02/08/2026
Денес одбележуваме 123 години од Илинденското востание и 82 години од Првото заседание на АСНОМ — два светли датуми вградени во темелите на македонската слобода, државност и самостојност.
Илинденците ја запалија искрата на борбата за слободна Македонија, а асномците ја продолжија таа борба и ја поставија државотворната основа на македонската држава.
Илинден е симбол на македонската борба за слобода, државност, достоинство и самостојност. Тој е темелот врз кој генерации Македонци ја граделе идејата за слободна и праведна држава.
На овој ден се поклонуваме пред жртвата на илинденците и асномците. Нивната борба нè обврзува да ја чуваме Македонија, нејзиниот идентитет, јазик, култура и државност.
Денес, повеќе од кога било, потребни се единство, одговорност и љубов кон татковината. Македонија мора да биде држава на слободни, достоинствени и рамноправни граѓани.
Нека е честит и вековит Илинден!
Да живее Македонија!