15/08/2026
ДЕМОКРАТИ: ДАЛИ ДА "СЛАВИМЕ" ИЛИ ДА "ТАЖИМЕ"?
Почнаа прославите за 35 години независност на Македонија, кои ќе траат скоро еден месец.
Музички каравани, концерти, свечености, забави...
Ќе се потрошат милиони народни пари, а народот едвај преживува.
Всушност што точно славиме, богатството и престижот на владејачката елита или пак сиромаштијата, пропастот на народот и пустошењето на државата, во изминатите 35 години?
Славиме дека сме независна суверена држава. Но, независноста не е само знаме, химна, концертна бина, говори на лажни политички патриоти и трошење народни пари. Независноста треба да значи дека човекот што живее во оваа држава, може достоинствено да живее од својот труд, дека неговите деца имаат иднина тука, дека болниот човек ќе добие лекување, дека водата ќе биде чиста, воздухот ќе биде чист, дека земјоделецот ќе може да живее од земјата, дека работникот ќе има плата од која може да го прехрани семејството и дека никој нема да мора да биде партиски член, да има врски и да подмити, за да добие вработување во сопствената држава и да остани во својата татковина, а не да ја напушти за подобар живот и да може да живее во фер и демократски политички систем.
ШТО СТВАРНО СЛАВИМЕ?
- Дали славиме дека сме на дното во Европа и светот, со сиромаштија и низок животен стандард, со мизерни плати-најниски во Европа?
- Дали славиме дека немаме болници туку мртовечници?
- Дали славиме дека немаме лекари специјалисти?
- Дали славиме дека имаме најскапо здравство?
- Дали славиме дека пациентите од онкологија и со ретки болести чекаат и молат секој месец за лекови?
- Дали славиме дека младите и повозрасни граѓани со семејствата си заминуваат од државата и го напуштаат својот дом, затоа што не гледаат иднина во државата?
-Дали славиме дека немаме чиста вода за пиење и сме изложени на ризик по здравјето?
- Дали ја славиме епидемијата и труењето на повеќе од 5.000 граѓани на Општина Гостивар?
- Дали славиме дека немаме чист воздух за дишење?
- Дали ги славиме илјадниците депонии за ѓубре?
- Дали славиме дека Македонија е претворена во огромна депонија за ѓубре?
- Дали ги славиме катастрофите што се случи во последните 35 години (Пожарот во модиларната болница во Тетово, дискотеката во Кочани, сообраќајните несреќи, Дурмо Транс и во Бугарија, во кои загинаа повеќе од стотина луѓе)?
- Дали ги славиме напуштените градови и села?
-Дали го славиме уништеното земјоделието?
- Дали ги славиме сиромашните земјоделци кои одвај преживуваат и заминуваат од села?
- Дали славиме бездомни кучиња кои се оставени на милост и немилост од властите?
- Дали славиме дека не сме еднакви пред законот, граѓаните да плаќаат казни, глоби, а најголемите криминалци се на власт и се шетаат на слобода?
- Дали славиме промена на криминалниот Кривичен законик во корист на криминалците?
- Дали славиме дека имаме криминален Изборен законик и се спроведуваат секогаш криминални избори?
- Дали славиме криминално судство, јавно обвинителство и полиција, кои работаат во интерес на политичките и стопанските криминалци, а работаат против интересот на граѓаните и Македонија?
- Дали славиме дека имаме повеќе од 200.000 сиромашни пензионери, кои неможат да го преживеат месецот?
-Дали славиме уништена економијата, образование, здравство, животна средина, инфраструктура, култура, спорт?
- Дали славиме негрижа за болните, сиромашните, старите?
- Дали славиме опшество каде не се промовира чесноста, хуманоста, работните навики и патриотизмот?
- Стварно што да славиме кога човекот кој работи чесно цел живот не може да си дозволи нормален живот, да си купи стан или куќа, работи за "гол живот", а владејачката елита и нивните деца живеат како кралеви?
- Зар да се радуваме на партиска книшка за да имаш работа, да молчиш за да ја зачуваш работата, дали е тоа за славење?
-Дали да славиме како граѓани дека законот не е ист за сите?
И на крај што значи независност ако секој граѓанин ги нема овие елементарни права и после сето тоа, дали има чувство на гордост, достоинство и слобода во сопствената држава?
Тогаш граѓанинот не ја чувствува државата како "своја", не е слободен ,туку е "заробен" и е модерен роб во својата држава и за жал, мора да бара спас во напуштањена на татковината каде се родил.
ДЕМОКРАТИ повторно прашуваат: што направивте со оваа држава? Што изградивте за обичниот човек? Што им оставивте на идните генерации?
Секоја критика од ДЕМОКРАТИ не е напад врз некои. Напротив, тоа е љубов кон една држава и нејзиниот народ, патриотизам, а пред се храброст да кажеш дека нешто не е како што треба и што да се направи за да биде подобро, ЗА ДОБРОТО НА НАРОДОТ И ДРЖАВАТА!
ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА И НАРОДОТ!
МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА И ВЕКОВИТА!