12/12/2025
Менторинг Форум 2025 во Белград ги обедини институциите, менторите и компаниите од Србија, Северна Македонија, Црна Гора, Република Српска и Јапонија, со една заедничка цел - да се истакне значењето на стандардизираниот менторинг како клучна нефинансиска поддршка за ММСП.
🎤 Компании и ментори од регионот ги споделија своите успешни приказни, а Форумот заврши со доделување сертификати за новата генерација ментори и тренери, како уште еден чекор кон посилна мрежа на поддршка.
Преку два панели, своите приказни ги претставија компании и ментори од целиот регион, вклучително и од Северна Македонија, покажувајќи како менторството создава одржлив раст, подобра организација и нови деловни можности.
Заедно градиме подобар екосистем за претприемништво 💼✨
#ПоддршкаЗаБизниси #РегионаленРазвој