Агенција за oстварување на правата на заедниците

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Агенција за oстварување на правата на заедниците

Агенција за oстварување на правата на заедниците Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Агенција за oстварување на правата на заедниците, Government Official, Str. Zheleznichka No.31, Skopje.

Агенцијата за остварување на правата на заедниците е формирана со Законот за унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците кои се помалку од 20% од населението на Република Македонија, донесен на 17 јули 2008 година.

Основна цел на Агенцијата за остварување на правата на заедниците е да овозможи поголема интеграција на припадниците на заедниците, како рамноправни граѓани на земј

ата, во сите сфери на општествениот живот, но со зачувување на нивните етнички и културни особености.
Агенцијата за остварување на правата на заедниците врши надзор на спроведувањето на законите со кои се уредуваат правата на припадниците на заедниците кои се помалку од 20% од населението на Република Македонија.

Агенцијата својата работа ја усогласува со работата на Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците (орган во состав на Министерството за образование и наука) и Управа за афирмирање и унапредување на културата на припадниците на заедниците во Република Македонија(орган во состав на Министерството за култура).
Агенцијата го следи извршувањето и спроведувањето на активностите поврзани со положбата, правата, обврските и развојните можности на припадниците на заедниците.
Агенцијата соработува со невладини и други организации кои се занимаваат со правата на припадниците на заедниците, како и со општините и со свои мислења и предлози учествува во решавањето на прашањата поврзани со остварувањето на правата на припадниците на заедниците.

Правата кои ги регулира Агенцијата за остварување на правата на заедниците се право на образование на мајчин јазик, право на заштита на културниот идентитет, право на формирање на здруженија, право на вработување итн.
Сите народи имаат историска судбина да живеат поделени во повеќе држави.Тоа упатува и на реалната потреба да се разбере вистинската вредност на човековите и во таа смисла и на малцинските права.

Агенцијата за остварување на правата на заедниците официјално започна со работа на 25.11.2009 година.

05/08/2026

Положбата и актуелните предизвици со кои се соочуваат помалубројните заедници во Република Северна Македонија, како и можностите з...

05/08/2026

biznisvesti.mk - Меѓуетничкиот дијалог и правата на заедниците во фокусот на средбата со претставници на Амбасадата на САД

Во просториите на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, директорот Далибор Китановиќ оствари работна средб...
05/08/2026

Во просториите на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, директорот Далибор Китановиќ оствари работна средба со политичкиот советник во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во РС Македонија, г. Ендру Ковтун како и со г -ѓа Розита Мреношки, економски советник во Амбасадата.

На средбата се разговараше за положбата и предизвиците со кои се соочуваат помалубројните заедници во РС Македонија, како и за можностите за натамошно унапредување на нивните права преку институционална соработка.

Посебен акцент беше ставен на продлабочувањето на соработката помеѓу Агенцијата и Амбасадата на САД, преку заеднички иницијативи со цел зајакнување на општествената кохезија во македонското мултикултурно општество.

По средбата од Агенцијата изразија голема багодарност до г. Ковтун и Амбасадата на САД за конструктивниот разговор, покажаниот интерес и подготвеноста за понатамошна соработка.

Иницијатива за продлабочувањето насоработката помеѓу Агенцијата за остварување на правата на заедниците иАмбасадата на САД...

🇺🇲🇲🇰 Денес, во просториите на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, директорот Далибор Китановиќ оствари р...
31/07/2026

🇺🇲🇲🇰 Денес, во просториите на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, директорот Далибор Китановиќ оствари работна средба со политичкиот советник во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, г. Ендру Ковтун како со Г-ѓа Розита Мреношки економски советник во Амбасадата.

На средбата разговаравме за положбата и предизвиците со кои се соочуваат помалубројните заедници во Република Северна Македонија, како и за можностите за натамошно унапредување на нивните права преку институционална соработка.

Посебен акцент беше ставен на продлабочувањето на соработката помеѓу Агенцијата и Амбасадата на САД, преку заеднички иницијативи со цел зајакнување на општествената кохезија во македонското мултикултурно општество.

Благодарност до г. Ендру Ковтун и Амбасадата на САД за конструктивниот разговор, покажаниот интерес и подготвеноста за понатамошна соработка.

Во просториите на Агенција за oстварување на правата на заедниците директорот Далибор Китановиќ оствари работна средба с...
28/07/2026

Во просториите на Агенција за oстварување на правата на заедниците директорот Далибор Китановиќ оствари работна средба со Сретен Коцевски. Директорот на институтот за развој на заедницата од Тетово.

Г-дин Коцевски долги години работи со општините и заедниците на локално ниво. На обострана идеа и задоволство во наредниот период ИРЗ и АОПЗ ќе ја интензивираат соработката и ќе работат на заеднички проекти кои се однесуваат на помалубројните заедници.

Работно во Аопз, во пресрет на спроведувањето на планираните активности.
16/07/2026

Работно во Аопз, во пресрет на спроведувањето на планираните активности.

05/06/2026

Во просториите на Агенцијата за остварување на правата на заедниците се одржа работна средба помеѓу директорот на Агенцијата, г-дин Далибор Китановиќ, и претставн....

04/06/2026

Во Агенција за oстварување на правата на заедниците се оддржа уште една работилница реализирана во рамки на пилот-менторската програма за 2025–2026 година, која АОПЗ ј...

03/06/2026

Директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, г-дин Далибор Китановиќ, оствари работна средба со директорката на Управата за заштита на култур....

🇲🇰🤝🇭🇷 На покана на Хрватската Амбасадорка во Р.С.Македонија Г-ѓа Нивес Тигањ, претставници на Агенцијата за остварување ...
01/06/2026

🇲🇰🤝🇭🇷 На покана на Хрватската Амбасадорка во Р.С.Македонија Г-ѓа Нивес Тигањ, претставници на Агенцијата за остварување на правата на заедниците присуствуваа на свечениот прием организиран по повод Националниот ден на Република Хрватска, кој се оддржа во хотел "Лимак"

Македонско-хрватските односи се темелат на долгогодишно пријателство, меѓусебна почит, доверба и плодна соработка, кои претставуваат цврста основа за понатамошно продлабочување на врските меѓу двете земји.

По тој повод, упативме искрени честитки до припадниците на хрватската заедница во Македонија, посакувајќи им добро здравје, благосостојба, просперитет и успешен развој во годините што следат.

Address

Str. Zheleznichka No.31
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 08:30 - 16:30
Tuesday 08:30 - 16:30
Wednesday 08:30 - 16:30
Thursday 08:30 - 16:30
Friday 08:30 - 16:30

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Агенција за oстварување на правата на заедниците posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Агенција за oстварување на правата на заедниците:

Shortcuts

Share