Агенција за храна и ветеринарство - Food and Veterinary Agency

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Агенција за храна и ветеринарство - Food and Veterinary Agency

Агенција за храна и ветеринарство - Food and Veterinary Agency Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Агенција за храна и ветеринарство - Food and Veterinary Agency, Government Organization, III Makedonska Brigada br. 20, Skopje.

Миланов и Серафимовски во Србија: Зајакнување на соработката и олеснување на прометот на животни и производи меѓу двете ...
21/08/2026

Миланов и Серафимовски во Србија: Зајакнување на соработката и олеснување на прометот на животни и производи меѓу двете земји

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов, заедно со Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски, со стручни тимови од двете институции, остварија официјална посета на Република Србија, во чии рамки се сретнаа со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Србија, проф. д-р Драган Гламочиќ, како и со потпретседателката на Владата на Република Србија и министерка за стопанство, Адријана Месаровиќ.
Во фокусот на разговорите беа натамошното унапредување на соработката во земјоделството, ветеринарството и безбедноста на храната, како и создавањето услови за побрз, поедноставен и побезбеден промет на стоки меѓу Македонија и Србија.

На средбата со министерот Гламочиќ посебно беше разговарано за увозот, извозот и транзитот на живи животни, производи од животинско потекло и други земјоделско-прехранбени производи од двете земји, како и за практичните прашања со кои се соочуваат операторите при нивниот прекуграничен промет.

Посебно внимание беше посветено на можностите за забрзување и поедноставување на ветеринарните и фитосанитарните постапки, при целосно почитување на стандардите за здравствена заштита на животните и безбедност на храната. Беше разговарано и за контролата на млекото и млечните производи и за потребата од поефикасна координација на надлежните служби.

Значаен дел од разговорите беше посветен и на примената на договорите и механизмите воспоставени во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“, особено во областа на ветеринарството, фитосанитарната политика и безбедноста на храната и храната за животни. Иницијативата е насочена кон олеснување на движењето на стоки и намалување на административните процедури во регионот.

Воедно, беше разговарано и за примената на механизмите во рамките на ЦЕФТА, со цел натамошно олеснување на трговијата, поедноставување на процедурите, подобра размена на информации и документи меѓу надлежните институции и намалување на времето на задржување на пратките на граничните премини.

Министерот Серафимовски ја истакна важноста на практичната соработка меѓу институциите на двете земји и потребата договорените механизми да дадат конкретни резултати за земјоделците, производителите и компаниите, преку побрз проток на стоките и отстранување на непотребните административни бариери.

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов, ја потенцираше потребата од непосредна и континуирана комуникација меѓу ветеринарните служби на Македонија и Србија, особено во однос на увозот, транзитот и извозот на живи животни и производи од животинско потекло.

Беше нагласено дека директната комуникација и навремената размена на информации меѓу надлежните институции се од особено значење за брзо решавање на евентуалните пречки во прометот, притоа задржувајќи го високото ниво на контрола и заштита на здравјето на животните и безбедноста на храната.

Во рамки на официјалната посета, Серафимовски и Миланов остварија средба и со потпретседателката на Владата на Република Србија и министерка за стопанство, Адријана Месаровиќ, на која беше разговарано за натамошно унапредување на економската соработка и создавање нови можности за поврзување на компаниите и производителите од двете земји.

На средбата беше истакната заедничката определба за олеснување на трговијата, отстранување на бариерите и создавање попредвидливи услови за стопанските субјекти, како и за искористување на потенцијалот за заедничка соработка и настап на регионалните и другите пазари.

Соговорниците се согласија дека добрите односи меѓу Македонија и Србија претставуваат цврста основа за уште поинтензивна соработка во земјоделството, ветеринарството, безбедноста на храната и стопанството.

Официјалната посета ја потврди заедничката определба преку директен институционален дијалог, ефикасна примена на договорените механизми и конкретни оперативни решенија да се обезбеди побрз и поедноставен проток на животни, производи и стоки меѓу двете земји, во интерес на земјоделците, компаниите и граѓаните на Македонија и Србија.

Демант: Секоја јама за нештетно отстранување на / еутанизирани или угинати овци и кози веднаш се затрупува и дезинфицира...
20/08/2026

Демант: Секоја јама за нештетно отстранување на / еутанизирани или угинати овци и кози веднаш се затрупува и дезинфицира

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) категорично ја демантира изјавата на претседателот на Сојузот на одгледувачи на овци “Модерен овчар”, Насер Џемаили, дадена вчера во село Соколарци во општина Чешиново- Облешево, во која истакнува дека од наводно отворена јама за нештетно отстранување на трупови од еутаназирани овци и кози, кучиња разнесувале трупови од угинати и еутаназирани животни. Како институција одговорно тврдиме дека јамата во чија близина вчера, за ТВ М Нет од Штип беше дадена изјавата, ниту во еден случај, не па дваесет дена, не била оставена отворена по нештетното отстранување (затрупување) на угинати или евтаназирани животни во рамки на активностите кои ги презема АХВ за справување со болеста сипаници кај овци и кози.
Напротив, секоја јама од ваков тип, вклучително и оваа во близина на село Соколарци, се затрупуваат веднаш по ставањето на лежевите во нив, без исклучок. Истиот ден се врши нивна дезинфекција и дезинфицирање на опремата и механизацијата која била користена во активностите за нештетно затрупување на угинатите/евтаназираните овци и кози.
Лешеви од угинати овци и кози на кои алудира Џемаили во изјавата, може и потекнуваат исклучиво од несовесни сточари кои не ги пријавуваат угинатите животни, односно истите ги оставаат на местата каде угинале, претставувајќи сериозна опасност за ширење на болеста сипаници кај овци и кози. Поради ова, АХВ апелира до сточарите доколку има појава на клинички значи кои укажуваат на сомнеж на болеста сипаници кај овци и кози за тоа веднаш да го информираат надлежното ветеринарно друштво, или официјален ветеринар на Агенцијата за храна и ветеринарство.

До АХВ да се пријават само поголем број угинати гаврани или други диви преселни птициАгенцијата за храна и ветеринарство...
18/08/2026

До АХВ да се пријават само поголем број угинати гаврани или други диви преселни птици

Агенцијата за храна и ветеринарство апелира до јавноста да не се создава непотребна загриженост при појава на поединечна угината птица во урбана средина, вклучително и гаврани и други диви преселни птици.

Особено внимание треба да се посвети доколку се забележи поголем број угинати гаврани или други диви преселни птици на исто подрачје и во краток временски период.

Граѓаните кои ќе забележат ваква невообичаена појава се повикуваат да ја известат надлежната служба и да избегнуваат директен контакт, допирање или преместување на угинатите птици.

Агенцијата континуирано ја следи состојбата и согласно проценката на ризикот, ги презема потребните мерки за надзор, земање примероци и лабораториско испитување.

Во просториите на Министерството за здравство, под покровителство на министерот за здравство Сашо Клековски, се одржа ко...
18/08/2026

Во просториите на Министерството за здравство, под покровителство на министерот за здравство Сашо Клековски, се одржа координативен состанок за актуелната состојба со болеста Западнонилската треска.

На состанокот учествуваа претставници на Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје, Центарот за јавно здравје Скопје, Агенцијата за храна и ветеринарство и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, како и со претставници од Град Скопје и Општина Кисела Вода, со претставници од релевантните стручни служби.

Средбата се одржа во духот на концептот „Едно здравје“ (One Health) – пристап кој ја препознава тесната поврзаност меѓу здравјето на луѓето, здравјето на животните и животната средина.

Западнонилската треска е јасен пример за потребата од ваков интегриран пристап. Вирусот природно циркулира меѓу птиците и комарците, а преку убод од заразен комарец може да се пренесе на луѓето и животните, особено коњите. Токму затоа, ефикасната превенција и контрола бараат заедничко и координирано дејствување на здравствениот, ветеринарниот и локалниот сектор, како и следење на факторите од животната средина.

На состанокот беше направен заеднички пресек на состојбата и досега преземените активности, со цел усогласување на конкретните оперативни мерки, рокови и одговорности на секоја институција за следниот период.

Пристапот „Едно здравје“ значи една заедничка цел – навремено препознавање на ризиците, превенција и заштита на здравјето на населението преку координирана грижа за луѓето, животните и животната средина.

Институциите со координиран и засилен одговор против ширењето на сипаниците кај овците и козитеМинистерството за земјоде...
17/08/2026

Институциите со координиран и засилен одговор против ширењето на сипаниците кај овците и козите

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), континуирано ја следат епидемиолошката состојба со болеста сипаници кај овци и кози. Министерот Борче Серафимовски и директорот на АХВ Оливер Миланов се во постојана и непосредна координација, а надлежните служби секојдневно ги анализираат податоците од засегнатите региони, ефектите од спроведените мерки и потребата од дополнително постапување.
Системот за рано откривање и сузбивање на болеста се спроведува преку ветеринарните друштва со кои АХВ има склучено договори за извршување активности од јавен интерес. По секоја пријава за сомнителен случај, официјалните ветеринари земаат крв и брисеви од животните и ги доставуваат на лабораториско испитување. Доколку се потврди присуство на вирусот, директорот на АХВ донесува решение со кое се определуваат контролните и заштитните мерки во засегнатото одгледувалиште, вклучително и евтаназија на животните и нивно нештетно отстранување со закопување на одобрена локација.
Паралелно со спроведувањето на контролните мерки, од Република Турција побарана е донација за 500.000 дози вакцини, за кои се очњкува повратен одговор деновиве, а до Европската комисија е доставено барање за дополнителни количества. Експертската група при АХВ редовно се состанува, ја разгледува епидемиолошката слика и ги утврдува понатамошните мерки за ограничување на болеста. Повторно е побарана и стручна поддршка од тимот EUVET на Европската комисија. Пред примената, вакцините задолжително ќе бидат лабораториски испитани за безбедност и чистота, а вакцинирањето ќе започне по потврдувањето на резултатите, според официјален план и под контрола на АХВ.
Министерството и АХВ ги предупредуваат сточарите дека самостојното набавување и применување вакцина, на сопствен трошок и без претходно одобрение од Агенцијата, ќе биде санкционирано согласно важечките прописи. Во таков случај, сопственикот нема да има право на компензација за заболените животни, ниту на обесштетување за животните одземени заради сузбивање и искоренување на болеста. Неконтролираната примена на вакцини може да го отежне епидемиолошкото следење, да ја намали ефикасноста на преземените мерки и да создаде дополнителен ризик за стадата.

Водата во Гостивар може да се користи и за пиење"По добиените задоволителни резултати од извршените лабораториски испиту...
14/08/2026

Водата во Гостивар може да се користи и за пиење

"По добиените задоволителни резултати од извршените лабораториски испитувања од страна на Институтот за јавно здравје и Лабораторијата при ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, на примероците вода за пиење земени од седум мерни места во понеделник наутро и навечер, како и во вторник наутро, Агенцијата за храна и ветеринарство ги известува жителите на Гостивар дека од денес, петок, 14.08.2026 година, водата може да се користи за пиење” – порача од денешната прес конференција на Кризниот штаб која се одржа во Гостивар, Директорот на Агенција за храна и ветеринарство, Оливер Миланов.
Водата беше микробиолошки исправна уште од крајот на минатата недела, истакна тој, но при извршените испитувања беше утврдено зголемено количество на резидуален хлор, над границите предвидени со Правилникот за барањата за квалитет на водата за пиење од 0,2 до 0,5 mg/l.
-Зголеменото ниво на резидуален хлор беше резултат на спроведената дезинфекција на водата за пиење, како мерка за обезбедување на нејзината микробиолошка безбедност. Притоа, станува збор за процес на дезинфекција на водата, а не за т.н. „хиперхлорирање“, како што беше пренесено во дел од медиумите. Поради измерените вредности на резидуален хлор над пропишаните граници, беше потребно да се преземат дополнителни мерки и да се почека со препораката за користење на водата за пиење сè додека и овој параметар не се врати во границите утврдени со Правилникот. Во саботата, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) нареди да се намали додавањето на течен хлор во водата и да се земат дополнителни примероци за лабораториско испитување, со цел континуирано следење на состојбата и потврдување на безбедноста на водата за пиење – потенцира Миланов.
Во текот на целиот период, ЈКП „Комуналец“ – Гостивар континуирано го мереше нивото на резидуален хлор во водата и редовно го известуваше Кризниот штаб за измерените вредности и состојбата во водоснабдителниот систем. “На овој начин беше овозможено континуирано следење на нивото на резидуален хлор и навремено информирање на надлежните институции за преземените и потребните мерки. Истовремено, Центарот за јавно здравје – Тетово (ЦЈЗ Тетово) во континуитет продолжи со испитување на микробиолошките и физичко-хемиските параметри на водата, независно од примероците што за лабораториско испитување ги земаа ЈКП „Комуналец“ – Гостивар, Институтот за јавно здравје и Агенцијата за храна и ветеринарство” – рече тој.
Последните добиени резултати од лабораториските испитувања потврдуваат дека водата е микробиолошки и физичко-хемиски исправна, односно дека испитаните параметри, вклучително и количеството на резидуален хлор, се во границите предвидени со Правилникот за барањата за квалитет на водата за пиење.
-Со тоа се исполнети условите водата од водоснабдителниот систем во Гостивар повторно да се користи за пиење. Во насока на стабилизирање на водоснабдувањето и одржување на квалитетот и безбедноста на водата, се препорачува ЈКП „Комуналец“ – Гостивар да го зголеми производството на сурова вода, согласно расположливите капацитети и техничките можности на водоснабдителниот систем. Воедно, на граѓаните им се препорачува, пред водата да ја користат за пиење, да ја остават да истече од чешмата неколку секунди, особено доколку водата подолго време не била пуштена од конкретната чешма – посочи Миланов.
Се апелира до граѓаните рационално и одговорно да ја користат водата од водоснабдителниот систем во Гостивар, особено во периоди на зголемена потрошувачка, со цел да се обезбеди стабилно и непречено водоснабдување за сите корисници, додаде Миланов, и заклучи дека Агенцијата за храна и ветеринарство, во рамки на своите надлежности, продолжи да ја следи состојбата и во координација со надлежните институции, ЈКП „Комуналец“ – Гостивар и Кризниот штаб да презема активности за контрола на безбедноста на водата за пиење, со цел заштита на здравјето на граѓаните.

Водата од скопскиот водовод е безбедна за пиењеАгенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро ги демантира пласирани...
13/08/2026

Водата од скопскиот водовод е безбедна за пиење

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро ги демантира пласираните дезинформации во јавноста дека водата од скопскиот водоснабдителен сиистем е небезнедена за пиење поради наводно присуство на бактерија Escherichia coli.

Како одговорна институција ја информираме јевноста дека АХВ до овој момент нема добиено известување од скопското јавно комунално претпријатије за незадоволителен резултат од лабораториско тестирање на водата за пиење, што е нивна законска обврска, врз основа на кое би била донесена и забрана за нејзина употреба.

Граѓаните не треба да стравуваат. Водата од градскиот водовод во Скопје е безбедна за пиење и употреба.

Република Бугарија ги засили официјалните контроли при увоз на свежо овошје и зеленчукАгенцијата за храна и ветеринарств...
05/08/2026

Република Бугарија ги засили официјалните контроли при увоз на свежо овошје и зеленчук

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ја информира јавноста и операторите со храна дека, согласно добиеното известување од Бугарската агенција за безбедност на храната, од 3 август 2026 година воведени се засилени официјални контроли при увоз на пратки со свежо овошје и зеленчук – домати, пиперки, праски и лубеници – преку граничните контролни пунктови Ѓуешево (Деве Баир) и Златарево (Ново Село).
Мерката се однесува на пратки со потекло од трети земји (вклучително и од Република Северна македонија) кои се наменети за бугарскиот пазар.
Операторите кои извезуваат или вршат транспорт на оваа категорија производи во Република Бугарија преку контролните пунктови на посочените гранични премини, при планирање и реализација на пласманот на пратките, да ги имаат во предвид воведените засилени официјални контроли.
Агенцијата за храна и ветеринарство ќе ја следи состојбата и навремено ќе ги информира операторите за сите информации од значење за непречено одвивање на трговијата и исполнување на законските барања.

ЧЕСТИТ И ВЕКОВИТ 2 АВГУСТ ИЛИНДЕНДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА! СРЕЌЕН ПРАЗНИК 🇲🇰🇲🇰🇲🇰
02/08/2026

ЧЕСТИТ И ВЕКОВИТ 2 АВГУСТ ИЛИНДЕН
ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА!
СРЕЌЕН ПРАЗНИК 🇲🇰🇲🇰🇲🇰

31/07/2026

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210 Следува награда од 600 денари

Address

III Makedonska Brigada Br. 20
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 07:30 - 16:30
Tuesday 07:30 - 16:30
Wednesday 07:30 - 16:30
Thursday 07:30 - 16:30
Friday 07:30 - 16:30

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Агенција за храна и ветеринарство - Food and Veterinary Agency posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Агенција за храна и ветеринарство - Food and Veterinary Agency:

Shortcuts

Share