Ministry of Foreign Affairs of the Republic of North Macedonia

Ministry of Foreign Affairs of the Republic of North Macedonia Official page of the Ministry of Foreign Affairs & Foreign Trade of the Republic of North Macedonia 🇲🇰

🇲🇰 Министерот Timco Mucunski денеска, заедно со владина делегација, положи цвеќе и оддаде почит пред споменикот на Никол...
02/08/2026

🇲🇰 Министерот Timco Mucunski денеска, заедно со владина делегација, положи цвеќе и оддаде почит пред споменикот на Никола Карев, Споменикот на АСНОМ и споменикот на Методија Андонов-Ченто на плоштадот „Македонија“.

Одбележан денот на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. 🇲🇰
28/04/2026

Одбележан денот на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. 🇲🇰

17/03/2026

Денес од Дубаи се реализира третиот лет од Обединетите Арапски Емирати, што воедно претставува петти организиран лет за евакуација на македонските државјани од погодените земји од Блискиот Исток. Претходно беа реализирани и летови од Шарм Ел Шеик и Ријад.

Летот е предвидено да слета попладнево на Меѓународниот аеродром во Скопје.

Со реализацијата на денешниот лет, вкупниот број евакуирани македонски државјани ќе достигне 605.

15/03/2026

✅ Информација за македонските граѓани во Обединетите Арапски Емирати.

✅ Втората група македонски граѓани евакуирани од ОАЕ пристигна во Скопје. Попладнево на Меѓународниот аеродром Скопје пр...
10/03/2026

✅ Втората група македонски граѓани евакуирани од ОАЕ пристигна во Скопје.

Попладнево на Меѓународниот аеродром Скопје пристигна втората група македонски граѓани кои безбедно полетаа од Дубаи и ја напуштија територијата на Обединетите Арапски Емирати.

Станува збор за вкупно 150 патници, од кои 125 македонски државјани, 7 државјани на Србија, 11 државјјани на Косово, 2 државјани на Босна и Херцеговина, 2 државјани на Албанија, 1 државјанин на Германија, 1 државјанин на Ерменија и 1 државјанин на Црна Гора.

Врз основа на претходно утврден план и во координација со надлежните институции, летот беше организиран од страна на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, а трошоците за неговата реализација беа целосно покриени од државата.

10/03/2026

Информации за македонските граѓани во Кралството Саудиска Арабија:

📍Ве информираме дека сите македонски граѓани кои треба да се вратат во Република Северна Македонија со специјалниот лет организиран од Владата со авиокомпанијата FlyNas, кој ќе полета од Riyadh – King Khaled International Airport, потребно е да бидат присутни на аеродромот на 11 март 2026 година, во 17:00 часот по локално време во КСА, на Терминал 1.

📍Ги замолуваме сите патници да пристигнат навремено на аеродромот, со цел непречено завршување на процедурите пред поаѓањето на летот.

10/03/2026

Информации за македонските граѓани во Кувајт:

📍Ве информираме дека ноќта во вторник спрема среда, односно на 10 март во 12:00 часот (полноќ) со организиран превоз со автобус на Флајнас ќе се поаѓа од Kuwait Riyadh – King Khaled International Airport од каде со специјален лет организиран од страна на Владата на Македонија ќе се вратите во нашата земја.

📍Локација на патување од Кувајт

📍https://maps.app.goo.gl/G6Xy6JT5cJKg7DHQ7?g_st=aw

Име на возач: Muhamed Hamkan
Број на возачот: +973 3677 6373

10/03/2026

Информација за македонските граѓани во Бахреин:

📍Информираме дека во среда, на 11 март во 06.00 часот наутро, ќе поаѓа автобус на Flynas од Bahrein (Manama) za Riyadh – King Khaled International Airport од каде со специјален лет организиран од владата на Македонија ќе се вратите во нашата земја.

📍Локација на поаѓање од Manama/ Bahrein со автобус:

📍https://maps.app.goo.gl/mvgrL9SoP6LzwD4E6?g_st=awb

Име на возач: Hussain Barri
Број на шофер: +973 3770 5066

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека првата група македонски државјани, евакуирани о...
05/03/2026

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека првата група македонски државјани, евакуирани од територијата на Израел, кои по копнен пат се упатија кон Египет, попладнево со владин авион безбедно слетаа во Скопје.

Евакуацијата беше реализирана во координација со надлежните институции и со поддршка на дипломатско-конзуларните претставништва, при што организацијата на транспортот од Тел Авив до Шарм ел-Шеик, како и организацијата на владиниот лет до Скопје, целосно беше обезбедена од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

На Меѓународниот аеродром Скопје, евакуираните граѓани ги пречека заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски.

Министерството и понатаму останува во континуирана комуникација со македонските државјани кои се наоѓаат во погодените региони и продолжува со активностите за нивно безбедно и навремено враќање во државата. Се очекува во наредните денови да биде заокружен процесот на евакуација и на останатите лица кои изразиле подготвеност за извлекување.

03/03/2026

‼️ Известување за македонски граѓани кои се наоѓаат на територија на Обединетите Арапски Емирати.

Address

Boulevard "Filip Vtori Makedonski" 7
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Ministry of Foreign Affairs of the Republic of North Macedonia posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share