04/09/2026
🤝 Заеднички чекори кон поефикасна заштита од родово базирано насилство
На 9 јули 2026 година во Прилеп, 29 претставници на релевантни институции и граѓански организации од Прилеп, Македонски Брод, Велес, Кавадарци, Неготино и Ресен се обединија со заедничка цел – подобрување на координацијата и зајакнување на мултисекторскиот одговор во случаите на родово базирано насилство.
Работната средба создаде простор за отворена дискусија за реалните предизвици со кои професионалците се соочуваат во секојдневната работа.
Преку групна работа, размена на искуства и примери од практиката, учесниците:
🔹 ги разгледаа улогите и одговорностите на институциите во системот за заштита;
🔹 дискутираа за правната рамка и примената на Протоколот за меѓусебна соработка;
🔹 разменија искуства од различни средини и разговараа за конкретни ситуации од практиката;
🔹 се запознаа со добри меѓународни практики за координиран институционален одговор;
🔹 работеа на конкретни планови за воспоставување и функционално работење на мултисекторските тимови.
Особено значајна беше активната вклученост на учесниците и нивната подготвеност стекнатите знаења да ги применат преку формирање мултисекторски тимови, заеднички процени на ризикот, редовна комуникација и поинтензивна соработка меѓу институциите.
Повратните информации ја потврдија потребата ваквите средби да продолжат и да се одржуваат почесто, со учество на сите институции што имаат улога во превенцијата, заштитата и одговорот на родово базираното насилство.
#ЕУзаТебе