Градска организација на СДСМ - Скопје

Градска организација на СДСМ - Скопје Градска организација на СДСМ - Скопје Социјалдемократскиот сојуз на македонија заедно со коалицијата за парламентарните избори 2016

31/08/2026

Штерјова: Автобуси што горат и превоз што не функционира – ова е резултатот од 10 месеци Орце Георгиевски.

🎙️ Девет месеци по преземањето на функцијата, градоначалникот на Скопје, Орце Георгиевски, сè уште нема обезбедено функционален и редовен јавен превоз за скопјани, обвини советничката на СДСМ во Советот на Град Скопје, Кети Штерјова.

„Градоначалник, во предизборната кампања ветувавте квалитетен и целосно функционален јавен градски превоз, вклучително и обезбедување доволен број исправни автобуси и навремено движење согласно возниот ред. Во едно интервју рековте дека првиот чекор ќе ви биде темелна ревизија на работењето на ЈСП од страна на експерти. Јас до сега не сум видела резултати од таа ревизија“, рече Штерјова.

Таа нагласи дека реалноста во ЈСП и натаму е далеку од ветувањата, а претпријатието продолжува да се соочува со сериозни финансиски и оперативни проблеми.
„И по девет месеци сликата со јавниот превоз е речиси иста како претходно. Бројот на автобуси е далеку од потребниот, а ЈСП е сè уште задолжено. Расипани автобуси, нередовен превоз, незадоволни патници кои се возат без клима на плус 40 степени. Градоначалник, состојбата во ЈСП е катастрофална и покрај субвенциите кои Град Скопје до сега ги даде на претпријатието“, истакна советничката од СДСМ.

Штерјова, обвини дека додека скопјани чекаат на нови автобуси и неизвесно е дали најавениот тендер ќе биде успешно реализиран, градоначалникот се занимава со промоција на наводни заштеди.

„Сè уште сме во исчекување дали тендерот ќе успее, дали ќе се испорачаат автобусите. И додека ги чекаме новите автобуси, проработи вашиот ПР и се пофаливте дека сте заштедиле половина милион евра за гориво за изминатите шест месеци и тоа со повеќе од 50 автобуси во сообраќај. Прашувам, каде се тие автобуси и дали се невидливи само за нас? На Скопјани не им треба градоначалник кој ќе се фали со помали трошоци, им треба градоначалник кој ќе обезбеди функционален градски превоз. Затоа, помалку фалење со бројки, а повеќе автобуси, ред и одговорност“, порача Штерјова.

Советничката од СДСМ посочи и на вчерашниот инцидент со запалениот двокатен автобус на Водно, предупредувајќи дека безбедноста на патниците мора да биде приоритет и дека мора да се утврди одговорност.

„Секако да не ни се случи вчерашната хаварија и глетката за запален автобус на Водно. Очигледно, овој двокатен автобус е ист како сите други – темпирана бомба и опасност од многу поголема трагедија. Дали одговорност конечно ќе има, за да не се случи трагедија? Среќа беше вчера што возачот реагираше навреме и спречи катастрофа“, рече Штерјова.

31/08/2026

Цаневска: Македонија има највисока стапка на западнонилска треска во Европа – кој ја менаџира кризата во Скопје?

🎙️ Според податоците на Европскиот центар за превенција и контрола на болести, Македонија има највисока стапка на инциденца на западнонилска треска во Европа, рече советничката од СДСМ во Советот на Град Скопје, Катерина Цаневска.

Таа посочи дека бројот на заболени и починати во последните месеци е особено загрижувачки, имајќи предвид дека во изминатите 15 години бројките биле пониски.

„За справување со опасноста која ги плаши скопјани, справувањето со западнонилската треска – чиста единица. А единица имаме и на европско ниво според податоците од Европскиот центар за превенција и контрола на болести, имаме највисока стапка на инциденца на западнонилска во Европа. Сите изминати 15 години имаме помалку заболени и починати, отколку последниве месеци. Кој ја менаџира кризата тука во Скопје?“, праша Цаневска.

👉 https://sdsm.org.mk/soopstenija/113768

30/08/2026

Скопјани се осудени на пропаст

Не е точно. Вие ги излажавте луѓето дека ќе мењате име за да гласаат за ВМРОКГ.
27/08/2026

Не е точно. Вие ги излажавте луѓето дека ќе мењате име за да гласаат за ВМРОКГ.

Ковачевски и СДСМ ги замрзнуваа цените и даваа субвенции
26/08/2026

Ковачевски и СДСМ ги замрзнуваа цените и даваа субвенции

25/08/2026

Пак нека ве излажат!!!

23/08/2026
23/08/2026
Да играме, да бидеме хумани💙
22/08/2026

Да играме, да бидеме хумани💙

Address

Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Градска организација на СДСМ - Скопје posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Градска организација на СДСМ - Скопје:

Shortcuts

Share