Градски комитет Скопје

Градски комитет Скопје Градски Комитет на ВМРО-ДПМНЕ
Скопје

8 Септември не е само датум во нашата историја. Тоа е денот кога македонскиот народ ја потврди својата волја да живее сл...
08/09/2026

8 Септември не е само датум во нашата историја. Тоа е денот кога македонскиот народ ја потврди својата волја да живее слободно, достоинствено и во своја независна држава.

Македонија е нашиот дом, нашето наследство и нашиот завет кон генерациите што доаѓаат. Создавана со жртви, чувана со љубов и градена со надеж, таа не обврзува секој ден да бидеме достојни на оние кои верувале во неа пред нас.

Наша должност е да ја чуваме нејзината независност, да го негуваме македонскиот идентитет и јазик и да градиме силна, просперитетна и достоинствена држава. Како што не потсетува великанот Блаже Конески:

„Јазикот е нашата татковина.“ 

Нека ни е вечна Македонија, нека ни е честит и вековит 8 Септември, Денот на независноста на Македонија!

Наскоро започнуваме со посети во сите општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, со средби отворени за сите граѓани.Сак...
04/09/2026

Наскоро започнуваме со посети во сите општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, со средби отворени за сите граѓани.

Сакаме одблиску да ги слушнеме вашите идеи, предлози, критики и проблеми, затоа што секое мислење е важно, а најдобрите решенија се градат преку непосреден разговор и заедничка работа.

Посетите ќе се реализираат во текот на септември, октомври и ноември, а за датумот, времето и локацијата за секоја посета ќе информираме дополнително.

Одблиску до вас. Заедно до решенија.

Градски, урбано, заедно!

Одржана седница на Градскиот комитет, посветена на тековните активности, приоритетите и следните чекори во периодот што ...
26/08/2026

Одржана седница на Градскиот комитет, посветена на тековните активности, приоритетите и следните чекори во периодот што претстои.

Продолжуваме посветено, организирано и со јасна цел уште посилна работа на терен и директна комуникација со граѓаните.

Градски, урбано, заедно!

Илинден е денот кога срцето на Македонија чука најсилно. Ден кога се поклонуваме пред хероите што сонуваа слободна татко...
02/08/2026

Илинден е денот кога срцето на Македонија чука најсилно. Ден кога се поклонуваме пред хероите што сонуваа слободна татковина и пред сите кои своите животи ги вградија во темелите на македонската држава. Од Илинден 1903 до АСНОМ 1944, се испиша најсветлата страница од нашата историја приказна за народ што не ја предаде надежта, не го заборави својот идентитет и не престана да верува во својата Македонија.

Генерациите пред нас ни оставија аманет да ја чуваме државата со истата љубов, достоинство и одговорност со кои тие се бореа за неа. Нашата сила не е само во минатото, туку и во единството, во почитта кон жртвата и во вербата дека Македонија секогаш ќе оди напред кога сме заедно.

Генерациите пред нас ни оставија аманет да ја чуваме државата со истата љубов, достоинство и одговорност со кои тие се бореа за неа. Нашата сила не е само во минатото, туку и во единството, во почитта кон жртвата и во вербата дека Македонија секогаш ќе оди напред кога сме заедно.

Во име на Градскиот комитет на сите граѓани им го честитаме големиот празник Илинден. Нека споменот на илинденците и асномците биде наш вечен патоказ, а љубовта кон Македонија нашата најголема должност.

Вечерва во Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, во одлична атмосфера и спортски дух, заеднички уживаме во возбудувањата од С...
18/06/2026

Вечерва во Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, во одлична атмосфера и спортски дух, заеднички уживаме во возбудувањата од Светското првенство во фудбал.

Вечер исполнета со спорт, дружење и позитивна енергија. ⚽️

17/06/2026

Денес, со почит кон минатото и со јасна визија за иднината, продолжуваме по патот на напредокот, убедени дека најдобрите денови за Македонија допрва доаѓаат.

Македонија забрзува!

Среќен 36-ти роденден на ВМРО-ДПМНЕ!

Да живее ВМРО-ДПМНЕ!
Да живее Македонија! 🇲🇰

07/06/2026

Во организација на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ заедно испративме силна порака за еднаквост, инклузија и почитување на различностите.

Бидејќи секое дете заслужува шанса, секој човек заслужува почит и секој живот има вредност.

Градски, урбано, заедно!

Во организација на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денес заедно испративме силна порака за еднаквост, инклузија и почиту...
06/06/2026

Во организација на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денес заедно испративме силна порака за еднаквост, инклузија и почитување на различностите.

Преку дружење, разговор и заеднички активности, ја потврдивме нашата заложба за општество без бариери, во кое секој има еднакви можности да придонесува, да се развива и да биде прифатен.

Благодарност до сите учесници, здруженија и граѓани кои беа дел од овој настан и ја поддржаа идејата дека различностите нè збогатуваат, а еднаквоста нè обединува.

Бидејќи секое дете заслужува шанса, секој човек заслужува почит и секој живот има вредност.

Со денешното дежурство на ОК Гази Баба го заокружуваме циклусот на непосредни средби на граѓаните со општинските комитет...
05/06/2026

Со денешното дежурство на ОК Гази Баба го заокружуваме циклусот на непосредни средби на граѓаните со општинските комитети кои беа организирани во рамки на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Особено радува големиот одѕив и интересот на граѓаните активно да ги споделат своите предлози, идеи, сугестии, но и критики. Токму ваквите средби претставуваат најдобар показател за реалните потреби и предизвици со кои се соочуваат граѓаните во секојдневниот живот.

Секој конструктивен предлог и секоја добронамерна забелешка ќе бидат внимателно разгледани и земени предвид во понатамошното работење на општинските комитети.

Остануваме посветени на директната комуникација со граѓаните, со активностите кои се предвидени за следниот период.

Градски, урбано, заедно!

Во просториите на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ организираме отворени средби со граѓаните кои се можност за директна к...
04/06/2026

Во просториите на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ организираме отворени средби со граѓаните кои се можност за директна комуникација, размена на идеи и слушање на вашите предлози.

📍Петок | 05.06.2026

🕚Гази Баба (11:00 – 13:00) и (17:00 – 18:30)

🤝 Средби на граѓани со претставници од ОК Гази Баба.

Заедно градиме подобра иднина, ве очекуваме!

Градски, урбано, заедно!

Address

Улица Македонија 30-2/13
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Градски комитет Скопје posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Градски комитет Скопје:

Shortcuts

Share