Ѓоко Велковски

Ѓоко Велковски Министер за социјална политика, демографија и млади

🇲🇰 35 години независна МакедонијаДенес, присуствував на свечениот прием во Собранието по повод 8 Септември – Денот на не...
07/09/2026

🇲🇰 35 години независна Македонија

Денес, присуствував на свечениот прием во Собранието по повод 8 Септември – Денот на независноста.

Ден кој не потсетува на историската одлука на македонските граѓани да го изберат својот пат, патот на самостојна, суверена и слободна македонска држава.

По 35 години, нашата обврска е да продолжиме да ја градиме Македонија како држава со силни институции, достоинство и подобра иднина за секој нејзин граѓанин.

07/09/2026
Нова соработка за подобри социјални услугиДенес го потпишавме Меморандумот за разбирање и соработка во областа на соција...
05/09/2026

Нова соработка за подобри социјални услуги

Денес го потпишавме Меморандумот за разбирање и соработка во областа на социјалните услуги со Министерството за семејство и социјални услуги на Република Турција.

Со министерката Махинур Оздемир Гокташ договоривме продлабочување на институционалната соработка и размена на искуства и добри практики.

Фокусот се подобри услуги и поголема поддршка за семејствата, жените, децата, лицата со попреченост и постарите лица.

🇲🇰🤝🇹🇷 Заеднички работиме на унапредување на социјалната заштита и подобар квалитет на живот за граѓаните.

📌Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштитаМинистерството за социјална политика, демографија и млади ин...
04/09/2026

📌Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска 4 септември 2026 година започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец август 2026 година.

▶️Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.

▶️Исто така, и корисниците кои не користат картички од денеска ќе можат да ги подигнат своите средства во сите отворени филијали и експозитури на банките.

02/09/2026

Го решаваме проблемот со бездомниците од "Ранка Милановиќ"

ПРИЈАВИ СЕ ЗА ВТОРА НАЦИОНАЛНА МЛАДИНСКА ЛЕТНА ШКОЛАНова можност за учење, развој, дружење и создавање нови пријателства...
02/09/2026

ПРИЈАВИ СЕ ЗА ВТОРА НАЦИОНАЛНА МЛАДИНСКА ЛЕТНА ШКОЛА

Нова можност за учење, развој, дружење и создавање нови пријателства

Министерството за социјална политика, демографија и млади, во соработка со Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) и Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО), го објавува повикот за учество на Втората национална младинска летна школа.

Ако си млад/а и имаш од 15 до 29 години, ова е можност која не треба да ја пропуштиш

📍 Дојран
📅 14–18 септември 2026 година

На летната школа ќе се соберат околу 60 млади од целата земја, кои преку интерактивни активности ќе имаат можност да:

- развиваат лични и социјални вештини;
- работат во тим и создаваат нови пријателства;
- стекнат нови знаења и практични вештини;
- ги подобрат интерперсоналните односи;
- учат и се развиваат преку пристапот „Спорт за развој“.

Школата е креирана како платформа која ги поттикнува младите да бидат активни учесници и агенти на позитивни промени во општеството.

И најважно – немаш дополнителни трошоци

✅ Превоз
✅ Сместување
✅ Оброци

Се е обезбедено од организаторите.

📅 Рок за пријавување: до 6 септември 2026 година

Не ја пропуштај можноста да бидеш дел од едно ново искуство, да запознаеш млади од цела Македонија и да стекнеш знаења и вештини кои ќе ти користат и понатаму.

🔗 ПРИЈАВИ СЕ ТУКА:
https://www.mtsp.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/javni-oglasi/javen-povik-za-prijavuvanje-na-vtorata-nacionalna-mladinska-letna-skola

01/09/2026

Двојно зголемување на социјалните услуги за само 2 години

31/08/2026

Инспекциските служби при Министерството редовно вршат контрола на работењето на домовите за стари лица, со цел да се обезбедат квалитетни услуги, соодветни услови и заштита на правата и достоинството на корисниците.

Паралелно, заедно со сопствениците на приватните домови за стари лица работиме на измени и унапредување на правилникот, со цел правилата да бидат појасни, пофункционални и во најдобар интерес на лицата кои ги користат овие услуги.

За нас, грижата за старите лица значи одговорност, контрола и континуирано подобрување на системот.

Address

Skopje

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Ѓоко Велковски posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Ѓоко Велковски:

Shortcuts

Share