Нова Република / New Republic / Republika e Re

Нова Република / New Republic / Republika e Re НОВА РЕПУБЛИКА: Слобода, ред, просперитет

29/08/2026

Доколку премиерот не ги разреши министерот за локална самоуправа и нејзините функционери што го величат Ратко Младиќ - Владата поддржува величење на геноцид

А таквата Влада не е ниту европска ниту македонска.

Северна Македонија ја поддржа Резолуцијата за геноцидот во Сребреница.
Со тоа, одговорните за Сребреница ги смета за воени злосторници.

Доколку премиерот не ги разреши сите министри и функционери што величаат воен злосторник - значи дека:
- се согласува со нив, а стои против ставот на државата Северна Македонија, и
- стои на располагање на Вучиќ и неговата желба за државен закоп на воен злосторник - за да продолжи да ја бутка Северна Македонија во концептот на "српскиот свет".

Во Сребреница беше спроведен геноцид и злосторство против човештвото.

Мицкоски во име на Владата одлучува дали неговата влада е со жртвите на геноцидот или со неговите спроведувачи.

(Мицкоски во име на) ВМРО-ДПМНЕ одлучува дали таа партија ќе продолжи да коалицира со партии и лица кои поддржуваат геноцид или ќе се дистанцира од нив.

До разрешувањето на функционерите во Владата што го величат Младиќ по предлог на премиерот или пратениците од ВМРО-ДПМНЕ -
Нова Република ќе смета дека:
- ВМРО-ДПМНЕ,
- нејзините функционери и
- коалициски партнери
не го осудуваат геноцидот во Сребреница и се во функција на политиките што спроведуваа злосторства против човештвото.

Соопштение на #НоваРепублика

1. Преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ значат прекин на политичката неказнивост низ засилено владеење на...
27/08/2026

1. Преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ значат прекин на политичката неказнивост низ засилено владеење на правото и претрес на состојбите во (право)судството.
Така се спречуваат и меѓупартиски компензации за неказнивост, вклучително за „Пулс“, „Модуларна болница“,„Шверц на 50 тони марихуана“, „Талир 2“, „Ласкарци“, „Беса Транс“... со вкупно 137 загинати, огромен број повредени и материјалната штета по граѓаните и буџетот.

2. Преговорите за членство на Северна Македонија значат и примена на „Магницки“, ветинг и отворање на архивите на југословенските служби.
Тоа ги ослободува претприемништвото и медиумите и го прекинува партиското служење на тајкунските интереси поради кои домашната економија е во ваква состојба.

3. Северна Македонија не избира меѓу САД и ЕУ. Северна Македонија има стратешко партнерство со САД (и Обединетото Кралство и Турција). Нацијата на Северна Македонија сака да биде во ЕУ по сопствен избор и свесно ги прифаќа критериумите за членство во неа, качувајќи ги сопствените стандарди и применувајќи ги преземените обврски.

4. Темата предвремени избори треба да ги спречи преговорите за членство во ЕУ.

Доколку парламентарните „опозициски“ партии смеат да не се бидат од ова сценарио, нека го раскинат партнерството со Мицкоски и тајкунеријата така што:
- ќе ги потпишат и поднесат иницираните уставни амандмани во Собранието или
- ќе се приклучат кон иницијативата на НОВА РЕПУБЛИКА за собирање 150.000 граѓански потписи за поднесување на уставните амандмани без партиски предзнак.

5. Гласањето на уставните амандмани во Собранието го деблокира преговарачкиот процес бидејќи дефинира кои партии се за преговори за членство на Северна Македонија во ЕУ.
Особено кога дел од владините министри од ВМРО-ДПМНЕ ги напуштаат тезите од 2022-24 година.
А тоа е темата на следните (предвремени или редовни) парламентарни избори.

Оттука, предвремени избори меѓу есента 2026 и пролетта 2027 се само консензус на парламентарните партии за предвидливото сценарио:
- Ново одбивање на обврските од Преговарачката рамка за Скопје да продолжи да зависи од ЕУ интеграцијата на Белград, низ
- Свесно и намерно пропуштање на бранот на проширување, како во 1997 година.

Претседателство на #НоваРепублика, IX седница, 26 август 2026

За владеење на правото, а не на партиите. За слобода, ред и просперитет.

06/08/2026

За да нема "тајни преговори" (ако воопшто се водат), поднесувањето на уставните амандмани ќе ги расчисти непознаниците.

Власта призна дека не се проблем ниту Преговарачката рамка ниту Протоколите.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сега само бараат аргумент како да се повлечат од предизборниот наратив 2024.

За да се олесни процесот, СДСМ треба да се приклучи на иницијативата за уставни амандмани на ДУИ.

Во моментот кога иницијативата ќе влезе во процедура:
- ВМРО-ДПМНЕ полесно и поотворено "ќе преговара",
- јавноста ќе знае за што се разговара и
- сите собраниски чинители ќе ја преземат одговорноста соодветно на застапеноста.

Иницијативата од парламентарната опозиција ќе спречи експерименти што може да ни ги одложат преговорите за полноправно членство во ЕУ.

Соопштение на #НоваРепублика

02/08/2026
Во Гостивар потфлија прво општинските, потоа и националните власти. И додека се утврдува одговорноста – брзо да се справ...
21/07/2026

Во Гостивар потфлија прво општинските, потоа и националните власти. И додека се утврдува одговорноста – брзо да се справиме со состојбите.

Дневно-приоритетно: кој обезбедува техничка и пивка вода? Што работат ДЗС и ЦУК? Дали педесетина тони вода дневно во летни температури се доволни за потребите на: домаќинствата, болниците, градинките, домовите за возрасни лица, установите, компаниите и фабриките (особено оние за храна), угостителските објекти...

#НоваРепублика потсетува дека при дефект или „обична“ забрана за користење на водата, ЈКП „Комуналец“ обезбедува алтернативно вода за пиење и техничка (пр. со цистерни), а Општина Гостивар го координира процесот и Општинскиот штаб за заштита и спасување го организира распоредот на снабдување на населението.

Но, при прогласена епидемија – како во случајот:
- Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) е задолжена за обезбедување основни услови за живот на загрозеното население, што вклучува снабдување со вода за пиење (цистерни, резервоари и сл.);
- Владата донесува одлука за интервентно снабдување со вода за пиење (во шишиња или цистерни);
- Таа утврдува како дистрибуцијата на терен ќе се спроведува преку Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), противпожарните единици и државните и општинските органи.
- Центарот за управување со кризи (ЦУК) координира меѓуинституционална поддршка доколку ситуацијата бара ресурси од национално ниво.

Хавариите, епидемиите, непогодите... предизвикани од човечки или природен фактор бараат брзо и професионално справување со кризите.
Денес предизвикот е во Гостивар, утре може да биде во било кое место во Северна Македонија.

За се има протоколи втемелени во законите.
Во овој случај во законите за води и за заштита и спасување.
Аматеризмот на партиските кадри го создаде проблемот, а сега спречува ефикасно да се справиме со него.

Имено, денешната прес-конференција во Владата укажува дека главна тема е „кој не е одговорен за случајот“ и како да не се соопштат конкретни детали за причините и справувањето со кризата. Од неа отсуствуваа токму ДЗС и ЦУК.

„Данокот“ на нестручноста и дилетантството на локалните партиски кадри гостиварчани го „плаќаат“ со здравјето.
Не смее да го „платат“ двојно, за партиските кадри на национално ниво да си истераат пи-ар кампања.

Паралелно со справувањето со кризата и потоа, истрагата и судот мора ја утврдат одговорноста:
- на Општината – кој се и како е одговорен за нарушување на квалитетот на водата и предизвикувањето епидемија;
- на инспекциските органи, Државниот институт за јавно здравје и надлежните Агенции за храна и ветерина и за животна средина – зошто не е редовно и темелно е следен квалитетот на водата и начинот на управување со неа, и
- на Министерството за здравство – зошто доцнеше прогласувањето епидемија.

#НоваРепублика им посакува на граѓаните на Гостивар полесно надминување на состојбата и особено им посакува побрзо опоравување на заболените.

Соопштение на #НоваРепублика

Предлог на НОВА РЕПУБЛИКА: Забрана за пристап до социјалните мрежи за лица под 16 годишна возраст и рестрикции за приста...
20/07/2026

Предлог на НОВА РЕПУБЛИКА: Забрана за пристап до социјалните мрежи за лица под 16 годишна возраст и рестрикции за пристапот за лицата на 16 и 17 години

За заштита на менталното здравје на младите и намалување на штетните влијанија од дигиталниот свет во новите генерации, НОВА РЕПУБЛИКА предлага Северна Македонија да го следи ваквиот пример од Велика Британија и Франција.

По примерот на цитираните земји, НОВА РЕПУБЛИКА предлага забраната да ги вклучува платформите: Instagram, Telegram, YouTube, TikTok, SnapChat, Facebook и Х.

Клучно е децата и младите до 16 години да можат безбедно да пристапуваат до онлајн светот за учење, вести, игри и да останат во контакт со пријателите и семејството преку услуги за пораки.
Затоа, предлагаме опциите со висок ризик од контакт на деца со непознати лица (пр. пренос во живо) исто така да бидат ограничени за овие лица.

Така ќе се спречи опасноста од контакт на децата во Северна Македонија со педофилски, екстремистички и слични предатори на социјалните платформи.

Лицата на 16 и 17 годишна возраст се уште да можат да пристапуваат до социјалните медиуми, но со ограничување на пристапот меѓу полноќ и 8 часот наутро. За таа цел потребно е да се имлементираат решенија за проверка на возраста.

НОВА РЕПУБЛИКА предлага регулативата да се донесе до крајот на годината, а имплементацијата да следи во 2027 година.

Ограничувањето на користењето на мобилните телефони за време на наставата е дополнителна мерка која ќе треба да се спроведе во (јавните) основни и средношколски установи.

Ваквиот пристап ќе ја врати комуникацијата на децата и младите со опкружувањето и врсниците, ќе го намали ризикот од (врснички) булинг и од предаторите на социјалните мрежи, ќе ја намали анксиозноста и ќе придонесе кон нивното физичко здравје.

(Фото: генерирано со ВИ)

19/07/2026

Не е прашање дали Ѓорѓиевски го смени билбордот туку кој и зошто го постави згрешен

Идната "престолнина на културата" - треба да се грижи за "добродојде" и "добар пат" и на француски, германски, италијански..., турски, босански, влашки, српски, бугарски, грчки... јазик, а не како да го избрише албанскиот.

Скопје е град на мулти етничност/јазичност/културност и отвореност. И за тоа не се бара дозвола од ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо да ја коментира јавната реакција, да одговори дали сите градски "проекти" се водат вака аматерски?
Затоа наместо кружен тек, "Тутунски" доби уште еден семафор за дополнителен застој?
Затоа секој посилен дожд го претвора Скопје во Венеција - по број на поплавени улици?
Никој во Градот не го проверил дизајнот на градска табла? Внатрепартиските местенки се небитни за скопјани.

И со администрација намалена за 1/3 - партиските кадри "нишај врата - земи плата" нема да недостасуваат низ канцелариите.

Address

Pushkinova 11
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Нова Република / New Republic / Republika e Re posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Нова Република / New Republic / Republika e Re:

Share