Општина Чучер-Сандево

Општина Чучер-Сандево Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Општина Чучер-Сандево, Political organisation, Општина Чучер-Сандево, Selo, Кучевиште, Skopje.

06/09/2026

Известување

Во вечерните часови се уште е во тек гаснењето на пожарот во Рамно.

Пожарот во реонот на Стенковец, на потегот од аеродромот до обиколницата, е под контрола.

Екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје, Национални шуми, Дирекцијата за заштита и спасување и АРМ, како и доброволците на ДПД Чучер-Сандево, и понатаму се на терен и деноноќно интервенираат за локализирање и гаснење на пожарот.

Во овој момент, сите населени места во Општина Чучер-Сандево се безбедни и нема опасност од ширење на пожарот кон населените места.

Апелираме до сите граѓани да останат смирени и внимателни, да ги следат насоките на надлежните служби и да се избегнува палење оган на отворен простор.

Доколку се сомневате на опасно согорување или забележите пожар, веднаш пријавете на 112.

Состојбата активно ја следиме и навремено ќе ве информираме.

06/09/2026

Важно известување до сите жители на Општина Чучер-Сандево

Екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје, Национални шуми, Дирекцијата за заштита и спасување и АРМ се на терен и активно дејствуваат на гаснењето на пожарот во Рамно.

Во гаснењето на пожарот се вклучени и хеликоптери на Дирекцијата за заштита и спасување и АРМ, кои даваат значаен придонес во гаснењето на пожарот на непристапни места.

Поради силниот ветер, чадот се шири над поголем дел од населбите во нашата општина. Сите села се безбедни и во овој момент нема опасност од ширење на пожарот кон населените места.

Апелираме до сите граѓани: Останете смирени и внимателни, однесувајте се одговорно, следете ги сите насоки на ЦУК, не кревајте паника и избегнувајте палење оган на отворен простор.

Доколку се сомневате на опасно согорување или забележите пожар, веднаш пријавете на 112.

Состојбата континуирано се следи, а сите надлежни служби се на терен.

🌿 ДОЈДЕТЕ НА САНДЕВО ФЕСТ 2026 ПОРАНО И ОТКРИЈТЕ ЈА СКОПСКА ЦРНА ГОРА!Сандево Фест е одлична причина да дојдете кај нас,...
05/09/2026

🌿 ДОЈДЕТЕ НА САНДЕВО ФЕСТ 2026 ПОРАНО И ОТКРИЈТЕ ЈА СКОПСКА ЦРНА ГОРА!
Сандево Фест е одлична причина да дојдете кај нас, но нека биде и повод да го запознаете крајот што го опкружува. ❤️
Во непосредна близина на Скопје, Општина Чучер-Сандево нуди многу повеќе отколку што можеби очекувате.
⛪ Откријте вековно духовно наследство
Посетете го манастирот „Св. Никита“, подигнат на стари темели во XIV век, прошетајте до старите светилишта во Бањане или откријте ги „Св. Архангели Михаил и Гаврил“ и „Св. Спас“ во Кучевиште. На овие простори, некои храмови со векови ја чуваат историјата на Скопска Црна Гора.
🏺 Тргнете по трагите на минатото
Кај Бразда се наоѓа монументална гробница од римскиот период, а низ општината се регистрирани бројни археолошки локалитети – остатоци од стари населби, некрополи, водоводи и траги од животот на овие простори низ различни историски епохи.
🥾 Избегајте во природа
Падините на Скопска Црна Гора се простор за прошетка, планинарење, велосипедизам и едноставно – малку мир далеку од градската врева. Шуми, ридови, чист воздух и погледи што вреди да се доживеат.
🏡 Почувствувајте го духот на селата
Бањане, Кучевиште, Побожје, Глуво, Мирковци, Бразда, Горњане, Сандево... Секое место носи свој дел од приказната – традиција, стари обичаи, локални вкусови и гостопримство што се пренесува со генерации.
📍 Затоа, кога ќе тргнете на Сандево Фест 2026, тргнете малку порано, вреди.
Прошетајте. Истражете. Запознајте ја Скопска Црна Гора.
А, вечерта – се гледаме на Сандево Фест! 🎶❤️

СООПШТЕНИЕГи известуваме сите граѓани на Општина Чучер-Сандево дека програмата за првиот ден, 11.09.2026, од САНДЕВО ФЕС...
05/09/2026

СООПШТЕНИЕ

Ги известуваме сите граѓани на Општина Чучер-Сандево дека програмата за првиот ден, 11.09.2026, од САНДЕВО ФЕСТ 2026 ќе биде изменета и вклопена во програмата за вториот ден, 12.09.2026, поради големиот верски празник Отсекување на главата на Свети Јован Крстител.

Ве замолуваме за разбирање и ви благодариме за вашата поддршка.

Во прилог можете да го погледнете новиот распоред на програмата за 12 септември.

Се гледаме на САНДЕВО ФЕСТ 2026!

Почитувани жители на Општина Чучер-Сандево,

Ве известуваме дека, поради големиот верски празник Отсекување на главата на Свети Јован Крстител, програмата на САНДЕВО ФЕСТ, предвидена за 11.09.2026 година, ќе биде променета и ќе се вклопи во програмата на 12.09.2026 година.

Содржините наменети за најмладите ќе започнат порано во текот на денот, со цел да се овозможи непречено одржување на целокупната програма.

Ве молиме за разбирање и Ви благодариме на поддршката.

Општина Чучер-Сандево

🎶 САНДЕВО ФЕСТ 2026 – ПОВТОРНО СЕ ГЛЕДАМЕ! 🎉На 12 септември, сабота, во прегратката на Скопска Црна Гора, повторно нè со...
02/09/2026

🎶 САНДЕВО ФЕСТ 2026 – ПОВТОРНО СЕ ГЛЕДАМЕ! 🎉
На 12 септември, сабота, во прегратката на Скопска Црна Гора, повторно нè собира традицијата, добрата музика, забавата и дружењето! ❤️
По четврти пат, Сандево Фест ги отвора вратите за фестивалскa вечер исполнетa со содржини за сите генерации.
🎭 Забава за најмладите
🕺 Фолклор и традиција
🎶 Македонски и регионални музички ѕвезди
🎧 DJ сетови
🍔 Храна, пијалаци и одлична фестивалска атмосфера
📍 Чучер-Сандево | Скопска Црна Гора
📅 Запиши си ги во календар 12 септември 2026, знаеш каде ќе бидеш!
👉 На само петнаесетина километри од Скопје, доволно блиску за две вечери поинакво доживување.
👉 Сандево Фест 2026 – музика, традиција и забава што нè собира заедно. ❤️
!!!Следете нè – наскоро ја откриваме програмата и артистите!!!

Сите основни училишта во Општина Чучер-Сандево се подготвени за новата учебна година.Денес започна новата учебна година ...
01/09/2026

Сите основни училишта во Општина Чучер-Сандево се подготвени за новата учебна година.

Денес започна новата учебна година - знак за нов почеток, нови знаења и нови другарства. Почетокот го одбележавме весело, со игра и забава, каде со топло добредојде ги поздравивме нашите нови првачиња, како и сите ученици кои се враќаат во училишните клупи.

Општина Чучер-Сандево обезбеди училишен прибор и потребен материјал за секое запишано прваче во основните училишта:

-ООУ „Св. Кирил и Методиј“ во Кучевиште и подрачното училиште во Побожје.
-ООУ „Александар Урдаревски“ во Сандево.
-ООУ „Михаљ Грамено“ во Блаце и подрачното училиште во Малино.

Инвестицијата во образованието е инвестиција во нашите најмлади и во нивната иднина. Сите наши деца заслужуваат најдобри услови, поддршка и можности за успех.

Учењето и дружењето се најубавиот и најлесниот дел во животот. Нашата комуникација со родителите е дека и тие се дел од образованието и со тоа ја поттикнуваат почитта на децата кон наставниците. Им посакуваме среќен почеток и многу успеси на сите наши ученици.

📚 Денес, заедно со градоначалникот Зоран Бајовски, извршивме увид во ООУ „Кирил и Методиј“ во с. Кучевиште.🔨 Во текот на...
31/08/2026

📚 Денес, заедно со градоначалникот Зоран Бајовски, извршивме увид во ООУ „Кирил и Методиј“ во с. Кучевиште.

🔨 Во текот на изминатиот период беше извршено целосно обновување на поголем број училници, во кои учениците од утре ќе можат да го продолжат своето школување во достојни и современи услови.

✅ Исто така, обезбедени се и нови учебници за сите ученици, со што придонесуваме кон поквалитетна и современа настава.

🤝 Продолжуваме да инвестираме во нашите најмлади, создавајќи средина во која се поттикнува нивниот развој и се гради нивната иднина.

Започна втората фаза од изградбата на автопатот Скопје – Блаце. Градоначалникот Зоран Бајовски учествуваше на настанот п...
27/08/2026

Започна втората фаза од изградбата на автопатот Скопје – Блаце. Градоначалникот Зоран Бајовски учествуваше на настанот поставување на камен темелникот, по повод почетокот на изградбата на автопатот Скопје – Блаце.

Автопатот Скопје – Блаце претставува значаен инфраструктурен проект кој ја поврзува нашата општина со градот Скопје и отвора нови можности за граѓаните на Општина Чучер Сандево – пократки релации, побезбедно патување и намалување на трошоците за одржување на возилата.

25/08/2026

🚨 АПЕЛ ДО СИТЕ ЖИТЕЛИ НА ОПШТИНА ЧУЧЕР САНДЕВО 🚨

Денес на територијата на Општина Чучер Сандево, поточно во атарот на Кучевишка Бара, избувна пожар.

Благодарение на брзата и пожртвувана реакција на Доброволното противпожарно друштво, вработените во Општина Чучер Сандево и ЈКП, како и на локалното население, пожарот беше ставен под контрола и беше спречено неговото понатамошно ширење.

🙏 Упатуваме голема благодарност до сите кои учествуваа во гаснењето и покажаа одговорност и солидарност.

⚠️ Во пресрет на продолжениот празничен викенд, апелираме до сите жители максимално да избегнуваат палење оган на отворено, да не палат стрништа, отпад или друга вегетација и да бидат особено внимателни при престој во природа.

🔥 Да не се палат скари и оган на отворено, освен на соодветно обезбедени места и со максимална претпазливост.

Една мала искра може да предизвика голема трагедија. Да ги заштитиме нашите шуми, природа, имоти и човечки животи!

Општина Чучер Сандево

Address

Општина Чучер-Сандево, Selo, Кучевиште
Skopje
1011

Opening Hours

Monday 08:30 - 16:30
Tuesday 08:30 - 16:30
Wednesday 08:30 - 16:30
Thursday 08:30 - 16:30
Friday 08:30 - 16:30

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Општина Чучер-Сандево posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Општина Чучер-Сандево:

Shortcuts

Share