Општина Гази Баба

Општина Гази Баба ул. „Архимедова“ бр.2 +389 (0)2 322 66 55 Општина Гази Баба

🏗️ ГАЗИ БАБА Е ГОЛЕМО ГРАДИЛИШТЕ – ГРАДИМЕ ЗА ИДНИНАТА‼️👷 Градоначалникот Бобан Стефковски заедно со претседателот на Вл...
16/08/2026

🏗️ ГАЗИ БАБА Е ГОЛЕМО ГРАДИЛИШТЕ – ГРАДИМЕ ЗА ИДНИНАТА‼️

👷 Градоначалникот Бобан Стефковски заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денес извршија увид во изградбата на првата фаза од фекалната канализација во населеното место Идризово – капитален проект со кој решаваме уште еден децениски проблем на граѓаните.

🚧 Во рамки на првата фаза ќе бидат изградени 1.478 метри нова канализациска мрежа, а вредноста на договорот изнесува 49.188.012 денари.

🏗️ Проектот во првата фаза предвидува и изградба на 4 пумпни станици, неопходни за ефикасно и непречено функционирање на канализацискиот систем.

🔧 За изградбата се користат современи двослојни ребрасти полипропиленски цевки тип Б, со дијаметар ФИ 250, 315 и 400 милиметри, со што создаваме модерна и долгорочно одржлива комунална инфраструктура.

🇲🇰 Средствата за реализација на овој значаен капитален проект се обезбедени од Владата на Република Македонија, преку вториот јавен повик за финансирање на капитални проекти.

📈 На територијата на Општина Гази Баба , во рамки на мандатот на градоначалникот Стефковски е изградена нова мрежа на фекална канализација во должина од над 36 километри!

💪 Тоа се повеќе од 36 километри конкретни решенија, инвестиции и подобри услови за живот на нашите сограѓани.

🤝 Ги решаваме децениските проблеми кои со години биле оставани настрана, а така ќе продолжиме и во иднина – сè до нивното конечно решавање!

🏘️ Гази Баба денес е едно големо градилиште – градиме детски градинки, ново училиште, спортски сали, канализациски системи, реконструираме и асфалтираме улици и го уредуваме јавниот простор.

🏗️ Едноставно, работиме и делуваме во секоја пора од општината, затоа што развојот мора да стигне до секое населено место и до секој наш сограѓанин.

🙏 Благодарност упати градоначалникот Стефковски до Владата на Република Македонија и премиерот Христијан Мицкоски за силната поддршка што ја добива Гази Баба во реализацијата на голем број капитални проекти.

❤️ Кога имаме јасна визија, посветена работа и силна институционална поддршка – резултатите се гледаат на терен!

🏗️ ГАЗИ БАБА ГРАДИ!

💪 ГАЗИ БАБА СЕ РАЗВИВА!

🇲🇰 ПРОДОЛЖУВАМЕ УШТЕ ПОСИЛНО – ЗА МОДЕРНА И РАЗВИЕНА ГАЗИ БАБА!

15/08/2026
🦟 ЗАСИЛЕНИ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА НА ЗДРАВЈЕТО НА ГРАЃАНИТЕ.Поради зголемениот број на регистрирани случаи на западнонилска тр...
13/08/2026

🦟 ЗАСИЛЕНИ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА НА ЗДРАВЈЕТО НА ГРАЃАНИТЕ.

Поради зголемениот број на регистрирани случаи на западнонилска треска, Општина Гази Баба во координација со Центарот за јавно здравје презема навремени и засилени превентивни мерки за заштита на здравјето на граѓаните.

Одделението за заштита и спасување, во соработка со Центарот за јавно здравје, спроведе итна дополнителна терестичка адултицидна дезинсекција на повеќе локации низ Oпштина Гази Баба.

Со третманот се опфаќаат критичните и приоритетни локации, а превентивното делување ќе продолжи и во наредните денови, согласно состојбата и препораките на надлежните институции.

⚠️ Нема простор за паника, но потребни се внимателност и одговорност. Надлежните служби ја следат состојбата и се преземаат сите неопходни мерки и активности со цел намалување на ризикот и заштита на населението.

🤝 Апелираме и до граѓаните да придонесат во превенцијата – да не оставаат садови и површини со застоена вода во дворовите, на терасите и околу домовите, бидејќи тие претставуваат погодна средина за размножување на комарците.

Здравјето и безбедноста на граѓаните се наш приоритет!

✅ Дејствуваме навремено.
✅ Преземаме конкретни мерки.
✅ Ја следиме состојбата на терен.

💪 Општина Гази Баба продолжува со засилени превентивни активности и во следниот период!

#Продолжуваме

👇🏻👇🏻👇🏻
12/08/2026

👇🏻👇🏻👇🏻

СТОП ЗА МАНИПУЛАЦИИТЕ: ВОДАТА ВО СКОПЈЕ Е БЕЗБЕДНА ЗА ПИЕЊЕ!

Почитувани граѓани,
Од утрово до мене пристигнуваат бројни пораки и повици од загрижени граѓани, жители на општина Гази Баба поради информациите што се пласираат во јавноста за наводно присуство на бактерија во водата за пиење во Скопје.

Да бидеме јасни: со здравјето и безбедноста на граѓаните не смее да се манипулира!

Во период кога температурите се енормно високи и кога граѓаните со право очекуваат институциите да бидат гаранција за сигурност и стабилност, неодговорното ширење непроверени информации создава паника и непотребен страв.

Најостро ги осудувам ваквите манипулации!

Политичката борба може да биде жестока, критиката може да биде остра, но здравјето на луѓето не е тема за политички игри, пресметки и измислени вести.

Жално е што опозицијата, наместо да понуди решенија, визија и конкретни идеи, очигледно се обидува политички да профитира преку создавање страв и недоверба кај граѓаните.

Граѓаните заслужуваат факти, а не паника. Заслужуваат одговорност, а не манипулации!

Ја поддржувам иницијативата на градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски - Orce Gjorgjievski да се утврди кој ја креирал и кој ја пласирал оваа лажна информација, да се утврди целокупниот синџир на одговорност и доколку има основ, секој што ги прекршил законите да понесе одговорност пред надлежните институции.

Ова не е прашање на политика!
Ова е прашање на одговорност!

Никој нема право да си поигрува со мирот, здравјето и довербата на граѓаните!

Стоп за лажните вести!
Стоп за политичките манипулации!

#Вода
#СтопЗаЛажниВести

🌍 12 АВГУСТ – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА МЛАДИТЕ!👫 Младите се нашата енергија, нашата сила и нашата иднина. Нивните идеи, храбро...
12/08/2026

🌍 12 АВГУСТ – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА МЛАДИТЕ!

👫 Младите се нашата енергија, нашата сила и нашата иднина. Нивните идеи, храброст и желба за промени се двигателот што го носи општеството напред.

💡 Наша обврска е да создаваме услови во кои секој млад човек ќе има можност да учи, да се развива, да создава и својата иднина да ја гради овде – во својата општина и во својата Македонија.

🤝 Треба да ги слушаме младите, да веруваме во нив и да им дадеме простор да бидат активни учесници во носењето на одлуките што ја определуваат нивната иднина.

🏡 Продолжуваме да вложуваме во образование, спорт, култура, подобри услови за живот и конкретни мерки кои отвораат нови можности за младите.

🇲🇰 Македонија има иднина кога младите имаат иднина во Македонија!

❤️ На сите млади им го честитаме Меѓународниот ден на младите со порака: верувајте во себе, бидете храбри, создавајте и никогаш не се откажувајте од своите соништа!

💪 Денес млади – утре лидери!

#Продолжуваме
#Млади
#Македонија
#ГазиБаба

🇲🇰 ЧЕСТ, ГОРДОСТ И ЉУБОВ КОН МАКЕДОНИЈА – ОТВОРЕН 19-ТИОТ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ ВО ТРИАНГЛА! 🇲🇰⚽️ Вечерва градоначалникот...
11/08/2026

🇲🇰 ЧЕСТ, ГОРДОСТ И ЉУБОВ КОН МАКЕДОНИЈА – ОТВОРЕН 19-ТИОТ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ ВО ТРИАНГЛА! 🇲🇰

⚽️ Вечерва градоначалникот Бобан Стефковски го отвори 19-тиот традиционален турнир во мал фудбал во населбата Триангла, кој се одржува во пресрет на 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија!

🇲🇰 Ова не е само спортски турнир. Ова е традиција која трае, заедништво кое нè обединува и љубов кон Македонија која се пренесува од генерација на генерација.

❤️ На спортските терени се градат пријателства, се учи што значат борбеност, почит и фер-плеј, но пред сè се создава чувство на припадност кон своето маало, својата општина и својата татковина.

💪 Како и досега, така и во иднина, ќе продолжиме силно да го поддржуваме овој турнир, спортот и секоја иницијатива што ги обединува младите и ги негува нашата традиција и македонскиот патриотизам.

🇲🇰 НЕКА Е ВЕЧНА МАКЕДОНИЈА! 🇲🇰

#Продолжуваме
#Македонија

🏗️ ЈА УРЕДУВАМЕ АВТОКОМАНДА – СОЗДАВАМЕ НОВИ И УРЕДЕНИ ЈАВНИ ПОВРШИНИ!👷 Денес градоначалникот Бобан Стефковски беше на т...
11/08/2026

🏗️ ЈА УРЕДУВАМЕ АВТОКОМАНДА – СОЗДАВАМЕ НОВИ И УРЕДЕНИ ЈАВНИ ПОВРШИНИ!

👷 Денес градоначалникот Бобан Стефковски беше на терен во Автокоманда, каде што во тек се активности за уредување на јавните површини со поставување на нови павер елементи.

🌳 Просторот го менува својот лик! Создаваме уредени и функционални катчиња за одмор, дружење и рекреација на граѓаните.

🚶 Дополнително, изградивме и нови пристапни патеки со павер елементи, со што овозможуваме подобро и полесно движење.

🏘️ Нашата цел е секое маало да биде почисто, поуредено и попријатно место за живеење.

🤝 Ги слушаме граѓаните и постапуваме по нивните барања, затоа што токму тие најдобро знаат што е потребно во нивното маало.

🔨 Градиме и создаваме.

🌿 Го уредуваме јавниот простор.

🚶 Создаваме подобри услови за секојдневието на граѓаните.

✅ Продолжуваме со работа на терен – за поубава Автокоманда и поубава Гази Баба!

#Продолжуваме

🏡 НУЛА КОМУНАЛИИ ЗА ИЗГРАДБА НА КУЌА ЗА МЛАДИ ДО 35 ГОДИНИ.✅ Една од мерките од нашата изборна програма која веќе е реал...
11/08/2026

🏡 НУЛА КОМУНАЛИИ ЗА ИЗГРАДБА НА КУЌА ЗА МЛАДИ ДО 35 ГОДИНИ.

✅ Една од мерките од нашата изборна програма која веќе е реализирана е ослободувањето од плаќање комуналии за изградба на куќа за млади до 35 години.

👨‍👩‍👧‍👦 Иако првично мерката беше наменета за лица до 29 години, по детална анализа и препознавање на реалните потреби на младите, ја зголемивме старосната граница до 35 години, со што опфаќаме уште повеќе семејства кои сакаат да го изградат својот сопствен дом.

📌 КОЈ МОЖЕ ДА ГО ОСТВАРИ ОВА ПРАВО?

🎯 Лицата да имаат најмногу 35 години на денот на поднесување на барањето.
📍 Да се жители на Општина Гази Баба.
🏠 Да градат, доградуваат или надградуваат прв дом во нивна сопственост.
🔑 Објектот да се гради исклучиво за лични станбени потреби.
📑 Да поднесат комплетна техничка документација согласно Законот за градење.
✍️ Да достават изјава дека објектот ќе го користат за сопствено домување најмалку 10 години.

💙 ЗОШТО Е ВАЖНА ОВАА МЕРКА?
🌱 Затоа што ги стимулираме младите да останат тука, во нашата општина, да создадат свој дом, своја иднина и своја приказна – токму во Гази Баба.
🏘️ Кога младите градат дом тука, градиме и ние посилна, посигурна и подинамична општина.
🤝 Им помагаме на младите брачни парови, ги растеретуваме од голем финансиски трошок и им овозможуваме полесно да го направат еден од најважните чекори во животот – создавањето на сопствено семејно огниште.

🚀 Ова не е само мерка. Ова е инвестиција во иднината!

❤️ Поддршката за младите е поддршка за развојот, напредокот и иднината на Општина Гази Баба.

📢 Драги сограѓани,

💪 Ова е вистинска поддршка, реална мерка и силен чекор напред!
🏆 Продолжуваме да работиме за општина која ги слуша потребите на своите жители и создава конкретни решенија, особено за младите – нашата најголема вредност и иднина.
🙌 Ги повикувам сите млади брачни парови да ја искористат оваа можност и да го направат својот следен чекор кон својот дом, своето семејство и својата иднина!

🏡 ЗА МЛАДИТЕ. ЗА СЕМЕЈСТВАТА. ЗА ГАЗИ БАБА. ЗА НАШАТА ИДНИНА! 🇲🇰

#Продолжуваме

🌿 ЧИСТ ВОЗДУХ ЗА НАШИТЕ НАЈМЛАДИ – СЕ ГРИЖИМЕ ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ!💨 Обезбедивме прочистувачи на воздухот во сите детски градин...
10/08/2026

🌿 ЧИСТ ВОЗДУХ ЗА НАШИТЕ НАЈМЛАДИ – СЕ ГРИЖИМЕ ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ!

💨 Обезбедивме прочистувачи на воздухот во сите детски градинки на територијата на Општина Гази Баба, затоа што здравјето и безбедноста на нашите најмлади се наш апсолутен приоритет.

👧👦 Децата поминуваат голем дел од денот во градинките, а наша обврска е да им обезбедиме чиста, здрава и безбедна средина во која ќе растат, учат и се развиваат.

🌱 Со поставувањето на прочистувачите создаваме подобри услови за престој и дополнително го унапредуваме квалитетот на грижата за децата во нашите предучилишни установи.

🏫 Продолжуваме да инвестираме не само во нови градинки и поголеми капацитети, туку и во подобар квалитет на условите во секоја градинка.

❤️ За нас, грижата за децата не е само збор – таа значи конкретни мерки, инвестиции и дела кои го подобруваат нивното секојдневие.

🤝 Чист воздух. Здрава средина. Безгрижно детство!

💙 Се грижиме за секое дете!

#СеГрижиме
#Продолжуваме

🕯️ 10 ГОДИНИ ОД ПОПЛАВИТЕ… СЕЌАВАЊЕТО НЕ ИЗБЛЕДУВА. ГАЗИ БАБА ПАМЕТИ..🥲Денес, со длабока почит, се поклонивме пред споме...
07/08/2026

🕯️ 10 ГОДИНИ ОД ПОПЛАВИТЕ… СЕЌАВАЊЕТО НЕ ИЗБЛЕДУВА. ГАЗИ БАБА ПАМЕТИ..

🥲Денес, со длабока почит, се поклонивме пред споменот на сите оние кои ги загубија своите животи во катастрофалните поплави што во 2016 година ја погодија Општина Гази Баба.

🙏 Десет години подоцна, болката не е помала. Времето не ги избриша спомените, ниту пак ја намали тагата на семејствата кои ги загубија своите најмили. Нивната болка останува и наша болка.

🥲Вечерва на комеморативниот настан во Домот на културата 11 Октомври во Ченто беа прочитани имињата на загинатите за да порачаме дека имаме обврска да се сеќаваме и да ги споменуваме.

🕊️ Комеморативниот настан не беше само потсетник на една голема трагедија. Тој беше чин на почит, достоинство и благодарност.

🤝 Изразивме искрена благодарност до сите институции и поединци кои во најтешките моменти покажаа човечност, храброст, солидарност и несебична пожртвуваност. Благодарноста ја изразивме преку доделување плакети за благодарност на:
• Министерството за внатрешни работи,
• Армијата на Република Македонија,
• Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија,
• Амбасадата на Република Бугарија во Македонија,
• Амбасадата на Република Туркије во Македонија,
• Коце Трајановски, поранешен градоначалник на Град Скопје,
• Тони Бојковски, координатор на Општина Гази Баба со институциите за справување со последиците од поплавите.

❤️ Во тие денови не постоеја разлики. Постоеше само една цел – да се спасуваат човечки животи, да се помогне на секое семејство и да се врати надежта таму каде што поплавата остави пустош.

🌹 Нека споменот на жртвите биде вечен, а нивната трагедија вечен потсетник дека човечноста, солидарноста и заедништвото се најсилни токму тогаш кога е најтешко.

🖤 Никогаш нема да ве заборавиме.
Никогаш да не се повтори‼️

#СеСеќаваме
#ГазиБабаПамети

Address

Arhimedova Br. 2
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 08:00 - 16:00
Tuesday 08:00 - 16:00
Wednesday 08:00 - 16:00
Thursday 08:00 - 16:00
Friday 08:00 - 16:00

Telephone

+38923226655

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Општина Гази Баба posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share