните сили на САД, во периодот од 14 јули до 12 август се реализираше здружена обука насочена кон унапредување на нивото на подготвеност и оперативните способности на припадниците на специјалните сили.

Обуката опфати заеднички активности и вежбовни сценарија преку кои припадниците имаа можност да ги усовршат своите тактики, техники и процедури, како и да разменат искуства и најдобри практики од областа на специјалните операции.

Ваквите активности претставуваат значаен придонес кон зајакнувањето на сојузнничката соработка, размена на знаења и искуства и континуирано унапредување на способностите на специјалните сили за одговор на современите безбедносни предизвици.

Ангажирање на персонал од 1. пбр во гаснење на пожар во с. Чаниште, Прилеп На 19 август 2026 година, припадници на Артил...
20/08/2026

Ангажирање на персонал од 1. пбр во гаснење на пожар во с. Чаниште, Прилеп

На 19 август 2026 година, припадници на Артилерискиот баталјон од составот на 1. пешадиска бригада беа ангажирани во гаснење на пожарот во реонот на с. Чаниште, општина Прилеп.
Во ангажманот беше употребена и цистерна за вода. Припадниците на Армијата во справувањето со пожарот постапуваа професионално, одговорно и пожртвувано, доследно применувајќи ги пропишаните процедури и мерки за безбедност и лична заштита.
Нивната подготвеност за ваков вид ангажмани е резултат на континуираната обука и оспособување за постапување при природни непогоди и други кризни ситуации.

Армијата на Република Северна Македонија, во рамките на својата мисија и согласно Уставот и законите, останува подготвена за навремено и ефикасно ангажирање во поддршка на граѓаните и надлежните институции при справување со природни непогоди и други предизвици, секогаш кога тоа е потребно.

Делегација од Националната гарда на Вермонт, САД, предводена од бригадниот генерал Ерик Гањон, во период од 16 до 20 авг...
19/08/2026

Делегација од Националната гарда на Вермонт, САД, предводена од бригадниот генерал Ерик Гањон, во период од 16 до 20 август престојува во официјална посета на државата и Армијата.

Во рамките на посетата, делегацијата присуствуваше на централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата, а во Кампот за обука на вода во Охрид оствари средба со началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски.
На средбата беа разгледани билатералната соработка, заедничкото учество на меѓународни вежби и обуки, развојот и капацитетите на армискиот полигон „Криволак“, како и соработка на полето на едукацијата и образованието.
Посетата на делегацијата од НГ на Вермонт претставува потврда за долгогодишното партнерство помеѓу Армијата и Националната гарда на Вермонт.

Во присуство на највисокото државно и воено раководство, во Кампот за обука на вода во Охрид, се одржа централната свече...
18/08/2026

Во присуство на највисокото државно и воено раководство, во Кампот за обука на вода во Охрид, се одржа централната свеченост за воениот празник 18-ти Август – Денот на Армијата.
На свеченоста се обратија претседателката и врховен командант на Вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски.
Во рамките на свеченоста, претседателката Сиљановска-Давкова со „Орден за воени заслуги“ ги одликува Командата за операции и Центарот за одгледување и дресура на кучиња.
Согласно програмата на денешната свеченост, а врз основа на резултатите и оценките постигнати за време на школувањето на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје во период 2022-2026 година, на најдобрите тројца рангирани потпоручници им беа доделени соодветни признанија.
На централната свеченост присуствуваа и претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министри во Владата, пратеници во Собранието, командантот на Копнените сили на Вермонт Ерик Гањон, гости од воено-дипломатскиот кор, поранешни министри за одбрана и началници на Генералштабот, генералите во Армијата, претставници од локалната самоуправа, претставници на организации со кои соработува Армијата и други гости.

18/08/2026

Централна прослава по повод 18 Август Денот на Армијата

Почесна артилериска стрелба по повод 18 Август-Денот на Армијата.
17/08/2026

Почесна артилериска стрелба по повод 18 Август-Денот на Армијата.

По повод 18 Август – Денот на Армијата, припадниците на Министерството за одбрана и Генералштабот, командите и единиците...
17/08/2026

По повод 18 Август – Денот на Армијата, припадниците на Министерството за одбрана и Генералштабот, командите и единиците на Армијата во касарните низ Републиката, со свечени собири и постројувања го одбележаа Денот на Армијата.
Во рамките на свеченостите беа прочитани наредби за унапредување на старешини, а на припадници на Армијата и организации кои со својот придонес дале значаен придонес во развојот на Министерството за одбрана и Армијата, им беа врачени плакети, значки, благодарници и други стимулативни мерки.
По повод празникот, делегација предводена од министерот за одбрана и началникот на Генералштабот, заедно со претставници на семејствата на загинатите бранители, положи свежо цвеќе пред споменикот на бранителите од 2001 година пред Министерството за одбрана.
Во текот на денот, делегации од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата, Кабинетот на претседателката на Република Северна Македонија, Собранието, Владата, како и други делегации, положија венци и свежо цвеќе на спомен-обележјата на Партизанските гробишта, на гробовите на поранешните претседатели на Републиката Борис Трајковски и Киро Глигоров, како и на гробот на генерал Михаило Апостолски.
Активностите за денешната свеченост завршија со работен состанок помеѓу Министерот Мисајловски и генералот Лафчиски.

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска, оствари средба со новоназначеното одбран...
13/08/2026

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска, оствари средба со новоназначеното одбранбено аташе на САД за Република Северна Македонија, потполковник Андру Шели.

За време на средбата беше потврдена одличната билатерална соработка меѓу двете армии, која континуирано се унапредува преку заедничко учество во вежбовни активности, американската поддршка во развојот и модернизацијата на капацитетите на Армијата, како и преку можностите за стручно усовршување и едукација на армискиот персонал. Во рамките на средбата беше изразена и подготвеноста за продолжување и натамошно унапредување на соработката.

Во пресрет на одбележувањето на „18 Август“ – Денот на Армијата, припадниците на Армијата и оваа година се приклучија на...
11/08/2026

Во пресрет на одбележувањето на „18 Август“ – Денот на Армијата, припадниците на Армијата и оваа година се приклучија на традиционалната акција за доброволно дарување на крв, со што уште еднаш ја потврдија својата хуманост и солидарност.

На денешната акција, која се реализираше во ГОБ „8ми Септември“, како дел од планираните активности по повод Денот на Армијата, учествуваа припадници на Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана.

Крводарителна акција се спроведе и во касарната „Кузман Јосифовски - Питу“ во Тетово, каде припадниците од овој гарнизон уште еднаш ги потврдија својата хуманост, солидарност и општествена одговорност.

Во периодот од 03-07.08.2026 година припадници од Армијата реализираа посета на 3/124 баталјон за информациски операции ...
11/08/2026

Во периодот од 03-07.08.2026 година припадници од Армијата реализираа посета на 3/124 баталјон за информациски операции од состав на Националната Гарда (НГ) на Вермонт, САД.

Посетата беше насочена кон размена на знаења, искуства и најдобри практики поврзани со психолошките операции и информациските операции. Беа остварени средби со командниот кадар на единицата, планери и инструктори за информациски операции, при што се разговараше за тековните практики, актуелните доктрини за информациски операции и можностите за идна соработка.

Address

Орце Николов бр. 116
Skopje
1000

Telephone

+38923282460

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Армија на Република Северна Македонија posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Армија на Република Северна Македонија:

Shortcuts

Share

Category