17/08/2026
Првите договори за изградба на мали хидрелектрани во Македонија датираат од 2015 година. Според податоци добиени од Министерството за животна средина и просторно планирање до сега се дадени 49 одобренија за изградба на малихидроелектрани. Дел од овие се пуштени во комерцијална употреба, дел се пуштени во пробна работа, а со дел од концесионерите договорите се раскинати. Последна таква одука беше онаа за еднострано раскинување на договорот за концесија за изградба на мала хидроцентрала на реката Блатешница.
Во регистарот за склучени договори за експлоатација на минерални суровини достапен на веб-страницата на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини има достапни 291 скучени договори со одобрени концесии. Овие концесии се однесуваат на варовник, базалт, јагленороден двооксид (СО2), кварцит, никел, минерална вода и CO2, подземна вода, вода за пиење и останати суровини.
На Платформата развиена од Транспаренси Интернешнл- Македонија: https://integritywatch.mk/concessions.php?l=mk, може да ги погледнете сите доделени концесии за експлоатација на минерални суровини и изградба на мали хироелектрани. Во ера во која злоупотребата на природните ресурси е се поголема, отвореноста на овие податоци и обезбедување целосна транспарентност во овие области е од исклучително значење за да се следат тековите како би се избегнала можноста за судир на интереси и можно злоупотреби по доделувањето.
Integrity Watch North Macedonia